Бонсаи: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: sl:Bonsaj; козметички промени
Ред 15:
 
== Одгледување ==
Бонсаи може да се создаде од скоро секој вид на дрво или грмушка. Со помош на посебни техники на кастрење на крошната и [[Корења|корењата]] и чување во мали саксии, тие растенија се одржуват минијатурни во развојот. Но некои видови дрвја се попогодни за одгледување како бонсаи поради нивните природни карактеристики да имаат мали [[Иглолисни_растенијаИглолисни растенија|игли]] или [[Лист_Лист (ботаника)|листови]].
Целта на одгледување бонсаи е да се направи рамнотежа меѓу [[Човек|човекот]] и [[Природа|природата]], а одгледувачите на бонсаи, во себе ја негуваат креативноста и секоја година преку своите дрва одново го доживуваат ритамот на природата и [[Годишни_времињаГодишни времиња|годишните времиња]]. Одгледувањето бонсаи бара многу трпение и внимание, а како награда за вложениот труд се добива внатрешна смиреност.
 
=== Снабдување со стартен бонсаи материјал ===
Одгледувањето бонсаи е невообичаена, односно нестандардна форма на одгледување дрвја, при што начинот на обезбедување со стартен материјал за бонсаи со садење од семе, е најмалку користениот начин. Карактеристиките кои го прават едно бонсаи врвен примерок, се покрај другото и староста на [[Стебло|стеблото]], негова интересна форма, или некои рани на стеблото и гранките што ги одсликуваат временските неприлики во кои растело дрвото и кои се вообичаени за дрвата кои растат во дивина, а сето тоа е скоро невозможно да се добие од дрво засадено од семе, барем не во еден човечки век.
 
Ред 41:
Постојат најразлични стилови на бонсаи, со тоа што извесни се почести од сите други. ова се формалниот исправен, накривениот, неформланиот исправен, каскадниот, полукаскадниот, [[сплав]], литерати, и групен/шумски стил.
 
* '''Формалниот исправен стил''' како што самото име н{{Уникод|ѝ}} кажува, се карактеризира со исправено вретенесто стебло. Стеблото и гранките на '''неформалниот исправен стил''' може да имаат изразени кривини, но врвот му е ''секогаш'' директно над корењата.
 
* '''Навалениот стил''' е сличен на формалниот исправен стил во стеблото, но тука тоа излегува од земјата под агол, и врвотна дрвото е лево или десно од корењата.
 
* '''Каскаден стил''' се заснова на обликот на дрвата кои растат над вода или ендеци. Врвот на '''полукаскадниот стил''' се протега само веднаш под работ на саксијата, додека врвот на (полниот) каскаден стил паѓа под основата на саксијата.
 
* '''Сплавниот стилот''' го имитира природниот феномен кога едно дрво е соборено (обично поради ерозија и др.) и затао гранките долж отворената страна на стеблото сочинуваат други стебла. Понекогаш од долната страна на стеблото излегуваат и корења. Овој стил опфаѓа и други третмани на дрвото како змијулест, праволиниски и навален стил. Сето ова дава илузија на привидна група дрва, но тоа всучност се гранките на едно дрво засадено бочно.
 
* '''Литерати-стилот''' се карактеризира со потенцирање на голема надолжна видливост на стеблото, а гранките се сведени на минимум, кои обично се наоѓаат погоре, на стебло кое е криво. Овој стил е инспириран од кинеското четкосликарство, како оние во древниот ракопис,''[[Сликарски прирачник „Синапова градина“]]'', на кој се насликани борови кои растат на сурова клима, борејќи се за светлина. Литерати-стилот во Јапонија е наречен ''бунџин-ги''. (''Бунџин'' е превод од кинескиот збор ''венрен'' што значи „академци-уметници“ и ''ги'' е дериват од јапонскиот збор, ''ки,'' - „дрво“).
 
* '''Групниот или шумски стил''' се состои од повеќе дрва (обично непарен број ако се три или повеќе) заеднички засадени во една саксија. Обично овие се од ист вид, но дрвата се чуваат на различна височина по примерот на зрелите шуми.
 
== Големински класификации ==
Ред 106:
 
== Надворешни врски ==
* [http://bonsai.blog.com.mk/ Блог Bonsai - Macedonia] {{mk}}
* [http://www.sf.ukim.edu.mk/programi/predmeti/ss357.html Шумарски факултет - Скопје. Наставен предмет: Минијатурни градини] {{mk}}
* [http://www.forum.com.mk/Arhiva/Forum78/unisex/unisex.htm Списание „Форум“ - ''Собно растение: за бонсаите''] {{mk}}
 
== Видете исто така ==
Ред 168:
[[simple:Bonsai]]
[[sk:Bonsaj]]
[[sl:Bonsaj]]
[[sr:Бонсаи]]
[[sv:Bonsai]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Бонсаи