Таблатура за тапани

Таблатурата за тапан, попозната како тапани таб, е форма на поедноставена нотација за перкусии, или таблатура на ударни инструменти. Наместо траење на нотите што обично се гледаат на партитури, таблатурата за тапан користи пропорционално хоризонтално поставување за да означи ритам и вертикално поставување на серија линии кои го претставуваат секој засебен дел од тапаните, со цел да се диференцира на кој треба да се удира. Таблатурите честопати ги отсликуваат шемите за тапаните.

Клуч или легенда уреди

Бројот на линии во одредена таблатура ќе варира во зависност од бројот на различни тапани што се користат за време на одреден дел од музиката. Подолу е пример за базичен комплет тапани.

 CC| - Креш чинела --|[1]
 HH| - Фус ----------|
 Rd| - Рајд чинела --|
 SN| - Добош --------|
 Т1| - Висок том --- |
 Т2| - Низок том --- |
 FT| - Тимпан -------|
 BD| - Бас-тапан --- |
 Hf/FH|-Hi-hat-w/foot|

Техники уреди

Таблaтурата може да користи разни букви и симболи за да означи различни типови на чинели или други техники за тапан. Ова се таблатурните симболи кои претставуваат различни техники, иако овие можат да бидат различни:

Чинели уреди

 |-х-| Удар на чинела или фусот
 |-X-| Удар на фус или силен удар на креш
 |-о-| Отворен фус
 |-#-|(Фатете ја чинелата со рака откако ќе ја удрите)
 |-с-| 
 |-в-| 
 |-б-| Of ride
 |-х-| Притиснете го фусот со нога

Тапани уреди

 |-о-| Удар
 |-О-| Акцент
 |-g-| 
 |-f-| 
 |-д-| 
 |-б-| Меки удари со една рака 
 |-Б-| Акцентиран roll со една рака
 |-@-|

Пример уреди

Подолу е пример за ритам-шема карактеристична за популарна музика, вклучително и рок, претставена во стандардна нотација, а потоа и нејзината соодветна табулатура.

 

B = Бас тапан HH = Фус S = Добош

HH|x-x-x-x-x-x-x-x-||
 S|----o-------o---||
 B|о-------о-------||
   1 + 2 + 3 + 4 +

Користена литература уреди

  1. „How to Read DrumTabs - DRUM TABS“. www.drumtabs.org.