Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 70:
! colspan="3" | [[Корисник:Makedonij|''СТРАНИЦИ'']]
|-
! rowspan="34" valign="top" | [[Слика:Clipboard.svg|55px|АРХИВИ]]
! УРЕДУВАНЈЕ
|-
Ред 78:
|-
| [[Кратово]]
|-
 
 
|}
 
==Географија==
Кратово е сместен во Североисточниот дел на [[Република Македонија]] помеѓу општините [[Крива Паланка]], [[Пробиштип]], [[Свети Николе]], [[Куманово]] и [[Кочани]], и низ него тече [[Крива Река]]. Градот Кратово е еден од најстарите градови во Македонија и на Балканот сместен во грлото на еден изгаснат [[вулкан]] во [[Осоговските планини]], распространет на бреговите од три мали реки.
 
==Клима==
Климата во Кратово варира од умерено континентална до планинска бидејќи и [[надморската висина]] во градотоварира. Така по течението на Крива Река се чувствува влијанието на Вардарската долина и [[Средоземје]]то, што условува многу блага клима, во повисоките предели умерено континентална а во планинскиот дел планинска.
 
===Температура===
Температурата на воздухот варира доста во летниот период во однос на зимскиот период. Максималната температура во летниот период е 38,5°С . а
минималната во зима е -16,5°С. средно годишната температура изнесува 11,3 °С.
 
===Врнежи и ветрови===
Кратовое средно богат со врнежи и тие се движат од 550 мм до 750 мм воден талог на 1м², во зависност од апсолутната височина. Најизразени врнежи има во [[април]], [[мај]], [[октомври]] и [[ноември]], а најсушни се месеците - [[август]] , [[септември]] и [[февруари]]. Кратово воглавно е под влијание на југозападни ветрови кои доаѓаат по долините на реките и ведуваат до топло и врнежливо време, а североисточните ветрови дуваат од планинските делови и условуваат суво и ладно време.
 
==Етимологија==
 
Постојат повеќе верзии за потеклото на [[име]]то на градот Кратово. Една од овие верзии се базира на претпоставката дека името Кратово доаѓа од местоположбата на градот кој лежи на [[вулкан]]ска подлога, односно [[вулкански кратер]] па оттаму и името Кратово. Втора верзија е дека зборот Кратово настанал со изговорот на [[збор]]овите ''кират''-ова, според името на [[тврдина]]та на бреговите на самата [[Кратовска Река]]. Оваа тврдина е урната до темели уште освојувањето од страна на [[Евреност-бег]]. Трета верзија доаѓа од именувањето на градот од страна на [[Византијци]]те, кои го нарекувале ''Коритос'' или ''Коритон''. Томашевиќ тврди дека основата на името е словенска и доаѓа од зборот ''корито'' според котлината во која е сместен градот Кратово, која личи на корито (оваа верзија се смета за најверодостојна). Кратово е една од најстарите населби на [[Балкан]]от. Иако мало по своите размери и по бројот на жителите, со векови преставувало привлечно место за живеење и за стопанисување. Историските податоци укажуваат на постоење на населби уште од праисторијата, односно од самите зачетоци на цивилизацијата. Според податоците се укажува на постоење на [[цивилизација]] и [[рударство]] на овие простори уште од [[6 век]] пред нашата ера, во времето на [[Пеонци]]те, за кои се тврди дека се најстари жители на Кратово. Во споменатиот период ги населиле сите области помеѓу реките [[Вардар]] и [[Горна Струма]]. Како населба Кратово, исто така, се споменува уште пред раѓањето на Христа, во Хомеровата Илијада во [[6 век п.н.е.]] во која живее тракиското племе [[Пеони]]. Податокот се потврдува и со пронајдените монети на просторот на Кратово, од времето на Адољон Пајонски, крал кој владеел од 315 до 285 година пр.н.е.Од извршените архелошки истражувања во минатото и денес, во разни делови од градот и неговата околина се откриваат многу стари некрополи, кои припаѓаат на разни историски периоди: тракискиот, пеонскиот, античкиот, римскиот, византискиот македонски и од српскиот. Покрај тоа, со ископините беа откриени бројни питоси, мали населби, згура од метал, растурена насекаде во околината, траги од некогашните патишта, водоводи, остатоци и темели од стари градби, римски купови со зашилено дно со огромна големина, многу малтер, делкани камења од некогашните убави згради и разни украсни предмети. Старите монети и другите архелошки остатоци говорат за големата старост на градот.екои од интересните историски споменици во Кратово се 6-те кули (оригинално биле 12), кои служеле за чување на рударите, и мостовите во Кратово. Градот има многу интересна [[архитектура]] од 19 век, а тука се наоѓа истотака и единствената детска галерија на слики во [[Европа]]
 
