Субдурален емпием

Субдурален емпием е форма на емпием - насобирање на гној, во т.н. субдурален простор.

Субдурален емпием

До формирање на субдурален емпием може да дојде при бактериски инфекции, или портеко, инфекции со габи во коските на черепот, кои се прошируваат и достигаат до мозочните обвивки. Обично, субарахноидалниот простор не е зафатен во случај на субдурален емпием, но насобирањето на гној во субдуралниот простор може да предизвика масовен ефект со компримирање (притиснување) на мозочното ткиво. Друга компликација која може да се јави е воспаление на премостувачките вени (вените кои ги поврзуваат површинските мозочни вени со венските синуси) кои минуваат низ субдуралниот простор, познато како тромбофлебитис, што доведува до зачепување на венскиот крвен сад и до инфарцирање на мозочното ткиво. Третманот на субдурален емпием вклучува, меѓу другото, хируршко дренирање на емпиемот (гнојот) - во случај на целосно отстранување, обично се јавува задебелување на тврдата мозочна обвивка (дура) како единствена последица. Симптомите вклучуваат општи знаци на инфекција како висока температура, омалаксаност, главоболка, вкочанет врат (менингизам). Покрај тоа, некои пациенти развиваат и други невролошки знаци. Во анализата на цереброспиналната течност параметрите се слични како кај мозочен апсцес, бидејќи и двете состојби се параменингеални инфективни процеси. Ако дијагнозата и третманот се отпочнат навреме, вообичаено доаѓа до целосно закрепнување.

Субдурален емпием најчесто се јавува во детството. [1] Може да се јавува во поврзаност со синузитис. [2]

Наоди

уреди
  1. „Subdural empyema in center“. J Microbiol Immunol Infect. 41 (1): 62–7. February 2008. PMID 18327428. Архивирано од изворникот на 2009-08-31. Посетено на 2024-02-10.
  2. „Subdural empyema as a complication of sinusitis in the pediatric population“. Int. J. Pediatr. Otorhinolaryngol. 70 (9): 1581–6. September 2006. doi:10.1016/j.ijporl.2006.04.007. PMID 16777239.