Новогодишна ноќ: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 23:
 
=== Сингапур ===
Најголемата прослава и централна манифестација за Новогодишната вечер во [[Сингапур]] се оддржуваодржува на Мариновиот брег, на која обично присувствуваатприсуствуваат околу 250.000 луѓе. Други места на коишто има прослави за дочек на Новата година, а се во близина на Мариновиот брег, се хотелите: Фултон, Марина Мадарин, Риц-Карлтон Милениум, Марина Беј Сендс, итн.
 
На кејот, 20.000 балони исполенти со 500.000 желби на Сингапурците приредуваат визуелна уметничка приредба исполнет со брилијатни бои со помош на светлосни ефекти. Присутните се забавувани од различни улични актери и концерти, кои се оддржуваатодржуваат на пловечка платформа до брегот. Учествуваат актери и изведувачи како од земјата така и од странство. Целата манифестација се пренесува во живо на телевизија. Последните десет секунди до полноќ,се одбројувани од изведувачите заедно со публиката. На тоа следни спектакуларен огномет, кој го осветлува целиот брег.
 
=== Филипините ===
Најобично Филипинците ја дочекуваат Новата година во друштво на фамилијата и блиските пријатели. Традиционално во повеќето куќи се оддржуваатодржуваат вечери кои населението ги вика Медиа Ноче (''Media Noche''). Главното јадење е свинско на ражен. Скарата исто така е дел од менито.
 
Повеќето Филипинци практикуваат одредени суеверија за време на дочекот на Новата година. Некои од овие суеверија се: Носењето на облека со округли шари, за кои се верува дека носат пари и среќа или друга шарена облека за која се верува дека следната година ќе биде безгрижлива; фрлањето парички точно на полноќ се верува дека ќе ја зголеми благосостојбата во годината што следува; тропањето со парички во метална кутија додека се оди околу куќата, скокајќи високо за што се верува дека ќе придонесе за физичкото здравје и висина се исто така дел од суеверијата; Филипинците испуштаат гласни звуци преку картонски или пластични свирки кои ги нарекуваат „торотот“, трескање на железни садови и палејќи огномети и пиротехника, за кои се верува дека ќе ги избркаат лошите духови и слите сили.