==Историја==
 
Подоцнежниот развој овозможил во него да се доселат [[католицизам|католички]] семејства од [[Дубровник]], кои со текот на времето прифатиле други вери. Ориентот оставил длабоки траги во коритото на градот. Тоа особено се забележува во станбенатата култура, поточ но во ориенталните куќи со широки чардаци, кои секористеле за дневен престој, каде имало миндерлак, потоа просторот за прием и седење, а собите се наоѓале од двете страни при влезот во куќатата. Ваквите градби сèуште ги има во Кратово, но за жал, тие се оставени на забот на времето. За градбите во ориентален стил пишувале турските патеписци [[Хаџи Калфа]], [[Ќапит Челебија]] и [[Евлија Челебија]]. Од нивните записи многу се дознава за кратовските амами, чаршијата, бакарот од кој се изработувале свеќници, фенери, ибрици, тепсии, саани, легени и друго.
 
Евлија особено ги опишал амамите, еден од нив, за кој се претпоставува дека бил изграден во [[16 век|XVI век]], бил долг 70 м. и имал 40 чешми со топла вода. Амамот бил урнат во [[1689]] г. во периодот на [[Карпошово востание|Карпошовото востание]]. На почетокот на [[17 век|XVII век]] во градот почнале да се на селуваат и [[Турци]] од [[Азија]], кои биле многу богати и тука изградиле свои сараи. Во [[19 век|XIX век]] почнал и развојот на занаетчиството и на трговијата, се обновило рударството и заживеале занаетите, што му овозможило голем подем на градот. Сите овие минувања, живеења, различните цивилизации и владетели и денес се отсликуваат во него.
 
==Археолошки локалитети==
*'''[[Златен Град]]''' или '''Градот на воините''' кој датира од крајот на [[5 век]], и се наоѓа во непосредна близина на с. [[Коњух]]. Мештаните од околните села имаат сопствено усно предание или легенда за локалитетот. На локалитетот, многу одамна, живееле моќен крал со неговата кралица. Тие си имале само една ќерка, која била позната по својата итрина, бистрина и цврстина во карактерот. Арно ама, при еден од оброците, кралската ќерка се задушила, при што доживеала состојба која денеска е позната под терминот „клиничка смрт“, а своевремено луѓето не биле запознаени со овој феномен, така што ја прогласиле за мртва. Кралот и кралицата, во големата жалост, наредиле набрзина да се припреми многу богат погреб во месноста „Мала Кралица“, во непосредна близина на локалитетот „ Големо Градиште“ – с. Коњух. Гробарите, вечерта по погребот, се вратиле да го ограбат гробот. Зеле многу од накитот, даровите, златните и сребрените пари, при што, кога еден од гробарите пришол да го земе ѓерданот од кралската ќерка, кога го потегнал, на свое големо изненадување, видел дека кралската ќерка е жива. Тоа ги ставило во мисла гробарите, дали да ја остават жива или да ја убијат, затоа што таа ги видела како го ограбуваат гробот. По долго размислување, дошле до решение да не ја убиваат, туку да ја однесат во друго кралство, за да не ги издаде на кралот и кралицата. Нејзините родители останале со сознанието дека нивната ќерка е мртва. Тие тргувале со многу богати земји од Исток и Запад. При едно од нивните отсуства, заради трговска размена за друти стоки, нивното кралство било ограбено, а кралскиот град горел во пламен. Тие со свои очи го виделе пожарот во градот, при што заплакале, а денеска, меѓу народот, местото е познато под името „''Плакало''“. Бидејки загубиле сè што им било драго, поради добрите односи со градот [[Солун]], одлучиле да се преселат во него, со целата своја сопственост, а до ден денес спомен на тоа има во т.н. „ ''Коњушко Маало''“ во Солун.
 
