Балисти: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Менува: sr:Бали Комбетар
с Бот Додава: uk:Бали Комбетар; козметички промени
Ред 1:
'''Балисти''' се нарекуваат припадниците на [[Албанија|албанската]] националистичка и анти-комунистичка организација Бали Комбетар (алб. ''Balli Kombëtar'' = ''Народен фронт'') основана во 1939. година. Во организацијата членувале и припадници на албанските малцинства во [[Црна Гора]], [[Србија]], [[Македонија]] и [[Грција]]. Политичката програма на оваа организација вклучувале обединување на етничките територии на албанците во регионот и создавање на Голема Албанија. Иако декларативно балистите биле [[фашизам|антифашисти]], сепак им помагале на [[силите на оската]] во воените операции во текот на [[Втората светска војна]], особено во Македонија, Грција и на Косово.<ref>Mazower, Mark. ''After The War Was Over: Reconstructing the Family, Nation and State in Greece, 1943-1960''. Princeton University Press, 2000, ISBN 06910584230-691-05842-3, p. 25. "Not surprisingly, when the Italians finally took control of mainland Greece in 1941, they found Cham activists willing to call for unification of the region with Albania. Several hundred were conscripted into the anti-communist Bal Komitare to act as local gendarmes. From the autumn of 1943, these armed bands took part alongside the Wehrmacht in burning Greek villages. Such actions, it seems, were not supported by many of the local beys, nor by the Mufti."</ref> На денот кога е објавена капитулацијата на [[Италија]] (8 септември 1943 година) Бали Комбетар склучил спогодба со [[Нацистичка Германија|Германците]] и објавил дека Албанија е обединета и независна, оправдувајќи го привременото присуство на германските сили како потреба на борбата против англоамериканско-советската коалиција. Со овој договор Бали Комбетар се ставил во отворена служба на Германците и ги прифатил германските офицери како главен команден кадар на своите оружени формации или како инструктори. Во оваа смисла, некои историчари, главно етнички албанци, гледаат на балистите како на квинслиншка националистичка власт која остварила контрола над етничките албански територии.<ref>[http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=124&ArticleID=7294 Време 29.06.2004: „Бали комбтар“ за Македонците неофашисти, за Албанците патриоти.]</ref>
 
Во 1943. Комунистичката партија на Албанија им објавила војна на балистите што довело до граѓанска војна. Со крајот на Втората светска војна и победата на комунистите во Југославија и Албанија, балистите биле прогонувани, затворани и убивани. Голем дел од нив емигрирале во Европа и САД.
 
== Организација ==
 
Во април 1943 година Бали Комбетар дефинитивно ја поставил својата организациона форма која изгледала вака: Во [[Тирана]] било седиштето на Централниот комитет, во сите седишта на окрузите имало т.н. окружни комитети, додека во околиите - поткомитети, а во секое село селски одбор. Окружните комитети во поголемите градови биле поделени на реонски комитети (или поткомитети) кои имале свои групи (од 10 до 15 души) раководени од постари и поистакнати балисти. При реонскиот комитет дејствувале и организирани младински групи, вооружени со огнено оружје, а биле користени за борба против народноослободителното движење, како и за вршење на грабеж и насилно земање помош за балистите.
 
== Балистите во Македонија ==
 
Најистакнат политички раководител на Македонската балистичка организација бил Кадри Сали, претседател на организацијата во [[Гостивар]] и претседател на Фашистичката партија во Гостивар, член на Корпоративниот комитет во Тирана и член на Окружниот комитет на организацијата на Косово. Најголем замав ширењето на Организацијата имало со појавувањето на Џемаил Хасани - Џемо (1908-1945) од с. Симица, Гостиварско. Најпрвин Џемо во 1942 година, пред појавувањето на балистичката организација, со околу 40 души Албанци се одметнал в шума, наводно за борба против Италијанците, а, всушност, оттаму вршел терор врз македонското население. Италијанците, за да го искористат за борба против партизанските единици во Македонија, го поткупиле за големи пари, а му дале и чин мајор. Неговата месечна плата изнесувала околу 50.000 леки, додека членовите на неговата група уживале многу привилегии. Затоа, тој целосно се ставил во служба на италијанската власт. По доаѓањето на Германците, тој и со нив ја продолжил соработката. Со благослов на Италијанците, а потоа и на Германците, балистите вршеле такви злосторства, насилија, пљачкосување и друго, што предизвикало страв и иселување на македонскиот народ. Во Кичевска околија балистите ги раководел Мефаил Еипов - Мефо од с. [[Зајас]], кого најпрво Италијанците го унапредиле во чин капетан, а потоа и Германците го исползувале за свои цели.
Ред 17:
[[ОЗНА]] (подоцна [[УДБА]] и [[КОС]]) ја презеле борбата против балистите во западна Македонија, кои броеле околу 8.000 по крајот на [[Втората светска војна]]. Во периодот 1945-1948 биле разбиени нивните групи, а водачите биле убиени.<ref>[http://star.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=30901 Вечер 5.9.2006: Убиството на Џемо Хасани и формирањето на НДШ во Македонија.]</ref>
 
== Референци ==
{{reflist}}
 
[[Категорија:Историја на Албанија]]
[[Категорија:Историја на Косово]]
Ред 30 ⟶ 31:
[[sl:Balli Kombëtar]]
[[sr:Бали Комбетар]]
[[uk:Бали Комбетар]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Балисти