Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Срцев мускул (латински-myocardium) е неволево, напречно пругасто мускулно ткиво кое се наоѓа во ѕидовите на хистолошката градба на срцето срцето, поточно во миокардиумот. Срцевиот мускул е еден од трите најголеми типови на мускули, други типови на мускулни се скелетено, напречно пругасто и мазно мускулно ткиво. Овие три типа на мускули се формирааат во процесот на миогенеза. Клетките кои го градат срцевиот мускул, се наречени кардиомиоцити или миокардиоцити, претежно имаат само едно јадро, иако постои и популација со две до четири јадра. Миокардиумот е срцево мускулно ткиво, и формира тенок средиштен слој помеѓу надворешниот слој епикардиуми и внатрешниот слој ендокардиум.

Срцев мускул
Cardiac muscle
Cardiac muscle tissue is only found in the heart.
Податоци
Назнаки
ЛатинскиTextus muscularis striatus cardiacus
TAA12.1.06.001
FMAFMA:9462
An isolated cardiac muscle cell, beating

Координираните мускулни контракции од срцевите мускулни клетки во срцето ја пумпаат крвта надвор од срцевата предкомора и комора до крвните садови и преку нив до респираторниот систем и останатиот дел од телото. Овој комплексен механизам ја објаснува систола на срцето.

Срцевите мускулни клетки, за разлика од останатите ткива во човечкиот организам, се потпираат на слободно крвно и електрично снабдување со цел да се достави кислород и хранливи материи и да се отстранат штетните материи како јагледород диоксид. Коронарната циркулација каротидни артерии помага за целосно достигнување на оваа функција.

Содржина

уреди
 
Cardiac muscle
 
Intercalated discs are part of the cardiac muscle sarcolemma and they contain gap junctions and desmosomes.
 
3D rendering showing thick myocardium within heart wall.
Исто како и скелетните мускули,примарната структура на белковините на срцевиот мускул е од актин и миозин.Актинските филаменти се тенки,кои ја предизвикуваат светлата линија И-линија во напречно-пругастите мускули, за разлика миозинските филаменти се подебели, ја предизвикуваат потемна линија на А-линија гледано на електронски микроскоп.

Т-тубули

уреди

Друга разлика помеѓу срцевиот мускул и скелетните мускули е во тоа што Т-тубулите во срцевиот мускул се поголеми и пошироки и се наоѓаат веднаш до З-дискот.Во споредба со скелетните мускули иа повеќе Т-тубули. Дијадите се структури во срцевите миоцити сместени во З-линијата од саркомерите. Се состои од еднаТ-тубула која оди заедно со цистерна од саркоплазматскиот ретикулум.Дијадите играат важна улога во мускулната контракција во спротивставување на влез на дејствен потенцијал близу до извор на Ca2+ јони. На овој начин процесот на деполаризација ќе биде придружен со калциум,предизвикува лизгање на филаментите.Срцевиот мускул ги формира овие наместо тријадите кои се формираат помеѓу саркоплазматскиот ретикулум во скелетните мускули и Т-тубулите.Т-тубулите играат важна улога во мускулната контракција.

Интеркалатни дискови

уреди

Срцевиот синцициум е мрежа од кардиомиоцити меѓусебно поврзани преку интеркалатни дискови,кои овозможуваат прз пренос на електрични импулси низ мрежата од кардиомиоцити, овозможувајќи му на синцициумот да дејствува со координирани контракции на миоцардиумот. Присутни се и преткоморен синцициум и коморен синцициум кои се поврзуваат преку срцеви мускулни влакна.Електричниот отпор низ интеркалатните дискови е многу низок со што се овозможува слободно ширење на јони.

Лесното движење на јоните по срцевото мускулно влакно се остварува така што аккцискиот потенцијал може да патува од една срцева мускулнна клетка на друга без притоа да се соочи со некаков отпор.

Интеркалтните дискови се комлексни структури кои ги поврзуваат самите кардиомиоцити за електрохемискиот синцициум.Дисковите се одговорни за пренос н сила за време на мускулната контракција.Интеркалатните дискови содржат три различни типови меѓуклеточни врски:актинските филаменти -адхерентни врски,интермедиарни филаменти-десмозоми и гап врски. Ти овозможуваат актинските белковини да се шири помеѓу срцевите клетки со што се дозволува премин на јони помеѓу клетките,предизвикувајќи деполаризација на срцевиот мускул.

Гледано под светосен микроскоп,интеркалатните дискови се гледаат како како тенки црно обоени линии кои ги делат срцевите мускулни клетки. Под електронски микроскоп интеркалатните дискови покажуваат посложена положба.

Физиологија

уреди

З разлика од скелетниот мускул,срцевиот мускул има потреба од вонклеточни јони на калциум кои се потребни за негова контракција.Како и скелетното мускулно ткиво поттикот на дејствениот потенцијал во кардиомиоцитите во коморите потекнува од влезот на натриум јони низ сарколемата во регенеративниот процесот. Сепак, внатрешен проток на вонклеточниот калциум јон низ L-тип калциумови канали одржува деполаризација на срцевите мускулни клетки за подолг рок на траење. Причината за калциум зависноста на се должи на механизмот на калциум-индуцирано ослободување калциум од саркоплазматскиот ретикулум, кој треба да се случи за време на нормална ексцитација-контракција за спојување да предизвика контракција. Откако внатреклеточната концентрација на калциум се зголемува, јон на калциум ќе се поврзе со тропонин на белковина, кој им овозможува на миозин да се поврзе со актин и потоа ќе се оствари контракцијата.

 
Dog cardiac muscle (400X)

Клиничко значење

уреди

Блокадата на корронарните артерии од атеросклероза и тромбоза може да доведе до срцев удар,така што дел од миокардиумот настанува исхемија.

Некои вируси водат до воспаление на срцевиот мускул.Кардиомиопатите се полести својствени за миокардиумот,многу од нив се причина на генетски мутации.

Certain viruses lead to myocarditis (inflammation of the myocardium). Cardiomyopathies are inherent diseases of the myocardium, many of which are caused by genetic mutations.

Поврзано

уреди

Предлошка:Anatomy-terms

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

Предлошка:Muscular system Предлошка:Muscle tissue Предлошка:Heart anatomy