Ликовна уметност: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: gl:Artes visuais
с Бот Додава: sc:Artes visivas; козметички промени
Ред 7:
Ликовната уметност која се практикува денес се нарекува [[современа уметност]].
 
== Цртање ==
 
[[Цртање]]то е начин на создавање на [[слика|слики]], со помош на разни алатки и техники. Ова се прави со бележење на една површина со примена на притисок од некоја алатка, или пак влечење на таа алатка по површината. Примери за овие алатки се [[графит]]ни [[молив]]и, [[туш (уметност)|туш]], [[мастило|замастилени]] [[четка|четкички]], восочни [[боица|боици]], [[креон]]и, [[јаглен]]и, [[пастел]]и и [[фломастер]]и. Се користат и сигитални алатки кои ги симулитраат ефектите претходно споменатите алатки. Главните цртачки техники се: цртање линии, [[шрафирање]], накрсно шрафирање, случајно шрафирање, чкртање, [[сенчање]] и прелевање. Уметникот кој се занимва со оваа дисциплина се нарекува ''цртач''.
 
== Сликарство ==
 
[[Сликарство]]то, буквално речено, е примената на [[пигмент]] врзана со носач (медиум) и врзивен материјал ([[лепак]]) врз [[површина]] како [[хартија]], [[сликарско платно|платно]] или ѕид. Во уметничка смисла во рамките оваа активност се подразвира и [[цртање]]то, [[композиција (ликовна уметност)|композиција]] и други естетски елементи со цел на манифестација на изразната или концептуална намера на уметникот. Сликарството се користи и за изразување на духовни мотиви или идеи; ова може да биде од митолошки суштества на грнци, преку [[Систинска капела|Систинската капела]], па сѐ до самото човечко тело.
 
== Гравура ==
 
[[Гравура]]та е создавање на слика врз матрица за уметничка цел, која потоа се пренесува на рамна површина со помош на мастило (или друг пигмент). Освен во случај на [[монотип]], една иста матрица се користи за печатење на многу примероци. Историски, главните техники (нарелени и медиуми) се [[дрворез]], [[линорез]], [[клиширање]], [[литографија]], и [[ситопечат]], но постојати многу други како современите дигитални техники. Обично површината врз која се печати е [[хартија]], но постојат исклучоци, како текстил, [[велен]] и современи материјали. Графиките од Западната традиција направени пред 1830 можат да се наречат [[стара мајсторска графика|стари мајсторски графики]]. ПОстојат и други поважни традиции на гравура, како да речеме јапонската (''[[укијо-е]]'').
 
== Фотографија ==
[[СликаПодатотека:Gustave Courbet.jpg|thumb|right|220px|Фотопортрет на [[Густав Курбе]] од [[Надар]]]]
[[Фотографија]]та е процес на создавање слики по пат на дејство на светлината. [[Светлина]]та со себе носи облици и шари се одразуваат или емитуваат од предмети и потоа се зачувуваат на сензитивен медиум или чип по пат на [[експозиција]]. Ова се прави со помош на [[Машина|механички]], [[хемија|хемиски]] или [[дигитална технологија|дигитални]] направи наречени [[фотографски апарат]]и (фотоапарати).
 
Терминот доаѓа од [[старогрчки јазик|старогрчките]] зборови φως ''фос'' (светлина) и γραφις ''графис'' (перце, четка) или γραφη ''графе'' (пишување), со задничко значење „светлопис“. Традиционано продуктот на фотографирањето се нарекува [[фотографија (слика)|фотографија]]. За ова име и кратенка ''фото''; во народниот говор фотографиите се нарекуваат и ''слики''.
 
== Компјутерска уметност ==
Ликовните уметници повеќе не се ограничени на [[Медиум (уметност)|традиционални уметнички медиуми]]. Компјутерите манипулираат со ликовниот израз со олеснување на самото правење на делото, негово доуредување, монтажа, правење на повеќекратни [[Композиција (ликовна уметност)|композиции]], па сѐ до [[печатење]] (заедно со [[тридимензионално печатење|3-Д печатење]].)
 
Со употребата на компјутерите, веќе непостојат јасни граници помеѓу [[илустратор]], [[фотограф]], [[фотомонтажа|фотомонтажер]], [[3-Д моделирање|3-D моделар]] и ракотворен уметник. [[Фотограф]]от може да биде [[дигитален уметник]]. Илустраторот може да виде и [[аниматор]]. Ракотворбите можат да бидат потпомогнати од компјутер или да користат [[компјутерски создадени слики]] како шаблон.
 
== Термини од ликовната уметност ==
{{col-begin}}
{{col-2}}
Ред 67:
{{col-end}}
 
== Наводи ==
:{{цитирана книга | author=Carey, John| title=The Intellectuals and the Masses | publisher=Faber & Faber | year=1992 | id=ISBN 0-571-16926-0}}
 
== Видете исто така ==
* [[Листа на основни теми во ликовната уметност]]
* [[Историја на уметност]]
Ред 131:
[[ro:Arte vizuale]]
[[ru:Изобразительные искусства]]
[[sc:Artes visivas]]
[[scn:Arti visuali]]
[[sk:Výtvarné umenie]]