Средба (Гистав Курбе)
Средба, подоцна насловена Добар ден господине Курбе — слика од 1855 година од Гистав Курбе. Го прикажува уметникот кој се среќава со својот покровител Алфред Брија на пат кон Монпелје, со неговиот личен слуга и неговото куче. Ова е амблемно дело на уметникот, кое исто така е едно од неговите најпопуларни, бидејќи е предмет на бројни репродукции[1]. Сликата е дел од збирките на музејот Фабр во Монпелје (инвентар 868.1.23. )
Творец | Гистав Курбе |
---|---|
Година | 1854 |
Димензии | 129 см × 149 см |
Место | Музеј Фабр, Монпелје |
Историја на делото
уредиСликата ја нарачал Алфред Брија од Гистав Курбе, а во 1868 година тој му ја поклонил на Музејот Фабр[1].
Делото предизвикало скандал на Универзалната изложба каде што било претставено. Критичарите беа погани, сметајќи го ова дело како „манифестација на чудовишна гордост“[2].
Опис
уредиНа патот помеѓу Сен-Жан де Веда и Миревал, Алфред Брија, покровител, придружуван од неговиот личен слуга и неговото куче, доаѓа да го запознае Курбе. Изненадувачки, Курбе се претставува себеси на исто ниво како и неговиот заштитник. Тој дури изгледа горд и робустен, додека вториот е слаб и скоцкан[3].
Контекст
уредиОва дело го овековечува доаѓањето на Гiстав Курбе во Монпеljе во 1854 година. Претставува и средба на сликарот со човекот кој ќе му стане покровител - Алфред Брија.
Сликата е инспирирана од популарната печатена графика изработена од Пјер Лелу ди Ман (1769-1844) во 1831 година: Буржуите од градот разговараат со Евреин скитник[2].
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Des Cars и др. 2007
- ↑ 2,0 2,1 „Musée Fabre. La Rencontre“. Архивирано од изворникот на 2014-02-22.
- ↑ „Gustave Courbet - Un artiste engagé“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-10-07. Посетено на 12 novembre 2014. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)