Свет Дух: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Doboli (разговор | придонеси)
Дополнување. Направена е реконструкција со цел хармоничност, а за секој стих што беше посочен, поопширно е напишано: улогата, плодовите и даровите на Светиот Дух.
Ред 3:
 
[[Податотека:Rom, Vatikan, Basilika St. Peter, Die Taube des Heiligen Geistes (Cathedra Petri, Bernini).jpg|мини|лево|Приказ на Светиот Дух како гулаб од [[базиликата Свети Петар]]]]
Светиот Дух е третото Лице на Троединиот Бог и го гледаме уште при создавањето на светот (Битие 1:2).
Светиот Дух е трета личност од Божјата природа на Пресвета Троица.
Светиот Дух се спомнува често пати во [[Свето Писмо|Светото Писмо]] но при тоа треба да се прави разлика меѓу:
* Прво, личноста на Светиот Дух, тоа е [[Бог]].
* Второ, даровите кои произлегуваат од Светиот Дух, или плодови на Светиот дух. Даровите на Светиот Дух се нарекуваат и несоздадени енергии кој произлегуваат од третата Личност.
 
Дела 5:3-4: „Но Петар рече: ,Ананија, зошто го исполни сатаната срцето твое да Го излажеш Светиот Дух и да прикриеш дел од земените пари за нивата? Додека не беше продадена, нели бе­ше твоја? И откако ја продаде, нели беа парите во твоја власт? Зошто си стави на срцето свое таква работа? Ти не из­лажа луѓе, туку Бога!‘“ - Значи, Петар вели дека кога Ананија го излажал Светиот Дух, тој всушност го излажал Бог!
Дарови се: Нежност, Вистина, Мир, Пророкување, Исцелување, Проповедање, Поуки, Совети, Помагање. Според плодовите и љубовта ќе ги познаеме вистинските ученици Христови.
 
Во Библијата, Светиот Дух е наречен со следниве имиња: вечен Дух (Евреите 9:14), Божји Дух (Битие 1:2; Јов 33:4; 1 Коринтјаните 2:11), Господов Дух (Исаија 11:2; Дела 5:9; 2 Коринтјаните 3:17), Христов Дух (Римјаните 8:9; 1 Петар 1:11; Галатјаните 4:6), Дух на Таткото (Матеј 10:20), Дух на живиот Бог (2 Коринтјаните 3:3), Духот на животот (Римјаните 8:2), Духот на благодатта (Евреите 10:29), Духот на вистината (Јован 14:7), Духот на светоста (Римјаните 1:4) итн.
 
== Кој е Светиот Дух според црквата ==
[[Податотека:St. Demetrius Church in Bitola 5.JPG|мини|лево|Отецот, Синот и Светиот Дух - икона од црквата „Св. Димитриј“ во [[Битола]]]]
[[Бог]] е Отец, Син и Свет Дух. И сите божествени карактеристики што ги имаат Отецот и Синот ги има и Светиот Дух. Кога човек ќе се нановороди преку верување и примање на [[Исус Христос]] (Јован 1:12-13; Јован 3:3-21), Бог престојува во него преку Светиот Дух (1 Коринќаните 3:16). Светиот дух има интелект (1 Коринќаните 2:11), чувства (Римјаните 15:30) и волја (1 Коринќаните 12:11).
 
Главната улога на Светиот Дух е да сведочи за [[Исус Христос]] (Јован 15:26, 16:14). Тој им ја кажува на срцата на луѓето вистината за Исус Христос. Светиот Дух исто така и поучува (1 Коринќаните 2:9-14). Тој му ја открива Божјата волја и вистината на христијанинот. Исус им рече на Своите ученици:
=== Улогата на Светиот Дух ===
„А Утешителот, Светиот Дух, Кого Отецот ќе Го испрати во Мое име, ќе ве научи на сè и ќе ве потсети на сè што ви реков“ (Јован 14:26).
 
