Свети маченици Тријандафил и Анастасиј: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
внимание
с ситно
Ред 1:
{{внимание}}
Свети Тријандафил беше родум од Загора, а свети Анастасиј (Спасо) од [[Радовиш]], од струмичката епархија. Обајцата беа Словени, обајцата млади и прости луѓе. Но љубовта Христова им беше помила од светот и од животот. Животот го дадоа, но Христа не Го изневерија. За Христовата вера пострадаа од Турците[[Турци]]те, и тоа Тријандафил во [[Цариград]] 1680 година, а Анастасиј во [[Солун]], [[1794]] година.
 
Свети Анастасиј се родил во древниот Тиверопол, во село Радовиш. Неговите родители го упатиле во светата вера, а со цел чесно да го заработува своето парче леб, го дале да изучи оружарски занает. На дваесет годишна возраст, заминал во Солун, во посета на својот поранешен учител-мајстор. Мајсторот, пак, имал неколку турски одежди и сакал да ги продаде на луѓето без да плати данок (царина) за нив. Така го наговорил својот ученик да облечен еден од тие костуми и така облечен да излезе од градот, велејќи му: „Во оваа болека си како вистински Турчин“. Ученикот пробувал да го одврати од намерата својот учител, но од добродушност и желба да му угоди на учителот, се согласил да го стори бараното. Цариниците, пак, го запреле на градските порти и му побарале писмена потврда за платен данок. На тоа, Анастасиј одговорил дека е Турчин, на што тие побарале од него да го прчита салевот, муслиманското исповедување на верата. Тој молчел и не го сторил тоа.