*'''[[Големо Градиште]]'''. Меѓу кратовските села Димонци и Конух, на висок рид се издига стариот град Големо Градиште. Таму, во карпи, уште во [[6 век]] биле издлабени мали одаи, одводи, канализација, резервоар за вода, па дури и скали. Тие постојат и денес. На горниот зарамнет дел има остатоци од стражарски кули и градска тврдина. На најтешко пристапниот терен, во стрмните карпи направено е светилиште, поголема просторија која има голем влез и прозорец. Од таму се гледаат рамницата, селските гробишта со стара разрушена црква и околните ридови. Под тврдината, околу триста метри јужно од Големо Градиште се наоѓа црквата "Свети Јован Крстител" која е изградена во [[1955]] година. Таа била направена на местото каде што е откриен Градот на воините или Златен град, како што го нарекуваат кратовци. И денес до црквата има остатоци од колективна гробница и стар храм "ротонда", направен од туф, зелен вулкански камен. Старата црква потекнува од [[6 век]] и за неа археолозите сметаат дека е единствена во Македонија со таков облик. Според легендата се верува дека некаде под водата на [[Крива Река]] има влез кој води до некоја тајна соба што се наоѓа во средината на ридот. Таму имало фигура на жена пред која свети вечна светлина. До тајната соба може да се стигне само рано наутро. Каде одат шатките, од таму е влезот во градот. Според легентдата се претпоставува дека влезот во тврдината е во близина на мостот ''Ракле'' на Крива Река. Преку него се стигнува до селото [[Димонци]] кое од стариот град е оддалечено околу два километра.
 
*'''[[Куклица, камени кукли|Куклица]]''' и камените кукли во овој простор се природна појава настаната со долготрајната ерозија на [[Вулкански карпи|вулканските карпи]] со различна отпорност: игнимбрити, андезити и туфови. Поцврстите, компактни карпи (игнимбрити, андезити) бавно се еродираат и ги штитат меките туфови под себе. Вака заштитени, туфовите заедно со карпестиот блок на врвот, остануваат да штрчат во релјефот во вид на остенци и столбови, односно земјени пирамиди. Во меѓувреме, долготрајните [[Атмосфера|атмосферски]] влијанија ([[врнеж]]ите, [[Температура|температурните]] промени, [[Ветер|ветрот]]) ги доизградиле, моделирале, модифицирале и затоа тие имаат така карактеристичен облик. Овие процеси, кои почнале пред десетина илјади години, продолжуваат и денес, така што некои земјени пирамиди постепено се уништуваат, а други се создаваат. Со тоа, пирамидите перманентно го менуваат својот облик, само што тој процес е бавен и не може да се забележи за еден месец или една година.
 
*'''[[Цоцев Камен]]''' претставувал [[праисторија|праисториска]] [[опсерваторија]] во вистинска смисла на зборот. Наспроти престолот во карпата се изработени неколку седишта како дел од една софистицирана опсерваторија. Од седиштето се набљудувале сонцето, месечината и ѕвездите. На повеќе стотици метри источно од овие камени столови се наоѓаат мегалити, во чија непосредна близина се изработени месечини со голема димензија. Мегалитите со дополнителни врежувања врз нив, или врз камењата во непосредна нивна близина се најсигурниот сведок за тоа дали еден објект претставува опсерватоија.
http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%BD%D0%B8%D0%BA:Makedonij&action=edit
 
