Оплодување: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: ckb:بەبەربوون
Нема опис на уредувањето
Ред 43:
 
Спојувањето на сперматозоид со јајце клетка образува зигот и обезбедува стимулус (импулс) кој го започнува развитокот на ембрионот. Меѓутоа, почетниот стимулус зависи од контактот на двете клеточни мембрани, а не од фузијата на јадрата на двете гамети. Оплодувањето не е неопходно за да се индуцира ембрионалниот развиток кај многу животни, дури и кај животни кои нормално не се развиваат [[Партеногенеза|партеногенетски]] (од неоплодени јајца). На пример, можно е да се индуцираат неоплодени јајца од [[жаба]] да ја започнат својата ембриогенеза со едноставно допирање на нивната површина со фина игла натопена во [[крв]]. Дел од ваквите јајца ќе се развијат во нормални [[Полноглавец|полноглавци]], но тие нема да се развијат во жаба. Оплодените јајца можат дури да бидат стимулирани да го отпочнат развитокот со благ [[електричен шок]], со промената на [[соли]] во околната течност, или со физичка дразба. Но во повеќето случаи развитокот се стопира по неколку [[Делба на клетките|делби]].
 
==Надворешни врски ==
* [http://www.ringeraja.mk/vontelesno-oploduvanje-ivf_430.html Вонтелесно оплодување (ИВФ)] {{мк}}
 
[[Категорија:Развојна биологија]]