Сјаен синец
Сјаен синец
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Lepidoptera
Семејство: Lycaenidae
Род: Plebejus
Вид: P. argyrognomon
Научен назив
Plebejus argyrognomon
(Bergsträsser, 1779)
Синоними
  • Plebeius argyrognomon
  • Polyommatus argyrognomon
  • Plebejus aegus (Chapman, 1917)

Сјајниот синец (Plebejus argyrognomon) е пеперутка од видот на пеперутки синци. Пеперутката ја има и во Македонија.

Подвидови

уреди

Подвидовите на пеперутката се:[1]

  • Plebeius argyrognomon argyrognomon Korb & Bolshakov, 2011
  • Plebejus argyrognomon buchara (Forster, 1936)
  • Plebejus argyrognomon caerulescens (Grum-Grshimailo, 1893)
  • Plebejus argyrognomon danapriensis (Stempfer-Schmidt, 1932)
  • Plebejus argyrognomon euergetes (Stauder, 1914)
  • Plebejus argyrognomon letitia (Hemming, 1934)
  • Plebejus argyrognomon praeterinsularis (Verity, 1921)
  • Plebejus argyrognomon anceps Churkin, 2004

Распространетост

уреди

Пеперугата може да се најде во Средна Европа, Јужна Европа, Кавказот, Сибир па сè до Монголија.[1] Овој вид претпочита тревни и цветни површини од 200 до 1500 метри надморска висина.[2]

Опис

уреди

Пеперугата има распон на крилја од 28 до 34 мм. Овој вид има разлики помеѓу машки и женски пол. Горната страна кај мажјаците е сина, со кафени рабови. Телото е црно, а во иста боја се и антените. Женките се кафени, со сино тело. Покрај рабовите има и жолти дамки. Долната страна кај двата пола е слична, односно кремаста по боја, со редови од црни и портокалови дами во различна форма и број. Има и црна бордура покрај рабовите на крилјата.[3]

Биологија

уреди

Видот има две генерации годишно од мај до август, во зависност од локацијата.Ларви се хранат со Coronilla varia, Securigera varia, Trifolium repens, Melilotus officinalis, Medicago sativa, Lotus corniculatus, Onobrychis viciifolia, Vicia sativa и Astragalus glycyphyllos.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Funet
  2. Simon Coombes Captain's European Butterfly Guide Архивирано на 22 јули 2019 г.
  3. Butterflies and Moths DK Pocket Nature

Надворешни врски

уреди