Стампедо во Пном Пен (2010)

(Пренасочено од Стампедото во Пном Пен)

Стампедото во Пном Пен се случило на 22 ноември 2010 година за време на одбележувањето на празникот на водата, при кое загинале најмалку 349 луѓе а над 400 биле повредени во главниот град на Камбоџа, Пном Пен.

Стампедо во Пном Пен (2010)
Дата ноември 22 2010 (2010-11-22)
Време 21:30 локално
Место Пном Пен, Камбоџа
Повредени 400
Жртви 349

Како што било соопштено од агенцијата АП, во несреќата која се случила на мостот кој го поврзува Пном Пен и малиот остров Дајмонд Ајланд, каде се одржувале свеченостите, неколку стотици луѓе се повредени. Повеќе од милион луѓе биле излезени на улиците во престолнината на Камбоџа на тридневната свеченост, чија главна атракција била традиционалната трка со бродови на реката Тонтле Сап.[1][2][3]. Стампедото се случило во последниот ден на свеченоста, по последната трка, кога настанал метеж на мостот на кој во еден момент кога се нашле голем број луѓе. [4]

Наводи

  1. „Cerca de 340 muertos en una estampida en la capital de Camboya“, La Vanguardia, 22 November 2010, Архивирано од изворникот на 2011-01-03, Посетено на 2010-11-23.
  2. Scores dead in stampede at Phnom Penh water festival, France24, 22 November 2010.
  3. Scores killed in Cambodia festival stampede, BBC News, 22 November 2010.
  4. [1][мртва врска]