Кат
(Пренасочено од Спрат)
Кат[1], спрат[2] или етаж[3] – просторот меѓу подот и таванот во една градба. Во европските земји приземјето не се смета за кат, додека во Америка и Русија истото се брои како кат.
Градби според бројот на катови
уредиСпоред бројот на надземните катови се зборува за еднокатници, двокатници, трикатници, повеќекатници и висококатници. Последните се нарекуваат и облакодери и може да имаат и повеќе од 100 ката.
Висина на катовите
уредиВисината на катовите соодветствува на видот на градбата:
- 2,66 метри, односно 16 скалила за современи станови, хотели или паркинзи;
- 3 метра, или 18 скалила за стари градби за живеење;
- 3,30 метри, или 20 скалила за деловни градби или болници (простор резервиран за кабли и климатизација);
- 4 метра, или 24 скалила за продавници со големи површини, изложбени салони и сл. (во овој случај често се користат ескалатори);
- 1,90 метри, или 10 скалила за воз или автобус на две нивоа.
Висината може да биде многу поголема за одредени посебни градби (цркви, катедрали, кули).