„А кога ќе дојде Тој, Духот на Вистината, ќе ве упати во сета вистина, зашто нема да зборува Сам од Себе, туку ќе зборува за она што го слуша, и ќе ви навести за нештата што ќе дојдат“ (Јован 16:13).
* <u>Нановораѓање / раѓање одозгора</u>
Светиот Дух има улога и за нехристијаните исто така. Тој ги уверува срцата на луѓето за Божјата вистина дека се грешни и дека им е потребна Неговата прошка; за праведниот Исус, Кој умре наместо нас за нашите гревови и за Божјата осуда над светот и оние кои не Го познаваат Него ( Јован 16:8-11). Светиот Дух му зборува на нашето срце и нашиот ум да се покаеме и да се свртиме кон Бог и од Него да побараме прошка и нов живот.
 
Исус во Јован 3:3, рече: „Вистина, вистина, ти велам, ако некој не се роди одозгора, тој не може да го види Божјото Царство.“ Значи, ако Светиот Дух не нѐ регенирира т.е. не нѐ трансформира духовно, ние нема да бидеме спасени. Исус намерно користи аналогија на раѓање, бидејќи како што не можеме да влијаеме врз нашето физичко раѓање, исто така не можеме да влијаеме и врз нашето духовно раѓање. Значи, мора да ти се случи нешто, што ти самиот не можеш да го направиш, ниту пак да допринесеш нешто за тоа. Е сега, Исус го опиша нановораѓањето како „раѓање од вода и Дух“. Тука Исус не мисли на буквална вода, туку на потребата за „очистување“ (Езекиел 36:24-27). Кога водата се користи фигуративно во Стариот Завет, вообичаено се однесува на обнова или духовно чистење, особено кога се користи во комбинација со „дух“ (Броеви 19:17–19; Псалм 51:9-10; Исаија 32:15; 44:3–5; 55:1–3; Еремија 2:13; Јоил 2:28–29). Таа водена бања се однесува на Словото Божјо: Ефесјаните 5:26: „за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку словото.“; Тит 3:5: „Тој нѐ спаси, но не според из­вр­ше­ни­те од нас праведни дела, туку по Сво­јата милост, преку бањата на преродување (Во Јаков 1:18 и 1 Петар 1:23 гледаме дека преродувањето е преку Божјото Слово, така што може да се напише вака: „...преку бањата на Божјото Слово...“) – и обновувањето од Светиот Дух.“ Новораѓањето е суверено дело на Светиот Дух, во кое Тој те пресоздава - ти дава ново срце, нов ум, нов карактер т.е. нова природа и се вселува во тебе. И ти, како ново создание, оспособен си и потпомогнат од Светиот Дух, да го живееш христијанскиот живот. И ако навистина си новороден, твоите мисли, желби, мотиви, цели и дела ќе бидат богоугодни (според Божјата волја) и твојот живот ќе го живееш за Божја слава. Новородениот човек, го љуби тоа што Бог го љуби, а го мрази тоа што Бог го мрази.
 
* <u>Утешител</u>
 
Јован 14:16: „Јас ќе Го помолам Отецот, и Тој ќе ви даде друг Утешител за да биде со вас довека“ - Зборот што е преведен како „утешител“, е старогрчкиот збор „параклетос - παράκλητος“, што буквално значи: „оној, кој е повикан напомош; рамо до рамо“. Некаде е преведен како „помошник“, а тоа е едно од неговите значења. Во овој стих, интересен е и зборот „друг“. Во старогрчкиот јазик има два збора кои често се преведуваат како „друг“. Тоа се зборовите „хетерос - ἕτερος“ и „алос - ἄλλος“. Понекогаш Библиските автори ги користат овие зборови наизменично, но понекогаш тие го користат зборот „хетерос“ за да означат „друг од различен вид“, а зборот „алос“ за да означат „друг од исти вид“. „Алос“ е зборот што Исус го искористи за да го опише Светиот Дух. Со други зборови Тој вели: „Ќе дојде Еден, Кој е од истата суштина како Мене“.
 
