Стадион Пловдив — повеќенаменски стадион кој се наоѓа во Пловдив, Бугарија. На овој стадион своите домашни натпревари во минатото ги играле ФК Ботев, ФК Локомотив, ФК Марица и ФК Спартак.

Стадион „Пловдив“
Целосно име Стадион Пловдив
Место Пловдив, Бугарија
Координати 42°08′59″N 24°43′11″E / 42.14972° СГШ; 24.71972° ИГД / 42.14972; 24.71972
Изграден 1950
Отворен
Реновиран 1991
Проширен 1962
Сопственик
Подлога трева
Поранешни имиња „9 септември“
Игра ФК Ботев
ФК Локомотив
ФК Марица
ФК Спартак
Гледачи 55,000

Стадионот бил изграден во 1950 година под името „9 септември“. Во 1962 година бил проширен, додека во 1991 година е започнато амбициозно реновирање кое не е завршено заради недостаток на средства. Денес е запуштен, без лиценца од УЕФА. На него повремено се играат второкласни натпревари, претежно на јуниори. Стадионот има сместивост од 55,000 гледачи, што го прави најголем во Бугарија.