Нов светски поредок: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 10:
 
За време на 20 век, многубројни лидери, меѓу кои и Вудроу Вилсон и Винстон Черчил, го користеа изразот ,,новиот светски поредок” за да опишат појавување на нов историски период во кој има голема промена во светското политичко мислење и во балансот на моќта по Првата и Втората Светска војна. Овие периоди се сметаа за нова можност за спроведување идеалистички и либерални предлози за светското владеење но само преку заедничките напори за препознавање, разбирање или истакнување на светските проблеми кои националните држави не можат да ги решат. Овие предлози доведоа до создавањето на меѓународните организации, како што се Обединетите Нации и НАТО, и меѓународните администрации, како што се системот Бретон Вудс и Генералниот Договор за Трговија и Царини, кои треба да го одржат балансот на моќта и да ја легализираат соработката меѓу нациите. Меѓутоа, овие организации и администрации како и општиот интернационализам, секогаш ќе се критикуваат и отфрлуваат од страна на американските палеоконзерватисти поради изолационизмот и неоконзерватистите врз основа на добриот империализам.
 
Со последиците од Првата и Втората Свететска војна, прогресивистите ги подржаа овие меѓународни организации и администрации, но тврдеа дека имаат демократски дефицит и поради тоа не можат да спречат друга светска војна и да помогнат во создавањето на светска правда. Со тоа, активистите во светот создадоа светско федералистичко движење кое треба да создаде ,,вистински” нов светски поредок. Многубројни интелектуалци од левиот реформизам, како што бил британскиот пиател Х. Г. Велс во четириесеттите години од минатиот век, го адаптираа и редефинираа изразот ,,новиот светски поредок” како синоним за создавање светско раководење со искусна социјалдемократија.
Како одговор, теоритичарите на секуларниот хуманизам во Америка како и Христијанската десница, чии стравови беа разгорени со ерата на Црвената Паника поради Масонските, Илуминатските и Еврејските заговори за создавање светски комунизам, започнаа грешно да го толкуваат изразот ,,нов светски поредок” кога се користеше од страна на членовите на Естаблишментот. Дури и кога стануваше збор за едноставно признавање на промена на меѓународната рамнотежа на моќта, како барање за наметнување државен атеизам и светско раководење со бирократски колективизам, кое ги контролира средствата за производство, додека сурплусот (,,профитот”) се распределува меѓу владеачките бирократски маси, а не меѓу работничката класа.
 
Во шеестите години од минатиот век, голем дел од вниманието на заговорниците од десното крило, од страна на групи како што се Здружението Џон Брич и Лобито за Слобода, беа насочи кон Обединетите Нации како средство за создавање ,,Една Светска Влада”, и допридонесоа за создавање конзервативно движење за повлекувањето на Соединетите Американски Држави од Обединетите Нации. Американската писателка Мери М. Дејвисон, во својата збирка ''Длабоката Револуција'' од 1966год, го пронајде наводниот заговор за Нов Светски Поредок преку создавањето на Федералниот систем на резерви на САД како влада во сенка во 1921год. Во времето кога се објави збирката, ,,меѓународните банкари” можеа да се протолкуваат од страна на читателите како дополнување на ,,меѓународниот заговор на Еврејското банкарство” предводен од фамилиите Ротчајлд и Рокфелер.
Поради тврдењето дека изразот ,,Нов Светски поредок” се користи од тајна елитна група која сака да ги уништи сите суверени држави, американскиот продуцент, Гари Ален, во своите книги ''Рокфелер: Кампања за Новиот Светски поредок'' (1974год) и ''Кажи му Не на Новиот Светски поредок'' (1987год), ја тргна анти-глобалистичката тема подалеку од актуелната теорија за заговор на десното крило во САД. Оттука, за време на деведесетите години од минатиот век, демонизацијата на жртвеното јагне на Американската екстремна десница хомогено се пренесе од криптополитиката која правеше заговори во полза на ,,Црвената Паника”, на глобалистите кои правеа заговори во полза на Новиот Светски поредок. Прилично безболниот пренос беше последица на засилената десна опозиција кон глобализацијата на капитализмот како и на основната парадигма на апокалиптичкиот хилиазам, со што се поттикна Студената војна и ловот на вештерки за време на работата на сенаторот Меккартни.
Ред 57 ⟶ 59:
 
