Тажен старец
Тажен старец ('At Eternity's Gate') е една од поистакнатите слики на холандскиот уметник Винсент ван Гог[1].
Творец | Винсент ван Гог |
---|---|
Година | 1890 |
Димензии | 80 см × 64 см |
Место | Музеј Крилер-Милар, Отерло |
Сликата е создадена во 1890 година во Сен Реми во Прованса врз основа на негова поранешнаа литографија.
Сликата била завршена на почетокот на мај во време кога тој закрепнувал од тешката болест, два месеци пред неговата смрт[2].
Сликата е создавана со брзи, снажни потези, со густо нанесена боја. Некои ја сместуваат во постимпресионистичкиот стил, но како и во сите негови дела, тој е автентичен, оригинален, тешко дека може да биде сместен така лесно и компаративно во некаков стил, тој е секогаш оригинален и не припаѓа на ниедна школа, правец, влијание. Неговите пораки се директни, снажни, емотивни и духовно длабоки. Во ова дело, Ван Гог, не само што продрел во психологијата на ликот, тој ја изнесол на некој начин својата длабока меланхолија, осаменост, напуштеност и аскетска посветеност на творештвото. Сликата остава силен впечаток врз гледачот, затоа што е директна, уметнички снажна и искрена.
Згрченоста на старецот, неговата вовлеченост во тегобноста е еден вид на внатрешна реминисценција на авторот кој само неколку месеци пред смртта, ја опишува длабоката осаменост, напуштеност, замолкнатост пред крајот од животот[3].
Наводи
уреди- ↑ „At Eternity's Gate: Vincent van Gogh on God and Eternity“. Архивирано од изворникот на 2020-10-30. Посетено на 2020-10-27.
- ↑ „At Eternity's Gate, 1890 by Vincent Van Gogh“. Архивирано од изворникот на 2020-10-31. Посетено на 2020-10-27.
- ↑ [ https://www.theculturium.com/julian-schnabel-at-eternitys-gate/ The vision of Vincent van Gogh]