 
==Религија и цркви==
Од многубројните цркви во Кратово кои во време на турското владеење ги имало преку 20 од кои се пронајдени остатоци, а до денес останале само три:
*црквата “Св. Никола-чудотворец” во Царина маала, обновена [[1848]] год.
*црквата “Св.Јован Претеча” - во средна маала, обновена [[1836]] год. и
*црквата “Св.Ѓорѓи Кратовски” сместена во старите гробишта. Таа била посветена на единствениот маченик, прогласен за светец од Кратово од [[16 век]] “Св.Ѓорѓи Кратовски” кој поради својата вера во [[христијанство]]то бил спален [[1515]] год. во [[Софија]]. Во негова чест и слава и во чест на зачекорувањето во третиот сехристијански Милениум, Советот на општината Кратово го прогласил празникот “Свети Ѓорѓи Кратовски” за патронен празник на градот кој се слави на [[24 февруари]], а светецот “Свети Ѓорѓи Кратовски” станал симбол и заштитник на градот и [[општина Кратово|општината]].
 
==Економија==
Вистинскиот развој на Кратово започнува во втората половина на [[20 век|XX век]], благодарение на развојот на стопанството пред се на комбинатот „Силекс“, фабриката за брусеви и брусно платно „Иднина“, модната конфекција „Кратовчанка“ и други производни капацитети со што ќе започне масовно вработување, изградба на градот и ќе запре миграцијата на населението.
Но транзицијата го направи своето и освен „Силекс“ се затворија сите поголеми производни капацитети, и се јави масовна невработеност.
Денес малите трговски и конфекциски претпријатија неможат да ги вработат невработените со што започна повторно миграцијата со која се одразува и врз бројот на учениците кој број од година во година е се помал.
 
 
 
==Образование==
Во Кратово постои едно основно [[ОУ "Кочо Рацин" - Кратово|ОУ "Кочо Рацин"]] и едно средно училиште [[ДСУ "Митко Пенџуклиски" - Кратово|ДСУ "Митко Пенџуклиски"]]. Во Кратово постои и интернат за сместување ученици од другите општини и селски населби. Тој располага со 100 легла и можност за
пансионска исхрана. Има и приватна школа за странски јазици, за обука на компјутери, а преквалификацијата на работната сила спрема барањата
на пазарот се врши прку бирото за вработување.
 
==Култура==
Во поглед на културата Кратово како средновековен град е познат и по својата [[Кратовска книжевна школа]], која заедно со книжевната школа на блискиот до Кратово манастир Св. Гаврил Лесновски биле мошне активни особено во периодот од [[12 век|XII]] до [[14 век|XIV]] век. Не само што се препишувале стари книги, се пишувале и нови текстови од црковен карактер со што Кратово во раниот среден век станува и културен центар.
 
Денес од културни установи работи музејот на град Кратово, домот на културата и градската библотека, а од образовни институции покрај средното општинско училиште работи детската градинка „Царка Андреева“ и основното училиште „Кочо Рацин“.
 
==Архитектура==
Голем број куќи со типична старогратска македонска архитектура и денес го красат Кратово. Речиси во сите градби се среќава каменот и дрвната конструкција,пересте и плитар. Ваквиот начин на градба им овозможува еластичнот и цврстина на градбите, во стилот на старомакедонската архитектура.Стреите и таваните биле украсувани со декоративни штички. Чардаците скоро на секоја куќа се посебно обележие на кратовската куќа. Од самиот чардак зависело и обликувањето на куќата. Вратите на куќите се еден од најубавите и најобработени детаљи. Тие се среќаваат како еднокрилни или пак двокрилни. Речиси во секоја кратовска куќа се градел амам, односно бања за капење. Како посебна просторија во куќата го среќавама огништето кое служело за загревање на просториите или за готвење храна.
 
