Демократска армија на Грција: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
LaaknorBot (разговор | придонеси)
с Бот Додава: he:הצבא הדמוקרטי של יוון; козметичке промене
Ред 1:
'''Демократската Армија на Грција''' ([[грчки јазик|грчки]]: ''Δημοκρατικός Στρατός Ελλάδας'') била армија учесник во [[Граѓанска војна во Грција|Граѓанската војна во Грција]] ([[1945]]-[[1949]]). Демократската армија на Грција била под команда на [[Комунистичка Партија на Грција|Комунистичката Партија на Грција]] и се борела за воспоставување на комунистички режим на народна демократија во [[Грција]] под покровителство на [[СССР]] и [[Сталин]]. Армијата броела 35.000 војници од кои 20.000 биле регрутирани од [[Егејска Македонија]], од кои 14.000 биле етнички [[Македонци]].
 
== Формирање на ДАГ ==
[[СликаПодатотека:ДАГ.jpg|десно|мини|Бунтовници на ДАГ|200px]]
 
Демократската Армија на Грција била формирана уште во почетокот на [[1945]] година како продолжение на [[ЕЛАС]] (Грчка Народно-ослободителна Војска) која била целосно разбиена и уништена од германските нацистички сили и грчките монархо-фашисти. Во почетокот на [[1946]] година на ДАГ и КПГ во борбата и се приклучува македонската организација [[НОФ]] која дотогаш вооружено дејствувала самостојно и под покровителство на [[КПМ]] во областите населени со [[Македонци]]. На чело на ДАГ биле челниците на КПГ, [[Никос Захаријадис]], [[Леонидас Стрингос]], [[Константин Барџотас]] и др.
 
== Македонците во ДАГ и односот на КПГ кон македонското национално прашање ==
 
По директивата на [[КПЈ]] за спојување на македонската организација [[НОФ]] со КПГ (ставање под целосна команда на КПГ), ДАГ добива големо зголемување на бројот на своите војници и добива голема поддршка од [[Македонци|Македонското население]] во Егејска Македонија кое сметало дека со победата на ДАГ над монархо-фашистите ќе добие национални права и слобода и можност за самоопределување. До крајот на војната во ДАГ учествувале 14000 борци-Македонци, а 20000 од 50000 жртви во војната биле Македонци. Сепак и покрај големата помош која ја дале Македонците на комунистичко-ослободителното движење раководството на КПГ и ДАГ водело крајно дискриминаторска политика кон борците-Македонци. Ниту еден Македонец не бил ставен на повисоко раководно место од поручник, ниту еден Македонец немало ниту во привремената комунистичка влада на Грција, од целата класа на полковници на ДАГ ниту еден не бил Македонец, а немало ниту еден Македонец командант на баталјон или комесар на област од Егејска Македонија, а на многу од борците што претходно се бореле во Втората светска војна не им биле признати чиновите и заслугите.
Ред 14:
На почетокот ставот на КПГ кон македонското национално прашање бил за рамноправност на Македонците во рамките на грчката држава. На вториот конгрес на [[НОФ]] одржан на [[9 март]] [[1949]] година, ќе се усвои одлуката за „[[Обединета Македонија|обединета и независна Македонска држава]] во рамките на Балканската федерација“. Имајќи ја предвид состојбата поради Резолуцијата на Информбирото и заладените односи со КПЈ, КПГ ја прифаќа оваа парола и ја поддржува користејќи ја за пресметка со КПЈ и КПМ. По ова прашање имало два различни ставови, едниот на [[Паскал Митревски]] сметал дека [[Вардарска Македонија]] ќе треба да се припои кон Егејска Македонија, додека пак ставот на [[Михајло Керамитчиев]] и [[Вангел Ајановски-Оче]] сметал дека [[Егејска Македонија]] треба да се припои кон Вардарска Македонија со оглед на тоа дека на територијата на Вардарска Македонија веќе постои НР Македонија официјално призната како национална држава на Македонците и дека Отечественофронтовската влада на [[Бугарија]] на чело со [[Георги Димитров]] подготвува припојување на [[Пиринска Македонија]] кон [[Вардарска Македонија]]. По битките на [[Вич|Вичо]] и [[Грамос]] КПГ го отфрла овој став и се враќа на стариот став за рамноправност на Македонците во рамките на грчката држава.
 
== Расформирање на ДАГ ==
 
По офанзивата на грчките монархофашистички сили врз ДАГ кон крајот на август [[1949]] година и целосниот пораз на ДАГ на битките на [[Вич|Вичо]] и [[Грамос]], голем број од борците на ДАГ и нејзиното раковдоство заедно со целото раководство на КПГ пребегнуваат на територијата на [[Албанија]] со што целосно престанува борбената дејност на ДАГ во Грција.
 
== Белешки ==
<references/>
 
== Библиографија ==
*Никос Кирицис, ''„Δημοκρατικός Στρατός Ελλάδας, βασικοί σταθμοί του αγώνα“'', издавач „Σύγχρονη Εποχή“
 
== Извори ==
*[http://www.geocities.com/anasintaxi/144.htm#dse56 „Заклетвата на војникот“] - Извор: „Политичкиот комитет за реорганизација на КПГ, 1918 - 1955“. Последно обновено: [[15 јули]] [[2006]]
*[http://www.rizospastis.gr/storyPlain.do?id=1002928 „Заклетвата на војникот на ДАГ“] - Извор: rizospastis.gr, весникот на КПГ „Ризоспастис“ онлајн. Последно обновено: 15 јули 2006
Ред 33:
[[el:Δημοκρατικός Στρατός Ελλάδας]]
[[en:Democratic Army of Greece]]
[[he:הצבא הדמוקרטי של יוון]]
[[it:Esercito Democratico Greco]]
[[ru:Демократическая армия Греции]]