Сурлица: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 64:
 
== Историја ==
Во минатото во ова село некое време живееле Јуруци. Имало од 60 до 70 јуручки куќи во селото. Во времето додека овде живееле јуруците, од [[кратовско]] се доселиле двајца браќа. Нивните куќи лежеле подалеку од јуручките куќи, во Ѓоринско мааало. Двајцата браќа овде имале вкупно 9 синови. Тие брзо се намножиле, и цело село потекнува од споменатите двајца браќа доселени од [[кратовско]].<ref name=":0">{{Наведена книга|title=|first=|publisher=|others=Трифуноски, Јован (1964). Горна Пчиња. Белград: Српска академија на науките и уметностите.|year=|isbn=|location=|pages=}}</ref>
 
Кон крајот на XIX век Сурлица е село во прешевската каза на османлиската империја. Според патриаршискиот митрополит Фирмилиан во 1902 година во селото имало 67 патриаршиски куќи.<ref>[[c:File:Izvestaj_od_skopskiot_mitropolit_za_brojot_na_kuci,_1902.pdf|Известие от скопския митрополит относно броя на къщите под негово ведомство]], 1902 г., сканирано от Македонския държавен архив.</ref> По податоците на секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев („Lа Mаcédoinе еt sа Populаtion Chrétiеnnе“) во 1905 година во селото има 240 жители.<ref>Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, рр. 146-147.</ref>
 
Ред 69 ⟶ 71:
 
Во селото има параклис „Света Параскева“.<ref name="Епархија Врањска">{{Наведена мрежна страница|url=http://www.eparhijavranjska.org/eparhija/sematizam/ObjektiQview.asp?ID=169|title=Капела св. преподобне Параскеве|last=|first=|date=|work=|publisher=Епархија Врањска|language=|accessdate=23 декември 2017|quote=}}</ref>
 
=== Родови ===
Сурлица е населена со српско население.
 
Според истражувањата од 1949 година, родови во селото:
 
* '''Доселеници:''' Целото население на селото потекнува од двајца браќа кои се доселиле од [[Кратово|кратовскиот крај]], непознато од кое место. Родови се следните: ''Ѓоргинци (21 к.)'' еден дел од овој род се вика ''Качарци''; ''Долномалци (12 к.)'' имаат иселеници во селото [[Горно Коњаре]] кај [[Куманово]] (едно семејство); ''Бигларци (25 к.)'' имаат иселеници во селото [[Каравуково]] во [[Војводина]]; ''Јанковци (11 к.)'' имаат иселеници во селото [[Иванковци]] кај [[Велес]] (едно семејство иселено, а се поделиле на две куќи); ''Станојинци (9 к.)'' се делат на ''Станковци и Миленковци''. Во овој род се знае следната генеологија Манасија (жив на 76 год. во 1949 година) Станко-Стеван-Станоја-Билисав, еден од браќата кои се доселиле од [[кратовско]]. Имаат иселеници во селото [[Иванковци]] (две семејства) и во [[Горно Коњаре]] (едно семејство); ''Стајинци (7 к.)'' живеат во истоименото мааало; ''Масларци (6 к.)'' имаат иселеници во [[Мустафино]] во [[Овче Поле]] (едно семејство); ''Деда-Стојановци (21 к.)'' еден дел од овој род се вика ''Мишинци''; ''Смокарци (2 к.)'' гранка се од претходниот род. Имаат иселеници во [[Метохија]] ([[Г. Гуданце]]).<ref name=":0" />
 
== Население ==
Ред 79 ⟶ 88:
* 1991- 156
* 2002- 101
 
== Иселеништво ==
Покрај погоре споменатите иселеници при описот на родови, иселеници има и во селото [[Плоча]] кај [[Босилеград]] (иселеникот ја основал Суљева маала). потоа во [[Крива Паланка|паланечкото]] село [[Огут]] (''Качаровци''), во пчинските села [[Долна Лесница]] (''Јуруци и Спасинци'') и во селото [[Голочевце]] (''Мамузовци'').<ref name=":0" />
 
== Бележки ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Сурлица