Куќи на Ахтерзан е слика од францускиот уметник Клод Моне од 1871 година. Направено во масло на платно, делото отсликува крајречни градински куќи на западниот брег на реката Ахтерзан во Зандам, Холандија. Тој го насликал од браната во Зан, свртен кон северозапад. Сликата е во збирката на Музејот Метрополитен.[1]

Куќи на Ахтерзан
Творец Клод Моне
Година 1871
Димензии 45.7 см × 67 см
Место Метрополитен, Њујорк

Позадина уреди

Моне отпатувал во Холандија по совет на колегата сликар Шарл-Франсоа Добињи, кој многу му препорачал на Моне да го проучува раскошот на реката Ахтерзан. Сликите што ги создал Моне на неговото патување (честопати се нарекувани холандски пејзажи), вклучувајќи ги и Куќите, беа добро прифатени од неговите колеги импресионисти.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Houses on the Achterzaan“. www.metmuseum.org. Посетено на 24 септември 2020.