Зрзески манастир: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 22:
}}
 
'''Зрзески манастир''' (се среќава и како '''Зрзенски манастир''' или '''Зрзевски манастир''') или '''манастир „Св. Спас'''<ref>Снегаров, Иван. История на Охридската архиепископия-патриаршия, т.2. Второ фототипно издание. София, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“, 1995, [1932]. ISBN 954-430-345-6. с. 444-445.</ref><ref>Филов, Богдан. „Пътувания из Тракия, Родопите и Македония 1912-1916“, съставител Петър Петров, София, 1993, стр. 168-171.</ref> — [[манастир]] во средишниот дел на [[Македонија]], на јужните падини на планината [[Даутица]], во близина на селото [[Зрзе]].<ref>{{наведена книга|last=Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски|title=Карта на верски објекти во Македонија|editor=Валентина Божиновска|publisher=Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи|location=Менора - Скопје|date=2011|isbn=978-608-65143-2-7|page=21}}</ref> До него се пристигнува по асфалтен пат којшто поминува низ прилепските села [[Ропотово]], [[Пешталево]], [[Костинци]] и [[Зрзе]].<ref name="економија">Александар Матески, „Зрзе“, ''Економија и бизнис'', година 19, број 226, април 2017, стр. 106-107.</ref> Манастирот е прогласен за [[Културно наследство на Македонија|споменик на културата]]. Тој е епископско седиште на хераклејскиот епископ [[Климент Хераклејски|Климент]].<ref name="манастир-oldprilep">„[http://www.oldprilep.com/sveto-preobrazenie-zrze/ Манастир „Свето Преображение”, Зрзе]“. ''OldPrilep''. 7 април 2012.</ref>
 
Манастирот најверојатно бил изграден некаде во XIV век од монахот Герман за време на владеењето на српскиот цар [[Стефан Душан]], што е поткрепено со натписот сместен на надворешниот ѕид од јужниот влез на главната манастирска црква.<ref name="манастир-oldprilep"/> Првобитната манастирска целина зафаќала површина од околу 7.000 м<sup>2</sup>. Таа имала утврдени ѕидини и одбранбени кули, а нивниот распоред е забележлив и во денешниот изглед на манастирот кој е со помала површина.<ref name="манастири">{{наведена книга|last=Ќорнаков|first=Димитар|title=Македонски манастири|year=2009|publisher=Матица македонска|location=Скопје|language=македонски|isbn=9989-48-558-5|pages=157-165}}</ref> Денес, манастиската целина ги вклучува црквите [[Црква „Св. Преображение“ - Зрзе|„Св. Преображение“]] и [[Црква „Св. Петар и Павле“ - Зрзе|„Св. Петар и Павле“]], а како негов [[метох]] се јавува и [[Црква „Св. Никола“ - Зрзе|црквата „Св. Никола“]] во селото Зрзе.