'''Судењата во чистката''' се [[СССР|советски]] судења на критичарите на [[Јосиф Сталин]] (1879-1953)<ref>* убиен: nytimes.com/2003/03/05/world/new-study-supports-idea-stalin-was-p o i s o n e d.html</ref>. По убиството на [[Сергеј Киров]], угледните [[болшевици]] биле обвинети за заговор за да се симне Сталин од власта. Во три широко публикувани случаи на судење (1936-38), кои претставувале признанија здобиени со тортура или фабрикувани од тајната полиција, обвинетите биле прогласени за виновни и погубени или затворени. Бројни затворени за јавноста судења на советските раководители биле одржани во масовната чистка во вооружените сили. Судењата ги елиминирале сите потенцијални соперници на Сталин.<ref>''Британика Енциклопедиски Речник''. Топер, МПМ, 2005, Книга 9, стр. 101</ref>