Средна клеточна концентрација на хемоглобин
Средна клеточна концентрација на хемоглобин (MCHC, од англиски: Mean corpuscular hemoglobin concentration) е мерка за просечната концентрација на хемоглобин во даден волумен на еритроцити.
Се пресемтува со делење на концентрацијата на хемоглобин со хематокритот. Референтниот опсег се движи помеѓу 32 до 36 g/dL (320 до 360g/L),[1] или помеѓу 4.81 и 5.58 mmol/L. Тоа значи дека се пресметува како масена или како моларна концентрација.
Интерпретација
уредиMCHC е ниска во случаи на намалена синтеза на хемоглобин, на пр. кај сидеропенична анемија. Во спротивно, при макроцитна анемија MCHC може да биде и нормална или само малку намалена, бидејќи големите еритроцити може да содржат повеќе хемоглобин и се добива концентрација приближно на онаа на нормалните клетки. MCHC може да биде зголемена при тешка, пролонгирана дехидратација. Во зависност од тоа, разликуваме нормохромна (MCHC во оптимален опсег) и хипохромна анемија (намалена MCHC).