Планетите во астрологијата: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: af:Planete in astrologie
с Бот Брише: ru:Планеты в астрологии; козметички промени
Ред 7:
До скоро ([[1781]] година), [[Сатурн]] беше крајот на [[Сончев систем|Сончевиот систем]]. Но тогаш [[астрономија|астрономите]] го открија [[Уран]], [[Нептун]] го открија во [[1846]] година, а [[Плутон]] во [[1930]] година. Поради тоа што овие последни три планети не се видливи за голо око, во астрологијата се нарекуваат „надворешни планети“.
 
== Меркур ==
[[Податотека:Mercurius.jpg|180px|left|thumb|''Меркур'' скулптура од 17 век, на [[Артус Квелинус]].]].
=== Астрономски податоци ===
Ова е најблиската планета до [[Сонце]]то. Периодот на [[орбита|орбитирање]] му е 88 дена. [[Меркур]] се движи по високо ексцентрична орбита. Тешко е да се види со голо око, а од [[Британија|Британските Острови]] е видлив само на самрак, кога е блиску до [[хоризонт]]от. Меркур е многу мала планета, со дијаметар од околу 3000 милји. Нема атмосфера, а поради близината до [[Сонце]]то, неговата температура е околу 400°С.
 
=== Митолошки и астролошки податоци ===
[[Меркур (бог)|Меркур]] е крилатиот гласник на [[бог]]овите. Носи сандали со крилја, а на боговите им носи информации. Неговата функција е да ја крене [[свест]]а на повисоко ниво. Дава разбирање, и ако ни фали силата на Меркур, не сме способни да разменуваме идеи.
 
Ред 27:
Владее со знаците [[Близнаци (хороскопски знак)|Близнаци]] и [[Девица (хороскопски знак)|Девица]].
 
== Венера ==
[[Податотека:Venus8.jpg|thumb|left|180px|Венера во Националниот археолошки музеј во [[Атина]].]]
=== Астрономски податоци ===
[[Венера]] се наоѓа на оддалеченост од 67 милиони милји од [[Сонце]]то. Периодот на [[орбита|орбитирање]] на Венера е 225 дена. Една е од најсветлите [[ѕвезда|ѕвезди]] на [[хоризонт]]от при разденување и при самрак, позната како „Утринска ѕвезда“ и ѕвезда „Вечерница“. Личи на брилијантно бел објект на небото.
 
=== Митолошки и астролошки податоци ===
[[Венера (божица)|Венера]] е божица на љубовта и убавината, мајка на [[Ерос (бог)|Ерос]]. Венера е женски принцип, таа е вечната Ева кој привлекува со својот шарм и убавина. Дава благородност на сите манифестации на убавината во природата, уметноста и кај луѓето. Без влијанието на Венера, животот нема да биде поднослив, а ние би се претвориле во осамени суштества без желба за љубов.
 
Ред 45:
Астролошки симбол - [[Податотека:Venus symbol.svg|22px]].
 
== Марс ==
[[Податотека:Ares Canope Villa Adriana.jpg|thumb|left|160px|Статуа на богот Марс]]
=== Астрономски податоци ===
[[Марс]] има само околу половина од дијаметарот на [[Земја]]та, а му требаат 687 дена или приближно две години за да заврти еден круг околу [[Сонце]]то. Се наоѓа на растојание од 142 милиони милји. Неговата [[орбита]] е многу ексцентрична, како и онаа на [[Меркур]]. Оската на Марс е искосена под агол од 25° спрема нормалната рамнина, и затоа на оваа планета има годишни времиња како на Земјата. Периодот на [[ротација]] (едно деноноќие) му е 24 часа и 37 минути. Поради минералниот состав изгледа црвенкасто.
[[Податотека:Mars Hubble.jpg|thumb|right|100px|Планетата [[Марс]].]]
Марс има два [[сателит]]а или месечини, наречени [[Демос]] и [[Фобос]] (во превод: Терор и Страв). Демос орбитира околу Марс еднаш на 30 часа, а Фобос за само седум и пол часа. Вториов сателит е интересен феномен за набљудувач од Марс, бидејќи изгрева од запад, а заоѓа на исток - три пати на ден.
 
