Стеван Митревски
Стеван Танасков Митревски (8 март 1923 во Журче, демирхисарско — 26 ноември 1944 во Охрид) македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиСтеван Танасков Митревски бил роден на 8 март 1923 година во селото Журче кај Демир Хисар. По занимање бил земјоделец. Кон НОБ се приклучил доброволно на 15 септември 1944 година. Бил дел од Петтата македонска бригада. Загинал на 26 ноември 1944 година во борбите против германците во близина на Охрид.[1]