Степански манастир
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Св. Димитриј — манастир во близина на селото Степанци, Велешко.
Овој манастир бил подигнат многу одамна, од страна на две сестри, чии черепи подоцна биле пронајдени под манастирот и за да им се оддаде почит биле ставено во стаклено ѕвоно, кое сега се наоѓа внатре во манастирот.
На влезот од овој манастир е напишана историјата за неговото основање и за двете сестри. во дворот на манастирот се наоѓа конак, каде што претојуваат постарите лица и најмладите, кога се доаѓа на 28 август секоја година, на Света Богородица. Додека сите останати спијат на ќебиња веднаш до манастирот. Се мисли дека ако поминеш една ноќ под ведро небо кај овој манастир целата година ќе ти биде бериќетна и здравјето ќе ти биде добро.
Во средината на селскиот двор се собираат луѓето и заедно го прославуваат овој празнк преку игрње и музика, сè до раните утрински часови.
Манастирот, исто така, има и кујна каде што се готви јадењето за дојдените луѓе, како и менза и одаја каде што е попот.
пред портите на овој манстир се наоѓа чешма, додека погоре од манастирот, во шумата се наоѓа голем камен низ кој има мала шуплина, налик на тунел, за кој има мислење дека ако поминеш низ него ќе имаш добро здравје цела година, но овој така наречен тунел е со пречник од околу 50–60 cm и само најтенките можат да поминат низ него.