Тамаш Кулчар
Тамаш Кулчар (унгарски: Tamás Kulcsár роден на 13 октомври 1982 во Дебрецен) — унгарски фудбалер кој во моментов игра за ФК МТК.
Лични информации | |||
---|---|---|---|
Целосно име | Тамаш Кулчар | ||
Висина | 1.85 м (6 ст 1 ин) | ||
Положба | напад | ||
Клупски информации | |||
Тековен клуб | ФК МТК | ||
Број | 70 |
Клупска кариера
уредиДебрецен
уредиКулчар стана шампион во сезоната 2009-2010 г. на Унгарската лига со Дебрецен и покрај тоа што неговиот тим загуби од Кечкемети во последниот натпревар.[1] Во 2010 година Дебрецен го победи Залаегершег во финалето на Унгарскиот куп на стадионот Ференц Пушкаш со 3-2.[2]
На 1 мај 2012 Кулчар го освои Унгарскиот куп со Дебрецен, победувајќи го ФК МТК на пенали во сезоната 2011-2012. Ова беше петти унгарски куп трофеј за Дебрецен. [3]
На 12 мај 2012 Кулчар ја освои титулата на Унгарската лига со Дебрецен откако го победи Печ во 28. коло од Унгарската лига со 4-0 на стадионот "Олах Габор", што резултираше со шестата титула на Унгарската лига за Хајдус . [4] [5]
Почести
уредиДебрецен
- Унгарска лига (2): 2010 , 2012
- Унгарски куп (2): 2010 , 2012
Наводи
уреди- ↑ „Season review: Hungary“. UEFA. 9 July 2010.
- ↑ „Debrecen complete double with Hungarian Cup“. UEFA. 26 May 2010.
- ↑ „Debrecen lift cup after shoot-out success“. UEFA.com. 2 May 2012. Посетено на 2 May 2012.
- ↑ „Debrecen 4-0 Pécs“. UEFA.com. 12 May 2012. Посетено на 13 May 2012.
- ↑ „Debrecen crowned champions of Hungary“. UEFA.com. 12 May 2012. Посетено на 13 May 2012.