===Мостови===
 
Интезивната комуникација на луѓето во градот Кратово, неминовно придонела за градење [[мост]]ови на Кратовска и [[Манцева Река]], а со единствена цел да се подобри комуникацијата на градот од левата и десната страна на овие реки. Денес на Кратовска Река се сочувани 4 камени и еден дрвен мост, како и еден бетонски. Сите кратовски мостови се фундирани на карпеста почва. Како главен градежен материјал бил користен [[камен]]от од вулканско потекло. Челните ѕидови и речните крајбрежни столбови кои се директно изложени на ударот на водата, се ѕидани од тврд тешко распадлив камен, сводовите биле изведувани од делкан камен со ќошиња кои биле мошне прецизно изработени. Оградите на сите мостови се ѕидани од камен, а одозгора се покриени со плочи. Кратовските мостови преставуваат соодветен израз на градителството во турскиот период кај нас. Во нив се вткаени вековните неимарски искуства на турско – словенското градителство. Тоа се мостови со витка линија, со главен лак, со прецизно изработена архиволата и имаат нагласена декоративна линија. Со обнова на занаетчиството и трговијата во 19 век, во градот се појавила потреба за изградба на нови мостови. Неколку најпознати мостови се подигнати токму во овој перид: Радев мост, Радин мост, Гровчанскиот мост, Чаршиски мост, Јокшински мост, Свински мост, Сарајски мост.
====Грофчански мост====
Се наоѓа меѓу Сарајски мост и Чаршиски мост наизводно поврзувајки ја [[Ајдучка чаршија]] со десниот брег на Кратовска Река. Овој мост е еден од главните комуникациски правци. Мостот е изграден во почетокот на 18 век од кратовската фамилија Грофчански која се доселила од [[Мала Азија]] и била доста богата. Должината на мостот изнесува 30, ширината 4, а висината 8 метри
 
====Радин мост====
Овој мост се наоѓа на познатата Манцева Река и е подигнат во [[1833]] година. Мостот е подигнат на две високи кули, од кои едната е висока 28 а другата 29 метри. Сегашниот мост е изграден од познатиот скопски големец [[Хавзи-паша]].
 
==Транспорт==
Кратово е поврзан со регионалниот пат [[Р-206]] кој овозможува поврзување на градот со другите магистрални правци:
*'''Патот М-2''' ,кој ја поврзува со [[Крива Паланка]] и [[Република Бугарија]] во едниот правец , а со [[Куманово]] и [[Скопје]] во другиот правец.
*'''Патот М-5''' ја поврзува општината преку [[Пробиштип]], [[Кочани]] , [[Делчево]] и Р.Бугарија во еден правец, а во другиот правец со [[Штип]], [[Велес]], [[Гевгелија]] и Р.[[Грција]].
 
==Медиуми==
Во градот Кратово постои локална радио станица [[Радио Кратово]],која ја обавува информативната дејност во општината и градот. Градот е покриен со два државни и два приватни ТВ канала кои работат на територијата на целата држава. Постои и една кабловска ТВ станица “[[Крателсат]]” -која го покрива градот Кратово.
 
 
==Спорт и рекреација==
На територијата на градот Кратово постои природно градско зеленило, а во општината постојат и многу убави излетнички места кои се во непосредна близина на градот: планината Лисец, Буковец, долината на реката Злетовица и Крива Река. На територијата на општината постои еден уреден паркинг
простор, хотелот “Кратис” и повеќе угостителски објекти кои им пружаат угостителски услуги на граѓаните. Постои и градски олимписки базен со кој стопанисува АД РИК “Силекс”-Кратово.
 
Од спортски терени постојат неколку асфалтирани спортски терени , една спортска сала и модерен фудбалски стадион на [[ФК Силекс|фудбалскиот клуб “Силекс”]], кој успешно се натпреварува во [[Прва Македонска Лига (фудбал)|Првата Македонска фудбалска лига]]. Тој три пати ја освојуваше шампионската титула и двапати Купот на Македонија по осамостојувањето на нашата држава, и со успех се натпреваруваше во Европските фудбалски купови: Купот на шампиони и УЕФА купот.
 
Во градот егзистираат и два женски ракометни клуба: [[РК Кратово|РК “Кратово”]] и [[РК Добра Вода|РК ”Добра Вода”]], кои се натпреваруваат во Првата
Македонска ракометна лига. Постои карате клуб, како и шаховски клуб “Кратово”.
 
