Черчворден (англиски: churchwarden) е поим кој се однесува на луле со долга дршка . Некои од овие лулиња се и до 40 cm долги. Тие се наоѓаат во разни облици, од прави до искривени како саксофон. Најпознати се по тоа што послужиле како инспирација за лулињата во книгите и филмовите „Господарот на прстените“.

Разни черчвордени од Савинели

Вавките лулиња биле многу популарни како оринетално влијание од XVII век, па натаму во Европа. Тие останале популарни во источна Европа како амблем на „хусарите“ кои биле коњаници со корен од Австроунгарското Царство, кои за време на Наполеоновите војни отишле од Русија во Франција и Англија и ги донеле своите лулиња со себе. Черчворденот бил познат и како „хусарско луле“ во тоа време. Историските портрети се полни со мажи кои обожавале да бидат сликани со своето луле во уста. Ова луле со долга дршка води потекло од Отоманското Царство географски и по време.

Черчвордените даваат посвежо пушење заради растојанието кое чадот го поминува од чашката до писката. Тие пружаат поволности како држење на лицето далеку од топлината и чадот на чашката. Но меѓутоа тие се поподложни на кршење заради должината на дршката и поголемиот напор врз нив зададен од страна на забите кои ги држат.