Тардивна дискинезија
Тардивна дискинезија (TD) е нарушување кое резултира со неволни, репетитивни телесни движења, кои може да вклучуваат правење на гримаси, плазење на јазикот, или мласкање со усните.[1] Кај околу 20% од луѓето со TD, нарушувањето го попречува секојдневното функционирање.[2]
Тардивна дискинезија се јавува како резултат на долготрајна употреба на допамински блокатори како антипсихотици и метоклопрамид.[1][3] Овие лекови се користат при разни психички растројства но се користат и кај гастроинтестинални и невролошки заболувања.[1] Состојбата вообичаено се јавува после долготрајна примена од неколку месеци и години.[1][2] Дијагнозата се поставува врз основа на симптомите после исклучување на други потенцијални причинители.[1]
Превенцијата на оваа состојба вклучува примена на најниска доза или прекинување на невролептикот.[2] Третманот вклучува прекинување на невролептикот доколку е возможно или замена со клозапин.[1] Други лекови како валбеназин, тетрабеназин, или ботулински токсин може да ги олеснат симптомите.[1][4] Со третманот, некои од симптомите исчезнуваат, додека некои не.[1]
Стапката на појава на тардивна дискинезија кај пациенти кои примаат атипични антипсихотици е околу 20%, додека кај оние на типични антипсихотици е околу 30%.[5] Ризикот за стекнување на оваа состојба е повисок кај постари лица,[2] кај жени, како и кај пациенти со нарушувања на расположението и/или пациенти третирани со антипсихотични лекови.[6] Терминот „тардивна дискинезија“ прв пат бил употребен во 1964 година.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 „Tardive dyskinesia“. rarediseases.info.nih.gov (англиски). 1 June 2017. Архивирано од изворникот 18 June 2017. Посетено на 10 June 2017.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Vijayakumar, D; Jankovic, J (May 2016). „Drug-Induced Dyskinesia, Part 2: Treatment of Tardive Dyskinesia“. Drugs. 76 (7): 779–87. doi:10.1007/s40265-016-0568-1. PMID 27091214. S2CID 13570794.
- ↑ „Tardive Dyskinesia“. NORD (National Organization for Rare Disorders). 2015. Архивирано од изворникот 28 August 2017. Посетено на 11 June 2017.
- ↑ „Tardive Dyskinesia Information Page“. National Institute of Neurological Disorders and Stroke. Архивирано од изворникот 2017-07-04.
- ↑ Carbon, M; Hsieh, CH; Kane, JM; Correll, CU (March 2017). „Tardive Dyskinesia Prevalence in the Period of Second-Generation Antipsychotic Use: A Meta-Analysis“. The Journal of Clinical Psychiatry. 78 (3): e264–e278. doi:10.4088/jcp.16r10832. PMID 28146614.
- ↑ Lynn, D. Joanne, Newton, Herbert B. and Rae-Grant, Alexander D. eds. 5-Minute Neurology Consult, The. 2nd Edition. Two Commerce Square, 2001 Market Street, Philadelphia, PA 19103 USA: Lippincott Williams & Wilkins, 2012. Books@Ovid. Web. 03 December, 2020