* <u>Ни овозможува да ја осознаеме вистината</u>
 
Јован 14:17: „Духот на вистината, Кого светот не може да Го прими, зашто не Го виде, ниту Го познава; а вие Го познавате, зашто во вас е и во вас ќе биде.“ - Без Светиот Дух, ниту еден човек не може да ја спознае и разбере вистината. Академските умови во тоа време, дојдоа до заклучок дека Исус е од ѓаволот, иако со свои очи ги гледаа Неговите дела, ги слушаа Неговите зборови и вистината што ја збореше, ја гледаа Неговата безгрешност, го имаа Стариот Завет во кој се зборува за Него и го гледаа како ги исполнува пророштвата запишани во Стариот Завет. Светот не ја прима пораката на Исус, па затоа не ја прими и кога Светиот Дух се симна врз учениците Христови на Пентакост. Тие велеа дека учениците се пијани (Дела Ап. 2).
 
1 Коринтјаните 2:14: „Телесниот човек не го прима она што е од Божјиот Дух: за него тоа е без­умство; и не може да го разбере, зашто тоа треба со помошта на Духот да се испита.“ Преку разјаснувањето на Словото, Светиот Дух ги снабдува верниците со капацитет за спознавање на божествената вистина, додека пак неверниците (духовно мртвите) не можат да ја разберат. Но, тоа не значи дека верниците знаат сѐ (Второзаконие; Повторени закони 29:29(28)), дека не им се потребни учители (Ефесјаните 4:11-12) или дека не треба да се трудат за да растат во знаењето (2 Тимотеј 2:15).
 
* <u>Го овозможува Христовото присуство кај верниците</u>
 
Јован 14:18-19: „Нема да ве оставам сираци; ќе дојдам кај вас. Уште малку и светот веќе нема да Ме гледа; а вие ќе Ме гледате...“ - Исус следниот ден умре, па ги кажа овие зборови за да ги увери Своите ученици дека ќе можат да сметаат на Неговото присуство после Неговата смрт. Со тоа Тој грантираше дека ќе воскресне. Но, Неговото ветување: „ќе дојдам кај вас“ има пошироко значење. Точно дека после Своето воскресение Тој се виде со учениците, но контекстот укажува на нешто повеќе: Неговото духовно присуство кај секој еден верник, преку агенцијата на Светиот Дух. Мистеријата на тројството: Светиот Дух живее во нас (2 Тимотеј 1:14), Христос е во нас (Колосјаните 1:27), Бог пребива во нас (1 Јован 4:12).
 