,,Протоколите на старците од Сион”, објавени за прв пат во 1903год во Русија, се антисематичка сензација со која се тврдеше дека постои Јудео-Масонски заговор за постигнување светска доминација. Во текстот се тврдеше дека тоа е записник за тајните состаноци за заговорите на Еврејските предводници, со што го избраа Масонството и нивните заговори да го предводат светот во име на Евреите, бидејќи тие се сметаат за ,,избраните” од Бога. Протоколите ги вклучија главните теми за заговор истакнати кај нападите на Робисон и Баруел врз Масоните, обвиени со лажни антисемитични обвинувања за антицарските движења во Русија. Протоколите ги истакнуваат темите кои се слични со поопштите критики кон Просветителскиот либерализам од страна на конзерватистите кои ги подржуваат монархиите и државните религии. Посакуваното толкување на Протоколите е дека доколку некој ги изваде слоевите од Масонскиот заговор, настрана од Илуминатите, ќе виде дека таму се наоѓа расипананото еврејско јадро.
 
Полемичарите, како што се ирскиот новинар Филип Грејвс во натпис од 1921год во ''Тајмс'' и Британскиот академик Норман Кох во својата книга ''Налог за геноцид'' од 1967год, докажаа дека Протоколите се лажни и плагијати. Општо прифатено е дека Руско-францускиот писател и политички активист, Матвеи Головински, го направи текстот за Окхрана, тајната полиција на Руската Империја, да изгледа како работа на контра-револуционерната пропаганда пред Руската Револуција од 1905год, со тоа што превзеде делови, скоро од збор до збор, од Разговор во пеколот меѓу Макијавели и Монтескје, сатира од 19век против Наполеон III од Франција напишана од еден француски политички сатиричар и легитимист, Морис Жоли.
Протоколите, виновни за поттикнување на многубројните антисемитистички и антимасонски стравови од 20 век, се сметаат за влијателни во развојот на теориите за заговор поврзани со Новиот Светски поредок (како што е мислењето за Сионистичка Окупациона влада), и постојано се појавуваат во современата литература за заговорите. На пример, авторите на контраверзната книга ''Светиот Грал, Светата крв'' од 1982год, заклучија дека Протоколите беа најзначајниот доказ за работата на Приоратот на Сион. Тие мислеа дека ова тајно друштво работи во позадина за да оформи теократија ,,Соединети Европски држави” (политички и религиозно обединети преку империјалниот култ почнувајќи од Меровиншката кралска лоза до крвната линија на Исус, со што ќе се завладее со Европскиот и Светиот трон) кои ќе станат суперсилата на 21век. Иако Приоратот на Сион е целосно утврден како лажен од страна на новинарите и научниците, Христијанските есхатологисти, загрижени поради појавувањето на Новиот Светски поредок, беа убедени дека Приоратот на Сион беше исполнување на пророштвата од ''книгата за Јовановото откровение'' и дополнителен доказ за големите антихристијански заговори.
Ред 66 ⟶ 69:
Британскиот бизнисмен Сесил Роудс ја подржуваше Британската Империја повторно да се соедини со САД и на тој начин да се создаде ,,Империјална Федерација” која ќе стане суперсила и ќе донесе мир во светот. Во својот прв тестамент кој го напиша на 23 години, изрази желба да формира тајно друштво (познато како Здружение на Избраните) кое би се борело за:
Формирањето, унапредувањето и развојот на Тајното Здружение, со што вистинската цел би била за проширување на Британското владеење низ светот. Усовршување на емиграциониот систем на Велика Британија и колонизација со Британци во сите земји каде средствата за егзистенција може да се добијат преку енергија, работа и организација. Британската окупација на Африканскиот континент, Светата Земја, Долината на Еуфрат, островите Кипар и Кандиа, Јужна Америка, Пацифичките острови кои сеуште не се под власта на Британија, Малајскиот Архипелаг, крајбрежјата на Кина и Јапонија. Целосно враќање на САД како дел од Велика Британија, воведување систем за колонијални претставници во Империјалниот Парламент кој може да води кон соединување на разделените членови на Империјата, и за крај, создавањето на толку голема моќ што нема да има повеќе војни, и унапредување на интересите на човештвото.
 