=== Митолошки и астролошки податоци ===
[[Марс (бог)|Марс]] е богот на војната. Древните народи го поврзувале со војните, огнот и деструкцијата. Марс е машкиот принцип, кој обезбедува волја за опстанок и поттик за акција, без кои не можеме ништо да постигнеме.
 
Ред 65:
Негов [[астрологија|астролошки]] симбол е [[Податотека:Mars symbol.svg|22px]].
 
== Јупитер ==
[[Податотека:IngresJupiterAndThetis.jpg|left|thumb|190px|''Јупитер и Тетис'' (1811), Жан август Доминик Ингрес]]
=== Астрономски податоци ===
Ова е најголемата планета во [[Сончев систем|Сончевиот систем]], со дијаметар од 88.000 милји, или околу 11 пати е поголема од [[Земја]]та. [[Орбита|Орбитира]] околу [[Сонце]]то на средно растојание од 483 милиони милји, а му требаат 11,86 години да комплетира еден круг околу Сонцето. Гледан преку [[телескоп]], на [[Јупитер]] се гледаат темните појаси. Не е налик на ниедна друга планета од Сончевиот систем, затоа што во најголем дел е составен од гас - [[хидроген]].
 
Ред 74:
Со период [[ротација]] од 10 часа, Јупитер има најбза ротација од сите планети во Сончевиот систем. Оваа брза ротација прави Јупитер да е незначително рамен на половите.
 
=== Митолошки и астролошки податоци ===
[[Јупитер (бог)|Јупитер]] е господар на небото и на светот. На богот Јупитер му е дадена моќта врз сите богови и луѓе. Древните луѓе му се молеле на Јупитер во време на војна, во време на чуми, или за дожд во време на суша. Традиционално е дарител на добрата среќа, и е поврзан со мудроста на свештениците. Функцијата на Јупитер е да зголемува, да создава плодност, да размножува, да дава оптимизам и заштита.
 
Ред 89:
Астролошкиот симбол на Јупитер е [[Податотека:Jupiter symbol.svg|22px]].
 
== Сатурн ==
[[Податотека:Rubens saturn.jpg|170px|thumb|left|''Сатурн го јаде својот син'', [[Рубенс]] (1636), Мадрид, Прадо]]
=== Астрономски податоци ===
[[Сатурн]] е џиновска [[планета]] која орбитира околу [[Сонце]]то на далечина од 886 милиони милји, во период од 29 ½ години. Не е многу помал од [[Јупитер]], со среден дијаметар од 75.000 милји.
 
Ред 100:
Сатурн има 11 [[сателит]]и, кои се наоѓаат после системот на прстените. Најголемиот од овие сателити е наречен Титан, и е најголемата месечина во [[Сончев систем|Сончевиот систем]].
 
=== Митолошки и астролошки податоци ===
[[Сатурн (бог)|Сатурн]] е стариот татко на времето, Косачот. Раните цивилизации го поврзувале богот Сатурн со времето, темнината, смртта и раздорот, но после грчко-римските времиња, тој е бог на општествениот поредок, на сезоните и на земјоделството, преставен како жнеач со коса. Ова има длабока асоцијација, бидејќи „оној што сее, тој и ќе коси“, па оттука се дошло до концептот за небесната правда. Постарите астролози му припишувале лоши карактеристики. Сепак, онаму каде што Јупитер проширува, Сатурн собира, и со тоа се постигнува неопходниот баланс.
 
Ред 115:
[[Астрологија|Астролошкиот]] симбол на Сатурн е [[Податотека:Saturn symbol.svg|22px]].
 
== Уран ==
[[Податотека:Aion mosaic Glyptothek Munich W504.jpg|200px|thumb|left|Уран со Тера на римски мозаик]]
=== Астрономски податоци ===
Сè до [[1781]] година, [[Сатурн]] бил најдалечната позната планета. Таа година, Хершел направил преглед на небото, кога на [[13 март]] забележал мал сјаен објект кој не е виден претходно. Идните [[астрономија|астрономи]] ја пресметале орбитата на [[Уран]].
 
Ред 124:
Има пет [[сателит]]и, а два од нив ги пронашол Хершел во 1787 година. Без оптичка помош Уран е невидлив.
 
