Стина Волтер
Стина Маргарета Улрика Волтер (родена на 24 мај 1964 година) е шведска уметница, телевизиска презентерка и авторка. Таа е ќерка на глумецот Свен Волтер.
Волтер работи најмногу како уметник, но исто така се занимава и со илустрација, говорништво и радио презентирање.[1] Таа ја претставувала радио емисијата Söndagarna med Stina Wollter на P4 Стокхолм за Sveriges Radio.[2] Таа ја имала претставено и радио емисијата Карлавагнен.[3] Таа се натпреварувала во шоуто SVT På spåret заедно со нејзиниот татко. Таа исто така настапувала со музика во 2014 година, го основала бендот Стина Волтер Бенд кој свири кантри-музика, а нејзиниот сопруг Мике Олсон Волтер свири на гитара.[4]
Волтер студирала во KV Konstskola, уметничко училиште во Гетеборг помеѓу 1980 и 1981 година, и Konstindustriskolan помеѓу 1981 и 1983 година.[1] Потоа студирала уметност на Nordiska konstskolan во Финска помеѓу 1983 и 1984 година, а помеѓу крајот на 1984 и 1987 година на Gerlesborgsskolan во Бохуслан.[5]
Таа се натпреварувала во танцувачкото шоу на славните личности Let's Dance 2017 емитувано на ТВ4.[6]
Филмографија
уреди- 1983 – Профитерерна
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Thunberg, Karin. „Stina Wollter: "Som att stå naken på ett torg"“ (шведски). Посетено на 4 April 2017.
- ↑ „Om programmet - Söndagarna med Stina Wollter“ (шведски). Sveriges Radio. Посетено на 4 April 2017.
- ↑ „Stina Wollter: Det pågår ett krig mot människokroppen!“ (шведски). Sveriges Radio. Посетено на 4 April 2017.
- ↑ Gunnarsson, Lars (24 August 2014). „Stina Wollter Band i Tegelsmora“. Upsala Nya Tidning (шведски). Архивирано од изворникот на 2018-07-10. Посетено на 4 April 2017.
- ↑ „Stina Wollter - "Systema ignotum"“ (шведски). Архивирано од изворникот на 2018-08-31. Посетено на 4 April 2017.
- ↑ „Stina Wollters stora stöd i stressen: "Jag är sliten"“. Expressen (шведски). Посетено на 4 April 2017.
Надворешни врски
уреди- Стина Волтер на Ризницата ?
- Официјална веб страна Архивирано на 19 ноември 2021 г.