Студентски пленум

Студентски пленуммакедонска студентска иницијатива за одбрана на правата на студентите која се залага за поквалитетно образование, а се бори против неправедноста и партиските влијанија. Иницијативата се појавила кон крајот на 2014 година по најавата за воведување на екстерно оценување, а подоцна преименувано во државен испит, од страна на Владата на Македонија, како и низа други измени во Законот за високо образование, кој според движењето силно го крши членот 46 од Уставот на Македонија, во кој се гарантира автономија на универзитетите.

Една од главните одлики на Студентскиот пленум е нејзината хоризонтална поставеност, односно, во оваа организација нема водач, секој студент кој има желба може да се приклучи и рамноправно да учествува во него. Важно е секој да пристапи како поединец, без никакви партиски влијанија.

За кратко време ова движење го привлече вниманието на македонската јавност, откако беа организирани три големи протести каде што учествуваа и над 10.000 студенти. Ова студентско движење за првпат во историјата на Македонија, во знак на протест, ги окупираше факултетите во Скопје, каде што студентите се вселија и со денови преноќуваат таму.

Надворешни врски уреди