==Знаменитости==
 
===Златкова кула===
Оваа кула е изградена во [[1365]] година. Името го добила според нејзиниот последен сопственик, ''Ѓорги Златков''. Тој ја купил ова кула од ''Асан Ефендија'', според чие име дотогаш се нарекувала. Основата на кулата е правоаголна, изградена е од дебели камени ѕидови, висока е 5,90 и 6,35 метри.Кулата има три ката,во неа се влегува со помош на подвижни скали. Под самиот праг на вратите се гледаат остатоци од камени греди и проширен ѕид на којшто се поставувале подвижните скали. На југоисточниот ѕид се наоѓа длабнатина којашто била бања со санитарен јазол. Кон последниот најгорен кат водат дрвени скали,каде што се влегува преку дрвена врата, која се затвора хоризонтално. Се претпоставува дека оваа кула е една од најстарите кратовски кули.
 
===Еминбегова кула===
Оваа кула е висока 12,74 метри, а основата и е правоаголна со ширина од 6,10 метри. Вратата се наоѓа на јужната страна и е изведена од делкан камен. На кулата се забележуваат остатоци од проширувањата на страничните ѕидови. (може да се даде претпоставка дека оваа кула можеби била споена со друг објект кој подоцна бил срушен. На истиот ѕид десно од влезот на кулата во вид на рог е издадена пирамида која преставува самостоен објект. Тоа било бања со тоалет. Кулата има три ката. Спратовите се преградени со дрвена конструкција и поплочена со шестоаголни плочи. Дебелината на вратите изнесува 8 см, и се подебели од останатите кули. Тие се отвараат вртејќи се околу дебели оски потпрени во камен жлеб, а горниот крај на вратата е поставен во железни цевки. Скалите се доста стрмни и се дрвени, а само на третиот кат се камени. Третиот кат е висок 6,05 метри со крстест свод и покрив од плочи. Тука има камин, ниша, полици и долапи за покуќнина.
 
===Смиќева кула===
Оваа кула е висока 12,74 метри, а основата и е правоаголна со ширина од 6,10 метри. Вратата се наоѓа на јужната страна и е изведена од делкан камен. На кулата се забележуваат остатоци од проширувањата на страничните ѕидови. (може да се даде претпоставка дека оваа кула можеби била споена со друг објект кој подоцна бил срушен. На истиот ѕид десно од влезот на кулата во вид на рог е издадена пирамида која преставува самостоен објект. Тоа било бања со тоалет. Кулата има три ката. Спратовите се преградени со дрвена конструкција и поплочена со шестоаголни плочи. Дебелината на вратите изнесува 8 см, и се подебели од останатите кули. Тие се отвараат вртејќи се околу дебели оски потпрени во камен жлеб, а горниот крај на вратата е поставен во железни цевки. Скалите се доста стрмни и се дрвени, а само на третиот кат се камени. Третиот кат е висок 6,05 метри со крстест свод и покрив од плочи. Тука има камин, ниша, полици и долапи за покуќнина.
 
 
 
==Личности==
;Родени во Кратово
* [[Борис Борозанов]] (1897 - 1951), артист и режисер
* [[Георги Данаилов]] (1877 - 1928), просветен деец
* [[Св. Ѓорѓи Кратовски]] (1496/1497 - 1515), светец новомаченик
* [[Григор Манасиев]] (? - 1903), просветен деец и револуционер
* [[Ефрем Каранов]] (1852 - 1927), фолклорист и деец
* [[Јосиф Даскалов]] (1868 - 1909), револуционер
* [[Михаил Монев]] револуционер
* [[Павел Шатев]] (1882 - 1951), револуционер
* [[Стефчо Максимов]] (? - 1898), просветен деец
* [[Стојан Леков]] (? - 1924), револуционер
* [[Цане Андреевски]] (р.1930), писател
* [[Јаким Игнатиев]] револуционер, член на ВМРО
*[[Стојанче Андонов - Дито]] (р. 08.06.1980), македонски академски сликар
 
;Починале
*[[Атанас Бабата]] (?-1903), револуционер