Во неговите понатамошни тестаменти, позрелиот Роудс ја остави настрана оваа идеја и се сконцентрира на она што понатаму ќе се вика ''Стипендијата Роудс'', каде државникот Алфред Милнер е потпишан како еден од неговите управници. Создаден во 1902год, првичната цел на овој фонд беше да го унапреди мирот меѓу големите моќи преку создавање еден вид братство со зеднички погледи кон светот за идните Британски, Американски и Германски лидери со тоа што ќе им биде овозможено бесплатно студирање на Универзитетот Оксфорд.
Во неговите понатамошни тестаменти, позрелиот Роудс ја остави настрана оваа идеја и се сконцентрира на она што понатаму ќе се вика
Во неговите понатамошни тестаменти, позрелиот Роудс ја остави настрана оваа идеја и се сконцентрира на она што понатаму ќе се вика ''Стипендијата Роудс'', каде државникот Алфред Милнер е потпишан како еден од неговите управници. Создаден во 1902год, првичната цел на овој фонд беше да го унапреди мирот меѓу големите моќи преку создавање еден вид братство со зеднички погледи кон светот за идните Британски, Американски и Германски лидери со тоа што ќе им биде овозможено бесплатно студирање на Универзитетот Оксфорд.
Милнер и Британскиот службеник Лионел Џорџ Куртис беа создавачите на движењето на Тркалезната маса, мрежа на организации кои сакаа да придонесат за создавање поблиска соработка меѓу Британија и нејзините самостојни колонии. За таа цел, во Јуни 1919год, Куртис го создаде Кралскиот Институт за меѓународни работи и во 1938год, преку својата книга ''Заедницата на Бога'', започна да се залага за создавање империалистичка федерација која на крај ќе ги обедини САД, што всушност ќе им биде претставено на Протестантските цркви како да е задача на Христијанскиот Бог за да се изнуди нивната подршка. Комонвелтот на Нациите создаден во 1949год, нема да биде моќната империјалистичка федерација како што ја замислуваа Роудс, Милнер и Куртис, туку слободен сојуз на независни држави.
Советот за надворешни односи започна со работа во 1917год, со група њујорошки академци од кои претседателот Вудроу Вилсон побара да дадат свое мислење за надворешната политика на САД за време на меѓувоениот период. Првично беше замислен како група од британски и американски научници и дипломати, каде некои од нив припаѓаа на движењето на Тркалезната маса. Тоа беше група од 108 финансиери, производители и меѓународни адвокати од Њујорк, организирани во Јуни 1918год од страна на добитникот на Нобелова награда за мир и американскиот државен секретар, Елиху Рут, за подоцна, на 29 јули 1921год, да прерасне во Советот за надворешни односи. Првиот проект на Советот, направен во Септември 1922год, беше весникот ''Надворешни работи'', кој излегуваше еднаш на три месеци.
Теоритичарите на заговори веруваат дека Советот за надворешни односи е надворешна организација на Тркалезната маса,
која се користи за “Англо-американскиот Естаблишмент”, за кој тие веруваат дека кова заговори уште од деведесетите години
на 20 век со цел да владее со светот. Старата Десница (Клеон Скоусен) и Новата Десница (Карл Оглесби) ги користат наодите на историчарот Карол Квигли, автор на книгата ''Трагедија и Надеж'' од 1966год, за да го поткрепат ова гледиште,
Ред 76 ⟶ 82:
и САД. Тој исто така тврдеше дека иако Тркалезната маса постои и ден денес, нејзиното влијание врз политиката на светските лидери започна да се намалува за време на Првата Светска војна и продолжи до Втората Светска војна и Суецката криза. Денес тоа е цврста и активна група, создадена за да влијае врз политиката на Коменвелтот на Нациите, иако се соочува со силна опозиција. Според Квигли, во 1965год во Америка, проблемот беше тоа што ниедна елитна група не беше надлежна и не се однесуваше одговорно.
Во 1949год, американскот банкар Дејвид Рокфелер стана најмлад директор во Советот за надворешни односи, а од 1970год до 1985год беше претседател на одборот; денес тој е почесен претседател. Во 2002год, Рокфелер ја издаде својата автобиографија Мемоари,во која на 405 стр вели:
 
Скоро цел век, идеолошките екстремисти од двете страни на политичкиот спектар ги користеа објавените настани...за да тврдат дека фамилијата Рокфелер има претерана моќ врз американските политички и економски институции. Некои дури и веруваат дека сме дел од некаква тајна завера против интересите на САД, со што не сметаат за ,,интернационалисти” и мислат дека коваме заговори со луѓе од светот за да создадеме пообединета глобално политичка и економска структура – со други зборови, еден свет. Ако така гласи обвинението, признавам дека сум виновен и се гордеам со тоа.
 
