Липидни капки: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 16:
2. При постигање на одредена маса синтетизирани липиди, тие започнуваат да се акумулираат меѓу двата листа на ЕР-мембраната, формирајќи таканаречена леќа;
 
3. Акумулирањето на липидите доведува до испапчување на цитозолниот лист од ЕР-мембраната – процес најверојатно поддржан од повеќе регулаторни протеини<ref>{{Наведено списание|last=Thiam|first=Abdou Rachid|last2=Farese Jr|first2=Robert V.|last3=Walther|first3=Tobias C.|date=2013-12|title=The biophysics and cell biology of lipid droplets|url=http://www.nature.com/articles/nrm3699|journal=Nature Reviews Molecular Cell Biology|language=en|volume=14|issue=12|pages=775–786|doi=10.1038/nrm3699|issn=1471-0072}}</ref> кои се рекрутираат на местото на новоформирачката (насцентна) липидна капка.;
 
4. По достигање на критична маса, насцентната липидна капка се отцепува од ЕР-мембраната, обвиткана од фосфолипиден монослој, кој потекнува од цитозолниот лист на ЕР-мембраната. Фосфолипидниот состав на обвивката и површинската тензија имаат значителна улога во пупчењето на липидната капка.;
 
Различни регулаторни протеини се асоцирани со површината на липидната капка. Нивното таргетирање до површината на липидната капка е предмет на тековно истражување. За разлика од трагетирањето на протеини кон другите органели, протеините специфично насочени кон липидните капки не поседуваат сигнална секвенца.