Мери Елис Јанг (претходно Енџела Форест) е фиктивен лик во серијата Очајни домаќинки. Ликот го толкува глумицата Бренда Стронг, која служи како раскажувач. Нејзиното самоубиство во почетната сцена на серијата е почетната точка за целата серија. По смртта, таа го следи животот на своите сосетки и пријателки во Вистерија Лејн.

Мери Елис Јанг
Бренда Стронг како Мери Елис Јанг
Прво појавувањеПилот (прва епизода)
СоздавачМарк Чери
ТолкуваБренда Стронг
Шерил Ли (во неемитуваниот пилот)
Информации
АлијасЕнџела Форест (претходно име)
Полженско
Занимањедомаќинка
поранешна
медицинска сестра
СопружникПол Јанг (сопруг)
ДецаЗек Јанг (посвоен син)

Се викам Мери Елис Јанг. Ако го читате утринскиот весник, ќе наидете на статијата за невообичаениот ден што го доживеав минатата недела. Вообичаено, нема ништо ново во мојот живот, но сето тоа се промени минатиот четврток. На прв поглед, сѐ изгледаше нормално. Ги извршив моите задачи. Ги завршив моите проекти и обврски. Всушност, денот го поминав како што го минувам и секој останат ден, полирајќи ја рутината на мојот живот сѐ додека не го достигне совршенството. Затоа беше чудна мојата одлука да отидам до плакарот и да го извадам револверот што дотогаш не беше користен.

Мери Алис Јанг