Олимпија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 4:
== Македонска царица ==
 
Олимпија е ќерка на епирскиот цар [[Неоптолемеј II]], кои се сметале за потомци на [[Ахил]].Првичното име и било [[Поликсена]], но во детскиот живот го носела името [[Миртала]], а по свадбата, [[Филип II]] и го дал името Олимпија во чест на спортските игри. Сепак на крајот од нејзиниот живот името повторно и е сменето, овојпат во [[Стратоника]].
 
Според [[Плутарх]], [[Филип II]] прв пат ја сретнал Олимпија на островот [[Самотраки]]. Неоптоломеј не владеел долго, епирскиот престол го наследил неговиот брат [[Арриба]], кој пак во [[359 п.н.е.]] го дал на својата внука Олимпија. Во [[356 п.н.е.]] се родил [[Александар III]], подоцна познат како [[Александар III Велики]], а потоа и неговата сестра наречена [[Клеопатра Македонска|Клеопатра]]. Имало легенда во која се велело дека таткото на [[Александар III]] не бил [[Филип II]], бидејќи тој ја одбил љубовта на Олимпија поради змиите, туку [[Зевс]] кој спиел со Олимпија за време на олујата. Самиот Александар ја подржувал легендата поради политички причини, но го сметал за свој татко [[Филип II]].