Баркун тврди дека ова изјава е делумно шеговита (тврдењето за ,,заговор” и ,,предавство”) и делумно сериозна – желбата да се поттикнат трилатералните кооперации во САД, Европа и Јапонија, на пример – идеал кој беше заштитен знак за интернационалното крило на Републиканската партија кога тоа крило постоеше.
Меѓутоа, оваа изјава е земена безрезервно и многубројни теоретичари на заговор ја користат како доказ дека Советот за надворешни односи (обвинет дека се наоѓа на чело на ,,меѓународен банкарски заговор” како и дека е спонзор на многубројни ,,глобалистички” експертски групи, како на пример на Трилатералната Комисија) ја користи својата улога како советник на Американските претседатели, сенатори и претставници за да може да ги натера да го подржат Новиот Светски поредок. Теоритичарите на заговор се плашат дека меѓународните банкари на финансискиот капитализам планираат да ја уништат независноста на САД со тоа што ќе направат националната соувереност да зависи од зајакната Банка за Меѓународни договори со цел да ,,создадат светски систем од финансиска контрола во приватни раце кои ќе бидат способни да влијаат во политичкиот систем на секоја земја и во светската економија”.
Ред 106 ⟶ 114:
 
Теоретичарите на заговори често го користат изрзот ,,Четврти Рајх” како пејоративен синоним на ,,Новиот Светски поредок”, за да исткнат дека неговата државна идеологија и владеење би биле слични со германскиот Трет Рајх. Меѓутоа, некои теоретичари на заговор ги презедоа истражувачките наоди на американскиот новинар Едвин Блек, автор на книгата Фашистичка идеологија од 2009год, за да можат да тврдат дека некои американски корпорации и филантропски фондации – чие соучество беше значајно за војната на Третиот Рајх, Нацистичката еугеника и Холокаустот – коваат заговори за создавање Четврти Рајх.
Понатаму, теоретичарите на заговори, како што е американскиот писател Џим Марс, тврдат дека некои бивши нацисти, кои го преживеаа падот на Големата Германска Империја, заедно со некои симпатизери во САД и на други места, кои добиле засолниште од организации како што се ОДЕССА и Die Spinne (Пајакот), работат во позадина од крајот на Втората Светска војна па до ден денес за да воведат барем некои од принципите на Нацизмот (пример: милитаризам, империјализам, шпионажа на граѓаните, користење на корпорации и пропаганда за да се контролираат националните интереси и идеи) во културата, владеењето и бизнисот ширум светот, особено во САД.

Тие се повикуваат на влијанието на бившите нацистички научници, регрутирани преку операцијата Спајалица, за да се помогне во унапредувањето на космичката индустрија во САД преку технологијата на нацистичките НЛО, како и добивката и создавањето на конгломератите од страна на бившите нацисти и нивните симпатизери по војната во Европа и САД.
Овој неонацистички заговор се вели дека оживеа преку ,,Железниот Сон” во кој Американската Империја, која ја отфрли својата Сионистичка Окупациона Влада, постепено почна да го воведува Четвртиот Рајх, попознат како ,,Западна Империја”. Тоа е пан-ариевска светска Империја создадена по примерот на Хитлеровиот Нов поредок и принципите на окултините нацисти, како надеж за опстанок на Западната цивилизација поради заканата на Јудео-масонскиот заговор. Затоа, теоретичарите на заговори ја гледаат историјата како ,,војна меѓу тајните општества” кои сакаат да се здобијат со котрола врз Новиот Светски поредок.
Скептиците тврдат дека теоретичарите на заговори го преценија влијанието на бившите нацисти и нео-нацисти врз Американското општество, и истакнаа дека Американскиот империјализам, корпоратократијата и политичката репресија се појавија многу порано од Втората Светска војна. Некои политички научници, како на пример Шелдон Волин, изразија загриженост дека силите-близначки на демократскиот дефицит и статусот на суперсила го отворија патот до САД на обратниот тоталитаризам кој е во спротивност со нацистичките принципи.
Ред 154 ⟶ 164:
Теоретичарите кои се загрижени за злоупотребата на надгледувањето веруваат дека Новиот Светски поредок се спроведува преку индустрискиот комплекс за надзор со надгледување и користење на броеви за здраствена легитимација, бар кодот на производите од малопродажба и радио фрекфенциска идентификација преку микрочипови.
Скептиците предупредуваат дека некои адвокати за заштита на потрошувачите, како на пример Кетрин Алберхт и Лиз МекИнтир тврдат дека корпорациите и владите планираат да го следат секое движење на потрошувачите и граѓаните преку радио фрекфенциската идентификација како најнов чекор на земјата која ќе биде под постојан надзор. Тие станаа христијански теоретичари на заговор кои веруваат дека шпионските чипови мора да се отфрлат бидејќи модерната база на податоци и технологиите за комуникација, споени со опремата за регистрирање податоци, софистицираната лична карта и системите за проверка, сега овозможуваат да се обезбеди биометрисики број или знак со кои може да се купува. Тие се плашат дека овој систем наликува на пророштвата за бројот на Ѓаволот во книгата за Јовановото откровение.
 
