Даниела Андоновска-Трајковска: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
Ред 5:
Дипломирала на Факултетот за учители и воспитувачи во Битола во [[2001]] година, како најдобар студент на генерацијата, магистрирала на тема „Методски постапки за поттикнување на поетското творештво во одделенската настава“ ([[2006]] год.), а докторирала на тема „Методичко моделирање на развојот на критичката писменост како општообразовна компетентност“ на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ([[2010]] год.).
 
Акредитиран ментор е на магистерски и докторски студии<ref>https://mnd-bitola.mk//</ref>, а има објавено стотина стручни и научни трудови во референтни меѓународни публикации, учесник во значајни меѓународни образовни и научни проекти и национален обучувач за наставници (од 2010 до денес), предавала заедно со универзитетските професори [[Робин Меккорд]] (Robin McCord) од [[Чендлер]], [[Аризона]], [[САД]] (Chandler, Arizona (USA)) и [[Хуан Хозе Варела Тембра]] (Juan Jose Varela Tembra) од [[Сантјаго де Компостела]], [[Шпанија]] (Santiago de Compostela, Spain) по следниве предмети: Образовна методологија (Educational Methodologies) (2005 and 2006) и Рани детски искуства по јазични уметности (Early Childhood Experiences in Language Arts) (2007 and 2008) на Меѓународниот летен Универзитет, SPARK, поранешна ATA (Academic Training Association) со седиште во [[Амстердам]], [[Холандија]].
 
Орестојувала на повеќе студиски престои во странство и учествувала на бројни меѓународни конференции. Коосновач е на Универзитетскиот литературен клуб Дениција ПФБТ УКЛО, а иницијатор е и за создавањето на Центарот за литература, уметност, култура, ораторство и јазик на Педагошкиот факултет – Битола каде активно работи на проекти од областа на книжевноста.