Тамерланов законик
Тамерлановиот законик е законик на освојувачот Тамерлан или Тимур. Во него биле наведени правила за однесување на членовите на општетсtвото, како и должностите на управниците и властите. Со него биле регулирани управувањето со војската и државата. Кога Тимур се именувал за голем емир, од сите побарал лојалност и верност. Тој на високите позиции именувал 315 луѓе кои биле со него на почетокот на неговата кариера и се борел со него, рамо до рамо. Првите стотина ги поставил за управници (надзорници), вторите стотина ги поставил за сотници, а стотина биле поставени за хилијарси. Од преостанатите, петнаесетмина биле назаначени за бегови, еден бил поставен за врховен емир, а останатите биле поставени на други високи функции. Пред законот, сите биле еднакви, вклучително и емирот [1].