Липидни капки: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 4:
 
=== Градба на липидните капки ===
Липидните капки се изградени од хидрофобно јадро (во чиј состав влегуваат со најголем процент триацилглицеридите и холестерол-естрите), обвиткано со фосфолипиден монослој, асоциран со голем број различни регулаторни протеини (перилипин, CGI-58 и други).
 
За разлика од другите клеточни органели, чија мембрана е изградена од типичен фосфолипиден двослој – биомембрана составена од два листа на фосфолипиди чии поларни глави се ориентирани кон водената фаза (цитозолот од една страна и луменот на органелата од друга страна), фосфолипидниот монослој, кој ги обвиткува липидните капки, го овозможува хидрофобниот карактер на внатрешноста на липидната капка, што е од функционално значење за нивната примарна улога во складирање на хидрофобни липиди. Ваквата градба на липидната капка покажува сличности со онаа на мицелите – поларните (хидрофилни) глави на фосфолипидите се ориентирани кон цитозолот (воден раствор), а хидрофобните опашки на маснокиселинските остатоци кон хидрофобната внатрешност. Молекуларната архитектура на липидните капки е слична со онаа на липопротеините - биокомплекси, чија функција е транспорт на нерастворливите липиди и холестерол-естри како и на холестерол низ крвта. Фосфолипидниот монослој на липидните капки е накитен со различни регулаторни протеини, чија функција е во склоп со регулацијата на липидниот метаболизам. Во типичните протеини асоцирани со површината на липидните капки спаѓаат протеините од PAT-фамилијата: перилипин (Perilipin-1, -2, -3), понатаму протеинот CGI-58 (comparative gene identification protein 58)  и други.