Вештерка: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 11:
Од средината на [[20 век]], голем број на луѓе почнуваат да се идентификуваат со терминот „вештерка“, посебно во традицијата [[Вика]]. [[Гералд Гарднер]] ''вештерството'' го опишува како [[религија]] со предхристијански корени, односно еден вид на [[неопаганизам]]).<ref>Margot Adler (1979) ''Drawing Down the Moon: Witches, Druids, Goddess-Worshippers, and Other Pagans in America Today''. Boston: Beacon Press. pp. 45-47, 84-5, 105.</ref>
 
==Во кужмословенскајужмословенска митологија==
Вештерка е жена која со помош на магични, волшебни напитоци, масти или треви може да стекне натприродна зла моќ. Нивните дејанија кои секогаш биле обвиткани со вел на тајната по правило биле изведувани ноќе. Тие суштества на темнината особено се истакнувале по злата врз сопствените семејства и врз малите деца.
 
Вештерките секогаш биле опишувани како грди, стари и неуредни жени, можеле да се трансформираат во различни суштества; знаеле да се претворат во животни, според некои верувања кога вештеросана жена спиела нејзиното тело го напуштал вештерскиот дух и во облик на некое животно, пеперутка или црна птица летале низ просторот и смислувале најдолни зла. Кај М. Цепенков е опишан уште еден облик за кој се верувало9 дека вештерката може да го добие: “Сопрво огнот го видел како една силна ѕвезда и колку приближуал кон него, толку се ширел и најпосле се сторил колку една месечина кога ет полна. Отвори се чинело, на тркало како големата месечина и пак се затворало пак на тркало, ама се праело мало колку една педа и тогај одело како да летат на ветар и право идело на татка.
-Де море, ал де- беше си рекол сам со себе- што ќе се чинит ал сега, кај ќе се бега од оваа вештица ѓаолцка!”
 
==Зло битие==
Постоеле верувања дека вештерка станува жена која била зачната во зол час, или од луѓето кои не ги почитувале постите и полно општеле, поретко се верувало дека женското дете што е радено во плацента станува вештерка, а најчесто било сметано дека се работи за зли жени кои по сопствениот избор или под убедување на некоја друга вештерка самостојно одбираат да се бават со злото и магијата. За магиската крема, напиток или трева со која тие стануваат вештерки постојат многу преданија, дури и Његош во Горскиот венец низ монолиг на вештерката кажува за таа такна: “Ние имаме една трева/ во лонец ја вариме/ од лонец по ред се мачкаме/ и вештерки стануваме.” Според некои преданија од Херцеговина за волшебна крема вештерките користеле човечко сало, детска крв и магиски треви. Подготвената крема ја криле мошне вешто со магија во огништето така што таа била недостапна, секоја ноќ откога ќе заспиеле домашните таа со волшебни зборови ја ваделе и сета се премачкувала со неа.