Меркалиева скала: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: uk:Шкала Меркаллі
с Бот Додава: br:Skeul Mercalli; козметички промени
Ред 10:
 
Меркалиевата сеизмичка скала има 12 степени:
* '''1''' - Луѓето не чувствуваат никакво помрднување.
* '''2''' - Некои луѓе чувствуваат помрднување ако мируваат или се наоѓаат на повисоките спратови во зградите.
* '''3''' - Многу луѓе, ако се во затворен простор, чувствуваат треперење. Висечките објекти (пример, лустери) се нишаат. Луѓето на отворен простор не забележуваат ништо.
* '''4''' - Повеќето луѓе, ако се во затворен простор, чувствуваат помрднување. Висечките објекти се нишаат, ѕвечкаат чиниите, а прозорците и вратите чкрипат.
* '''5''' - Скоро сите го забележуваат помрднувањето, а оние што спиеле - се будат. Вратите се отвораат, садовите паѓаат, сликите на ѕидовите се лулаат. Малите предмети се помрднуваат или се превртуваат. Дрвјата може да се лулаат, течноста се прелева од отворените садови.
* '''6''' - Сите го чувствуваат потресот. Луѓето имаат проблеми со одењето. Предметите паѓаат од полиците, а сликите од ѕидовите. Мебелот се поместува, пука малтерот на ѕидовите, дрвјата се тресат. Се појавуваат мали оштетувања на лошо градените куќи. Нема структурно разорување.
* '''7''' - Луѓето имаат проблеми со стоењето, возачите чувствуваат дека возилата им се тресат. Некој мебел пука. Послабо прицврстените ќерамиди паѓаат од покривите. Оштетувањата кај квалитетните објекти се мали до средни, а значителни на постарите објекти.
* '''8''' - Возачите имаат проблеми со возењето, куќите се рушат, а високите структури како облакодерите и оџаците се лулаат и можат да се срушат. Добро изградените згради претрпуваат оштетувања. Стеблата се кршат, а нивото на водата во бунарите се менува.
* '''9''' - Добро градените објекти имаат сериозни оштетувања, а подземните цевки пукаат. Земјата напукнува. Резервоарите имаат тешки оштетувања.
* '''10''' - Повеќето куќи се оштетени, а некои мостови се рушат. Браните се тешко оштетени. Се појавуваат големи лизгања на земјиштето. Водата се прелева преку бреговите на реките, езерата и каналите. Железничките пруги се деформираат. Земјата пука на повеќе места.
* '''11''' - Повеќето куќи се рушат до темел. Некои мостови исто така се рушат и се појавуваат големи пукнатина на земјата. Железничките шини значително се извиткани.
* '''12''' - Скоро се е уништено. Објектите летаат во воздух. Земјата се движи во вид на бранови. Се помрднуваат големите карпи.
 
 
Ред 28:
 
{{Никулец}}
[[Категорија:Сеизмологија]]
 
[[Категорија:Сеизмологија]]
[[Категорија:Земјотреси]]
 
[[ar:مقياس ميركالي المعدل]]
[[bg:Скала на Меркали-Канкани-Зиберг]]
[[br:Skeul Mercalli]]
[[ca:Escala de Mercalli]]
[[da:Mercalliskalaen]]