Александар Станишев: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Иван (разговор | придонеси)
ситно
Иван (разговор | придонеси)
с с.
Ред 3:
Средно училиште завршува во [[Солун]]. Студирал природна историja во [[Софиja]] (1904-1905), а потоа завршил на Медицинскиот факултет во [[Минхен]], [[Германиjа]] (1905-1910). Работи како асистент во Универзитетската хируршка клиника во [[Минхен]] и во болници во [[Берн]] и [[Ландау]] (1910-1912). Во [[Балкански воjни|Балканските]] и [[Прва Светска војна|Првата Светска воjна]] учествувал како [[Хирургија|хирург]] во бугарски воени болници во [[Тракија]] и [[Македонија]].
 
Станишев специјализира во [[Хаjделберг]] и Минхен (1919-1920). Од 1920 година е доцент на Катедрата по клиничка хирургиjа на Медицинскиот факултет на [[Софиски универзитет|Софискиот универзитет]], а од 1923 година е редовен професор на истата катедра. Основач е и прв директор на Хируршката клиника во Софиjа. [[Декан]] е на Медицинскиот факултет на [[Софиски универзитет|Софискиот универзитет]] (1930-1931, 1937-1938), а подоцна - [[ректор]] на Софискиот универзитет "Свети [[Климент Охридски]]" (1938-1939).
 
Александар Станишев e добитник на многу меѓународни признавања. Во 1935 година е одбран за член, а во 1938 г. за подпретседател на Меѓународната хируршка академиjа во [[Женева]]. Од 1939 година е почесен член на [[Универзитетот во Хамбург]], а следната година е прогласен и за почесен доктор на [[Берлински универзитет|Берлинскиот универзитет]].
 
Политичката деjност на Александар Станишев е поврзана со борбата за ослободувањето на Македониjа од српско и грчко ропство, со крајна цел нејзино припојување кон Бугарија, а потоа и со окупацијата на Македонија од страна на прохитлеровскиот режим на Бугарија во [[Втора Светска Војна|Втората Светска Војна]]. Од [[1 jуни]] [[1944]] до [[2 септември]] [[1944]] година е министер за внатрешни работи и здравство на Бугариjа. По промените во Бугариjа на [[9 септември]] [[1944]] е осуден на смрт од така наречениот [[Народен суд во Бугариjа|Народниот суд]] и на 1 февруари 1945 г. е стрелан заедно со други интелектуалци поврзани со политичкиот живот на Бугариjа за време на Втората светска Војна.