Во јануари 2002год, Агенцијата за напредни истражувања на одбранбени проекти (DARPA) ја оформи Агенцијата за информатика за да соедини неколку ДАРПА проекти кои ќе се фокусираат на примена на информатичка технологија која е спротивна со асиметричните закани врз националната безбедност. Во 2003год, придружен со јавна критика дека развојот и употребата на овие технологии може да доведе до систем за набљудување, Агенцијата за информатика беше прогласена за непостоечка од страна на Конгресот на САД. Втората контраверзноста беше логото на Агенцијата кое го прикажува Окото на Господ на врвот на пирамида кој е свртена наопаку врз глобусот, и на која има латинска поговорка scientia est potentia (знаењето е моќ). Иако на крајот ДАРПА го тргна логото од својата веб страна, сепак остави силен впечаток кај адвокатите за приватност. Исто така, ги разгори теориите за заговор, кои ги протолкуваа ,,окото и пирамидата” како Масонскиот знак на Илуминатите, друштво од 18ти век кое, според нив, постои и ден денес и кова заговори за создавање Нов Светски поредок.
Професорот Ричард Ландес, од Универзитетот во Бостон, кој специјализираше по историја на апокалиптизмот и беше коосновач и директор на Центарот за милениумските проучувања на Универзитетот, тврди дека многу често новите технологии го провоцираат алармизмот меѓу проучувачите на милениумот, и дури претставувањето на машинината за печатење на Гутенберг во 1435год, предизвика бура кај апокалиптичкото мислење. Y2K проблемот, бар кодовите и броевите за здраствена легитимација предизивкаа низа предупредувања за крајот на светот, кој се докажа дека е лажен или едноставно не се зеде сериозно откако јавноста се навикна на овие нови технологии. Граѓанските слободи тврдат дека приватизацијата на надзорот и развивањето на индустрискиот комплекс за надгледување во САД предизвика оправдана загриженост поради можна загуба на приватноста. Меѓутоа, скептиците на заговорите поврзани со надгледувањето предупредуваат дека ваквите грижи треба да бидат одвоени од секуларните паранои за Голем Брат или религиозните паники за Антихристот.
Ред 167 ⟶ 178:
 
Теоретичарите на заговори веруваат дека Новиот Светски поредок ќе може да се применува преку контролата на зголемувањето на населението со цел полесно да се набљудуваат и котролираат луѓето. Средствата кои ќе се користат варираат од спречување на растот на човековите општества преку програмите за сексуално здравство и планирањето на семејство, кои промовираат апстиненција, контрацепција и абортус, или намерно намалување на светската популација со геноцид преку непотребни војни, чуми од новите лабараториски вируси или неквалитетни вакцини, и климатски катастрофи со контрола на времето (ХААРП) итн. ''Codex Alimentarius,'' збир на меѓународни признаени стандарди, практични кодови, водичи и други типови на препораки поврзани со храната, производство на храна и нејзина безбедност, стана цел на теоретичарите на заговори поради гладта во светот.
 
Скептиците тврдат дека стравовите од контролата на населението датираат од трауматичното сеќавање на движењето ,,војна против слабите” на еугените кое се случи во САД во почетокот на 20 век, како и од Втората Црвена Паника во САД која се случи меѓу четириесеттите и педесеттите години, а и дел од шеесеттите од 20 век, кога активистите од екстремната десница на американската политика се спротиставија на програмите за јавно здравство, конкретно на флуоридацијата на водата, масовното вакцинирање и службите за ментално здравство, со тоа што тврдеа дека сите тие се дел од заговор за наметнување социјален или комунистички режим. Нивните размислувања беа под влијание на спротиставувањата на многубројните социјални и политички промени кои се случија во последните години: зголемувањето на интернационализмот, особено во Обединетите Нации и нејзините програми; воведување на социјални одредби за добросостојбата, особено во различните програми основани со Њу Дил; и владините заложби за намалување на нееднаквостите во социјалната структура на САД.