Зубин Поток е град во Косово и Метохија. Градот е административен центар на Општина Зубин Поток и централна населба на Ибарски Колашин.

Положба уреди

Атарот од населбата се наоѓа на територијита на катастарската општина Зубин Поток со површина од 2.063 ha. Населбата се наоѓа на излезот од Зубодолскиот поток во Радичпоњската котлина, околу се наоѓаат возвишенијата Јеша (693 m), Градина (730 m) и Гутин Брег. Над населбата се наоѓа возвишение во форма на косен кој е Градина кој веројатно бил средњовековни жупански град.

Историја уреди

По ослободувањето од турската власт местото беше во састав на Звечанскиот округ, во митровачкиот срез, во општината радичпољска и во 1912. година имаше 108 жители. Во периодот од 1952-1955. година населбата беше седиште на малата Општине Зубин Поток во состав на Звечанскиот срез за местата: Вељи Брег, Газиводе, Доброшевина, Доњи Јасеновик, Загуље, Зубин Поток, Јабука, Коббиња Глава, Мала Калудра, Падине, Превлак, Придворица, Угљаре, Црепуља, Читлук и Штуоце. Со укинувањето на оваа мала општина, и спојувањето кон соседните општини е создадена големата општина Зубин Поток. Во 1965. Зубин поток припаѓаше под општината Косовска Митровица.[1]

Иако нема статус на градска населба, Зубин Поток сè повеќе добива урбани карактеристики, со голем број на админитративни служби. Местото стана и универзитетски град поради тоа што некои факултети како српскиот Универзитет во Приштина се преместени во оваа населба. Жителите на Зубин Поток се нарекуваат Зубодолци.

Демографија уреди

Населбата има српско мнозинство.

Број на жители по пописи:

  • Попис на населението 1948. во ФНРЈ: 160
  • Попис на населението 1953. во ФНРЈ: 174
  • Попис на населението 1961. во ФНРЈ: 239
  • Попис на населението 1971. во СФРЈ: 393
  • Попис на населението 1981. во СФРЈ: 791
  • Попис на населението 1991. во СФРЈ: 2033
  • 2011: 1724 (процена)
  1. „Општина Зубин Поток-Ибарски Колашин — Историјат“. Архивирано од изворникот на 2015-02-20. Посетено на 2017-05-30.