Стадион Генерал Сејни Кунче
Стадионот Генерал Сејни Кунче | |
---|---|
СГСК | |
Поранешни имиња | Стадион 29 Jули (-1987) |
Место | Булевар ду Зармаганда и Авенија ду Мали Беро П.Б. 11614 Нијамеј, Нигер |
Отворен | 1989 |
Реновиран | 1999 |
Сопственик | Владата на Нигер |
Игра | Фудбалска репрезентација на Нигер Сахел Олимпик Ниамеј Замунта ЖС Тенере |
Гледачи | 35 000 |
Стадионот Генерал Сејни Кунче (СГСК)[1] — повеќенаменски стадион во Нијамеј, Нигер. Се користи за фудбалски натпревари, тој е дом на фудбалската репрезентација на Нигер,[2] како и на клубовите од Премиер лигата на Нигер Сахел, Олимпик Ниамеј, Зумунта и ЖС Тенере, како и клупските натпреварувања како што е Купот на Нигер. Стадионот понекогаш го користи и рагби унијата. Тој е најголемиот стадион во Ниамеј, покрај општинскиот стадион Стаде со сместивост од 10.000 луѓе.
Преглед
уредиСтадионот е домаќин и на меѓународни атлетски турнири и на финалиња на националните атлетски натпревари.[3] Стадионот има сместивост од 35.000 луѓе.[1] Именуван е по воениот претседател на Нигер од 1974-1987 година, Сејни Кунче по неговата смрт. Отворен во 1989 година на местото на поранешниот Стадион 29 Јули, тој бил подложен на големо реновирање и проширување финансирано од кинеската влада во комплекс за повеќенаменска употреба во 1999 година. Тој е во сопственост на владата на Нигер, а управуван е од назначено директорство и „Совет за администрација на стадионот“ (француски:„Conseil d'Administration du Stade“).[4]
Употреба
уредиГолемиот атлетски стадион е дел од поголем повеќенаменски комплекс, вклучувајќи ја затворената арена „Спортската палата“ со 3000 седишта,[1] Академијата за боречки вештини со 2.000 седишта,[1] како и простории за изведби, триесет сали за состаноци и простории за атлетски тренинзи.[5] Комплексот опфаќа и објекти за атлетика, кошарка, ракомет и тенис. Тој бил центар на неодамнешните големи културни и спортски настани, како што се Франкофонските игри во 2005 година и првите ЦЕН-САД Игри во 2009 година.[6][7] За големи настани како што се овие, стадионот е дополнет со локални објекти како што се општинскиот стадион Нијамеј, реакреативниот летен центар БЦЕАО, тренинг центарот на Нигерската фудбалска федерација, воениот стадион на АСФАН во армиската база Багаги Ија и терените на локалните институции како што сеː Гимназијата Ла Фонтен (Нијамеј), спортскиот центар на Универзитетот Абду Мумуни Диофо, и терените во техничкото средно училиште Иса Бери.[7] Во близина на комплексот на стадионот се наоѓа тркачката патека Нијамеј и традиционалната спортска арена Нијамеј, која што е дом на нигерското традиционално борење. Комплексот СГСК редовно се користи за политички настани, изложби и културни активности.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Forum Social Africain: Niamey 2008 organizing committee, Methodology . [мртва врска]
- ↑ Suspension de la FENIFOOT : Sacrifiés à l’école de Machiavel[мртва врска] [мртва врска]. Haské (Niamey) 5 November 2004
- ↑ Championnat scolaire 2009 : les compétitions se poursuivent au stade général Seini Kountché de Niamey Архивирано на 20 февруари 2012 г.. Oumarou Moussa, le Sahel. 24 March 2009.
- ↑ Interview de Monsieur Adamou Imirane Maïga, Directeur Général du Stade Général Seyni Kounché Архивирано на 20 ноември 2008 г.. Abdou Tikiré Tamaské. Alfani FM, "Journal Anfani". June 1999 [{{{1}}} Архивирано] на 20 ноември 2008 г.
- ↑ 5ÈMES JEUX DE LA FRANCOPHONIE Les Sites des jeux Concours Culturels[мртва врска] [мртва врска]. Haské (Niamey) 25 May 2005.
- ↑ PROGRAMME GENERAL DES COMPETITIONS DES 1ERS DE LA CEN SAD[мртва врска] [мртва врска]. jeuxcensad.net
- ↑ 7,0 7,1 Première édition des Jeux de la CEN-SAD à Niamey - Sports/neuf disciplines sportives au programme Архивирано на 20 февруари 2012 г.. Oumarou Moussa, le Sahel. 30 January 2009.
Надворешни врски
уреди- Фотографии на cafe.daum.net/stade
- Фотографии Архивирано на 14 април 2015 г. на worldstadiums.com.
- Фотографии на fussballtempel.net