* <u>Ќе го изобличи светот за грев, правда и суд</u>
 
Јован 16:8-11: „А Тој, кога ќе дојде, ќе го изобличи светот за грев, и за правда, и за суд: за грев – дека не веруваат во Мене; за правда – оти Јас си одам кај Својот Отец, и веќе нема да Ме видите; а за суд – зашто кнезот на овој свет е осуден.“ '''А Тој, кога ќе дојде''' - доаѓањето на Светиот Дух на Педесетница, се случи одприлика 40 или повеќе дена од овој момент (види Дела 2:1-13). '''Изобличи''' - овој старогрчки збор „елегчо - ἐλέγχω“ има две значења: 1) судското дело на осуда, со цел да се изрече казна; и 2) дело на убедување. Тука станува збор за втората идеја, бидејќи целта на Светиот Дух не е осуда, туку убедување за потребата од Спасителот. Бог Синот е Тој, којшто ја извршува пресудата, заедно со Бог Таткото (Јован 5:22,27,30). Во Јован 16:14, се вели дека Светиот Дух ќе ја открие Христовата слава на Неговиот народ. Тој исто така ќе го инспирира пишувањето на Новиот Завет, водејќи ги апостолите да го напишат, и ќе ги открие „нештата што ќе дојдат (иднината)“, преку Новозаветните пророштвата (Јован 16:13). '''Грев''' - тука е употребена еднинска форма, така што, укажува на специфичен грев. А тој грев е да не веруваме во Исус како Месија и Божји Син. Иако сите луѓе се расипани и проколнати поради нивното кршење на Божјиот закон, и заслужено се осудени на пекол, сепак нивната нежелност да веруваат во Господ Исус Христос како Спасител е она што ја запечатува нивната судбина во пеколот (види Јован 8:24), бидејќи само преку вера во Христа, Бог може да му ги прости гревовите на грешникот, а истовремено да остане праведен. 2 Коринтијаните 5:21: „Зашто Оној, Кој не знаеше грев, Бог за нас Го направи грев, та преку Него да станеме праведност Божја.“ Со други зборови, Бог Таткото го третираше Бог Синот (Исус Христос) како да ги извршил сите гревови што некогаш ги извршиле сите вистински верници (старозаветни и новозаветни), а Неговата праведност им ја препишува на нив. Така што, само преку вера во Исус Христос, Бог може праведно да ни ги прости гревовите и да не нѐ осуди на пекол, бидејќи Христос ја плати казната за гревовите на сите вистински верници. '''Правда''' - целта на Светиот Дух тука, е да ги разбие претензиите за самоправедност (лицемерие), разоткривајќи ја темнината на срцето (Јован 3:19-21; 7:7; 15:22,24). Додека Исус беше на земјата, Тој ја извршуваше оваа задача, особено кон плиткоста и празнината на јудаизмот, кој се беше дегенерирал во легалистички режим без живототворна реалност (на пример: Јован 2:13-22; 5:10-16; 7:24; Исаија 64:5-6). Откога Исус отиде кај Таткото, Светиот Дух си продолжи да си ја врши оваа служба. '''Суд''' - во контекстов, станува збор за расудувањето на светот, кој е под контролата на Сатаната. Пресудите на светот се слепи, погрешни и злобни, како што и беше докажано во нивната пресуда за Христа. Светот не може да направи праведна пресуда (Јован 7:24), но Духот Христов може (Јован 8:16). Сите убедувања на Сатаната се лаги (Јован 8:44-47), а Духот ги убедува луѓето за нивната погрешна пресуда во врска со Христос. Сатаната, владетелот на светот (Јован 14:30; Ефесјаните 2:1-3) кој, како бог на овој свет, го изопачи светскиот суд и ги сврти луѓето да не веруваат во Исус како Месија и Божји Син (2 Коринтјаните 4:4), беше поразен на крстот. Додека Христовата смрт изгледаше како најголема победа на Сатаната, тоа всушност беше уништувањето на Сатаната (сп. Колосјаните 2:15; Евреите 2:14-15; Откровение 20:10). Духот ќе ги доведе грешниците кон вистината.
 