=== Митолошки и астролошки податоци ===
[[Уран (бог)|Уран]] е таткото на [[Сатурн (бог)|Сатурн]]. Грчкото име Уран го претставува „ноќното небо“. Уран во митологијата е носител на просветеност: разбудувачот, иако на почеток бил сметан за уништувач. Уран е магионичар кој ги менува формите. Интересно е да се напомене дека првите телевизиски антени беа во форма на симболот на Уран.
 
Ред 137:
Астролошкиот симбол на Уран е [[Податотека:Uranus's astrological symbol.svg|22px]].
 
== Нептун ==
[[Податотека:Angelo Bronzino 048.jpg|thumb|left|200 px|[[Ангело Бронзино]]: [[Нептун]].]]
=== Астрономски податоци ===
Откако бил пронајден [[Уран]], станало јасно дека не се движи по предвидената патека, бидејќи некоја друга планета ја ремети неговата [[гравитација]]. Масата и позицијата на ова непозната планета била предвидена од Адамс во [[Англија]] и Левериер во [[Франција]], а пресметките на Левериер биле испратени во Берлинската опсерваторија во септември [[1846]] година, каде што на [[23 септември]] [[астрономија|астрономите]] Д`Арест и Гал ја нашле новата планета, за помалку од еден степен од предвидената позиција.
 
Ред 146:
Нептун има два [[сателит]]а, [[Тритон]] и [[Нереид]]. Тритон е една од поголемите месечини во Сончевиот систем, а го открил [[Ласел]] во [[1846]] година, неколку недели по откривањето на Нептун. Нереид е многу помала месечина, а ја открил Куипер во [[1949]] година.
 
=== Митолошки и астролошки податоци ===
[[Нептун (бог)|Нептун]] е богот на морето. Интересно е дека во времето кога е откриена планетата [[Нептун]], се распространил интересот за [[окултизам|окултното]], [[спиритуализам|спиритуализмот]] и [[хипноза]]та. Овие интереси денес се распространети низ цел свет.
 
Ред 161:
Астролошки симбол за Нептун е [[Податотека:Neptune symbol.svg|22px]].
 
== Плутон ==
[[Податотека:Hades-et-Cerberus-III.jpg|180px|thumb|left|Хадес и Кербер]]
=== Астрономски податоци ===
После откритието на [[Нептун]], [[астрономите]] предвидуваа откривање на деветта планета, поради отстапувањето на Нептун од својата орбита. Астрономот [[Ловел]] (кој ги видел каналите на [[Марс]]), извршил пресметки за масата и позицијата на новата планета, но [[Плутон]] е откриен дури во [[1930]] година, 14 години после смртта на Ловел.
 
Ред 171:
Според една теорија, можно е да постои десетта планета зад Плутон, а во [[1978]] година пронајдена е уште една планета, [[Хирон]] голема речиси колку и Плутон, така што Плутон се смета за дупла планета.
 
=== Митолошки и астролошки податоци ===
[[Плутон (бог)|Плутон]] е богот на подземјето, наречен и [[Хадес]], брат на боговите Јупитер и Нептун. Позната е приказната кога Плутон ја грабнал [[Персефона]], ќерката на божицата на житото, за да биде негова жена во подземјето. Божицата барајќи си ја ќерката, не дозволила ништо да расте на земјата додека не ја најде. Конечно, боговите уредиле девојката да биде вратена кај мајка ѝ, но една третина од годината мора да биде во подземјето. Периодот од годината кога Персефона е во подземјето, за нас е познат како - зима.
 
Ред 184:
[[Астрологија|Астролошки]] симбол за Плутон е [[Податотека:Pluto's astrological symbol.svg|22px]].
 
== Користени извори ==
* Џон Филби: „Натална астрологија“, ФАС, 1981.
* Алистер Кроули: „Астрологија: студија за Нептун и Уран“, Езотерија.
* Стивен Форест: „Книга за Плутон“, АЦС, 1995.
 
 
Ред 201:
[[nl:Planeten in de astrologie]]
[[pt:Planetas na astrologia]]
[[ru:Планеты в астрологии]]