Старец (кактус)
Старецот (Cephalocereus senilis) е име на кактус од видот правоиздигнати кактуси (Cephalocereus). Кактусот е ендемски во сојузните држави Гванахуато и Идалго во Мексико. Овој вид на кактуси е под сериозна опасност од исчезнување во природната средина поради котролираното одгледување и потрошувачка како украсно растение.
Старец (кактус) | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Cephalocereus |
Вид: | Старец (кактус) |
Научен назив | |
Cephalocereus senilis (Haw.) Pfeiff. |
Опис
уредиСтарецот е високо, столбесто растение. Кактусот може да расте од 5 до 15 метри. Стеблото најчесто нема гранки, бидејќи не може соодветно да ја издржи страничната тежина. Највпечатлива одлика кај овој кактус е растресените долги бели влакна, налик на волна. Оваа „волна“ е особено забележителна кај младите примероци. Како што старее, влакната опаѓаат. Цветовите се црвени, жолти или бели. Кактусот може да нема цветови првите 10 или 20 години. Влакната се изменети боцки и тие го штитат кактусот од смрзнување или преголема жештина. Под белата прекривка има остри помали боцки, најчесто жолтеникави.
Одгледување
уредиКактусот е доста популарен вид за одгледување како украсно растение. Тоа се должи поради неговиот бел изглед. Овој кактус сака добро дренирана почва, посува и од другите кактуси.
Наводи
уреди- ↑ Guadalupe Martínez, J.; Sánchez , E. & Bárcenas Luna, R. (2013). „Cephalocereus senilis“. Црвен список на загрозени видови. 2013: e.T152158A604029. Посетено на 25 February 2020.
Надворешни врски
уреди„Старец (кактус)“ на Ризницата ? |
- Mauseth Research Архивирано на 19 мај 2016 г.
- Гванахуато ботаничка градина
- Американска ботанича градина Архивирано на 7 април 2012 г.
- Фотографии