Википедија:Песок: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Отповикано
Ја заменувам страницата со 'Stefan Petrovski Pashic'
Ознаки: Заменето Отповикано
Ред 1:
Stefan Petrovski Pashic
{{Ве молиме експериментирајте под овој ред, благодариме.}}
<!-- Здраво! Слободно пробајте ги Вашите форматирачки и уредувачки вештини под овој текст. Бидејќи оваа страница е за уредувачки експерименти, нејзината содржина често ќе биде чистена. -->
 
'''Сузана Јовчева''' е еден од најзначајните женски вокали на македонската музичка сцена, музичар, вокален солист, композитор, текстописец, аранжер и продуцент.
Родена е во Струмица на 26.09.1975 година. Основно училиште завршува во Струмица, денешно ООУ „Видое Подгорец“ каде што каде што паралелно го завршува и основното музичко училиште во ООМУ „Боро Џони“. Во текот на стекнување на основното образование, таа членува и во играорното културно уметничко друштво на градот каде што го учи, работи и негува македонскиот фолклор преку солистичко, но и дуетско пеење. Како резултат на тоа следуваат многубројни настапи и концерти како во државата така и надвор од нејзините граници. Во тоа време Сузана Јовчева е и активен член на градскиот хор „Деница“ којшто го раководи проф. Коста Тимов. Следуваат многубројни настапи со хорот каде што таа настапува и како солист.
Средно музичко образование го продолжува во Штип на одделот за наставна теорија и педагогија, а исто така од втора година и на одделот за соло пеење во класата на проф. Марија Николовска во средното музичко училиште Илија Николовски Луј во Скопје, каде што и завршува.
Дипломира на факултетот за музичка уметност во Скопје. За време на студиите на покана на ансамблот за народни игри и песни „Танец“ настапува како солист, пеејки ја изворната народна песна на многубројни концерти и настапи. За време на студиите таа е редовен член на хорот при факултетот за музичка уметност под раководство на проф. Драган Шуплевски.
По дипломирањето добива понуда за работа во Македонската радио телевизија во забавната редакција како музички соработник и илустратор. По извесно време почнува да работи и како професор по музичко образование каде што работи со хорови и оркестри при што освојува голем број на награди.
Традицијата на сопствениот народ, игрите, песните, ората, танците, народните носии, инструментариумот и се што е поврзано со Македонскиот фолклор, меѓу другото, е нејзиното поле на истражување.
Сузана Јовчева во 2009 година станува постојан соработник и член на музичката група Синтезис. Со нив таа го работи тој специфичен начин на етно музицирање и пеење, карактеристично токму за тој стил на музика, за тој фолк – епски призвук којшто ја отсликува убавината на изворната Македонска песна, како и традицијата и историјата на Македонскиот народ. Таа заедно со нив како вистински амбасадори на Македонската култура и уметност, работи со огромна љубов и посветеност, а плодот од таа континуирана работа се многубројните настапи и концерти насекаде низ светот. Нивната заедничка работа дава посебна димензија за пристапот и начинот на обработка на народната песна. Toа e музика којашто претставува синтеза на народното, изворното со класичното и модерното, а тоа се постигнува пред се со начинот на хармонизација.
Сузана Јовчева долги години настапува и како соло артист, на домашните музички фестивали на новосоздадени македонски народни песни и забавни мелодии. На тој начин таа дава придонес за развојот на македонската култура. Нејзините новосоздадени народни песни се компонирани и отпеани во духот на традиционалната македонска народна песна.
На музичките фестивали таа освојува голем број на награди меѓу кои повеќе пати е наградувана со награда за интерпретација. Како уметник, македонската песна и култура таа ја презентира речиси насекаде низ Европа, Австралија, Канада, Америка, Израел, Јапонија, итн.