Франц Беме: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Франц Фридирх Беме''' ({{lang-de|Franz Friedrich Böhme}}; Целтвег, Штаерска , Австроунгарија...
(нема разлика)

Преработка од 21:51, 19 септември 2020

Франц Фридирх Беме (германски: Franz Friedrich Böhme; Целтвег, Штаерска , Австроунгарија 15. април 1885 - Нирнберг 29. мај 1947) е германски, австриски и австроунгарски пешадиски генерал. Пред војната бил командант на 30 и 32-та германска дивизија. За време на војната од 32 пешадиска дивизија станува командант на 18 брдски корпус, а од 16 септември 1941 до ноември 1941 ополномоштен генерал за командување во Србија. Во тоа време се извршени многубројни масовни одмазди над цивилното население во Србија. Во периодот од 24 јуни до 17 јули 1944 е командант на 2-та оклопна армија на Германија која оперирала на Балканот, претежно на територијата на Југославија. Подоцна е командант на 20-та армија во Норвешка. Суден е во Нирнберг како одговорен за масакар на над илјада српски цивили. Извршил самоубиство. [1]

Наводи

  1. Zentner, Christian; Bedürftig, Friedemann (1997). The Encyclopedia of the Third Reich. Perseus Books Group. ISBN 978-0-306-80793-0.