Список на македонски народни поговорки
Ова е список на македонски народни поговорки. Овој список не е целосен и може да подлегне на додатни проширувања. Во прилог следуваат поговорките.
Поговорки
уреди- Како игра на оро, земјата не ја гази.
- Храбиот и среќата го следи.
- Не фрлај со камења по Господ.
- Кој да те начека на јадење, добро ти мисли.
- Кој пее, зло не мисли.
- Кој нема во главата, има во нозете.
- Будалата памти, паметниот пиши.
- Јал, не пенјал, пари сум дал.
- Утреш куќа не крепи.
- Брза кучка, слепи кучиња раѓа.
- Ако баба лажи, трап не лажи.
- Ако жената ти е многу лична, не пуштај ја сама на свадба.
- Ако знаев кога ќе умрам, сам ќе си ископав гроб.
- Ако мажот е пијаница, жената ќе е маченица.
- Ако не врни, барем ќе капни.
- Ако се сториш овца, секој ќе те стрижи.
- Ако си мома, седи си дома.
- Ако те удри со камен, ти удри го со леб.
- Ако уште еднаш бидам невеста, знам како да гувеам.
- Ама што дрвена глава имал.
- Арен збор царски врати отвора.
- Арниот јунак дома не умира.
- Арно јади, ама и арно работи.
- Без бога нема добрина.
- Без труд не се ора со плуг.
- Бели пари за црни дни.
- Бело му е лицето, а црно му е срцено на нажален човек.
- Бог да го прости, си почина.
- Бог да не чува од неразбрани.
- Бог да те чува од домашен арамија.
- Брат брата не рани, тешко кој го нема.
- Брат за брата, сирење за пари.
- Брза како некоја стрела.
- Варди се да не се поболиш, оти тешко можеш да оздравиш
- Работата да се плаши од тебе, а не ти од неа
- Верата Христова го омекнува човека.
- Видела камилата уши побарала и рогови
- Викај по волкот, додека не влегол во булукот.
- Вјасај брзо да стигнеш, но гледај и да не се препнеш.
- Во волов рог да се скриеш, смртта пак ќе те најде.
- Во вреќа скината што да ставиш, сè ќе истечи.
- Во едното уше му влезе, во другото му излезе.
- Во Прилеп мајмун не игра. Прилепчани се сметаат за поитри
- Во сон се родив, со сон живеам, во сон ќе умрам.
- Времето си врви, нам ни се куси.
- Врзи прст да најдеш лек, секоја баба ќе ти баи како што знаи.
- Ѓаволот ни копа ни ора, само ги учи луѓето да се караат.
- Газ и нос не знаат за чест.
- Гајрет на болниот, додека не му излези душата.
- Галена кокошка просо сонува.
- Галена мачка оро не игра.
- Галена невеста не ја сака свекрвата.
- Галени деца и на трпеза се качуваат.
- Го надул носот како мисир (налутен човек).
- Го стемнило и не го осамнало (кога некој ненадејно ќе умре).
- Голем залак голтни и голем збор кажи.
- Голи сме се родиле, голи в земја ќе влеземе.
- Голо здравје, готова болка.
- Господ вели: помогни си сам, та и јас да ти помогнам.
- Господ да те чува од лоши пријатели, а од душмани сам ќе се чуваш.
- Господ дал, господ зел.
- Господ на може на секого да му угоди.
- Грешен човек, жив во гробот е закопан.
- Грми, врни, патот врви.
- Дај милостина, за гревовите да ти се простат.
- Дал ти господ добро (кога некој ќе рече: „Добро утро“).
- Два лути камења не мелат брашно.
- Две раце за една глава.
- Добра работа човек го збогатува.
- Добрината со добрина се плаќа (враќа).
- Добриот владика и на сиромаси помага.
- Добриот збор се слуша надалеку, а лошиот се слуша уште подалеку.
- Добрите пријатели и од браќата се помили.
- Додека не заплачи детето, мајка му не му дава млеко.
- Дури не посеиш, нема што да жнииш.
- Дури не фрлиш рипче, не фаќаш крапче.
- Дури не фрлиш семе во нива, не никнува, а трње никнуваат и несеани.
- Дури човек е жив, се е пари.
- Душата ми дошла во забите.
- Една овца што се дели од булукот, ќе ја изеди волкот.
- Една прачка полесно се крши, а повеќе помачно.
- Железото дури е жешко се чука.
- Жена лоша вечна мака.
- Жена прокопсана - куќа отвора.
- Жена, пушка и коњ не се даваат на туѓи раце.
- Животот со пари не се купува, оти дар од Бога се дава.
- За светот кој плачи, без очи ќе остани.
- Заврна снег, се покрија трагите.
- Залудно работи, залудно не седи.
- Збирај на младост, да имаш на старост.
- Зборот дупка не дупнува, ама се памети.
- Здравиот човек има многу желби, а болниот само една а тоа да оздрави.
- Здравјето за човекот е најголемото богатство.
- Јазикот е поостар и од сабјата.
- Јазикот прави добро, јазикот прави и лошо.
- Каков што е таткото, таков е и синот.
- Кој со ѓаолот, тикви сади, ѓаолот на крај очите му ги вади
- Крушата под круша паѓа.
- Лозје не бара молитва, туку мотика.
- Без мака нема наука.
- Вистинското пријателство е најретката птица на земјата
- Кога дваица се караат третиот користи
- Кој ги памети зборовите станува паметен, а кој ги памети бајките станува мудар
- Кој летоска седи во лад зимуске го чека глад
- Птиците се познаваат по пеењето а луѓето по зборувањето.....
- Страв, лозје чува.
- Трипати мери еднаш крој
- Убавиот збор и железни порти отвора.
- Што ќе си посееш, тоа ќе си жнееш.
- Денешната работа за утре не ја оставај.
- Долга коса краток ум.
- Сит на гладен не верува.