* <u>Открива, инспирира и разјаснува</u>
 
1 Коринтјаните 2:9-16: „Но, како што е напишано: ,Она што око не видело, уво не чуло, ниту на чо­век на ум му дошло, тоа Бог го пригот­вил за оние кои Го љубат.‘ А нам, пак, ни го откри тоа Бог преку Својот Дух, зашто Духот продира во сѐ, па дури и во длабочините Божји. Бидејќи, кој човек знае што има во човекот, освен човечкиот дух кој живее во него? Па така и Божјото не го знае никој, освен Божјиот Дух. Но ние не го примивме духот од овој свет, туку Духот Кој доаѓа од Бога, за да го знаеме она што ни е дарувано од Бога; па тоа и го проповедаме не со збо­рови научени од човечка мудрост, туку научени од Светиот Дух: толкувајќи го она што е духовно со духовни поими. Телесниот човек не го прима она што е од Божјиот Дух: за него тоа е без­умство; и не може да го разбере, зашто тоа треба со помошта на Духот да се испита. Духовниот, пак, човек испитува сѐ, а него никој не може да го испитува. Зашто, кој го спознал умот Гос­по­дов, та да го објасни? А ние имаме ум Христов.“ - Овие зборови од Исаија 64:4, се однесуваат на мудроста која Бог ја подготвил за верниците. Божјата вистина не може да се открие со око или со уво (објективни, емпирски докази), ниту пак може да се открие со ум (субјективни, рационални заклучоци). Мудроста што спасува ни ја открива Бог, а човековата мудрост не може да ја знае. Тој прави таа мудрост да биде спознаена, преку откровение, инспирација и разјаснување. Откровението (1 Коринтјаните 2:10-11) и инспирацијата (1 Коринтјаните 2:12-13) им беа дадени на писателите на Библијата, а разјаснувањето (1 Коринтјаните 2:14-16) им се дава на сите верници кои сакаат да ја спознаат и разберат напишаната божествена вистина. Светиот Дух ги извршува овие три служби (2 Петар 1:21). '''Ни го откри тоа Бог''' - преку Светиот Дух, Бог ја обелоденил Својата спасоносна вистина (сп. Матеј 11:25; 13:10-13). Само Духот беше квалификуван за таа работа, затоа што Тој знае сè што знае Бог, а и Самиот Тој е Бог. '''Но ние...она што ни е дарувано''' - ова се однесува на апостолите и на другите писатели на Божјиот Збор. Значи, Бог, преку инспирација (2 Тимотеј 3:16; 2 Петар 1:20-21), бесплатно им го дарувал Својот Збор. Токму овој процес на инспирација ги претвори духовните мисли во духовни зборови (1. Коринтјаните 2:13) кои даваат живот (сп. Матеј 4:4). '''Телесниот човек''' - ова се однесува на необратените, на кои им недостасува натприроден живот и мудрост. '''Треба со помошта на Духот да се испита''' - преку разјаснувањето на Словото, Светиот Дух ги снабдува верниците со капацитет за спознавање на божествената вистина (види Псалм 119:18), додека пак неверниците (духовно мртвите) не можат да ја разберат (сп. Јован 5:37-39; 1 Јован 2:20-21,27). Но, тоа не значи дека верниците знаат сѐ (Второзаконие; Повторени закони 29:29(28)), дека не им се потребни учители (Ефесјаните 4:11-12) или дека не треба да се трудат за да растат во знаењето (2 Тимотеј 2:15). '''А него никој не може да го испитува''' - очигледно, неверниците можат да ги препознаат грешките и недостатоците на христијаните, но тие не се способни да ја проценат сопствената вистинска природа, како што можат духовните луѓе кои се претворени во Божји деца (сп. 1 Јован 3:2). '''Ум Христов''' - цитат од Исаија 40.13. Истиов збор „ум (νοῦς)“ е искористен во 1 Коринтјаните 14:14-15,19. На верниците им е дозволено, преку Словото и Духот, да ги знаат мислите на Господ (сп. Лука 24:45).
 
* <u>Автор на Словото</u>
 
2 Тимотеј 3:16: „Целото Писмо е од Бога вдахновено...“ - значи целата Библија (66-те книги) е од Бога вдахновена. Понекогаш Бог, на Библиските писатели, им ги кажувал точните зборови што требале да ги кажат (пр: Еремија 1:9), но почесто ги користел нивните умови, вокабулари и искуства за да произведе Свој совршен, непогрешлив, безгрешен збор (Евреите 1:1; 2 Петар 1:20-21). Бог, е толку идентификуван со Својот Збор, што кога зборува Светото Писмо, всушност Бог зборува (Римјаните 9:17; Галатјаните 3:8). Светото Писмо е наречено „Божјите објавувања“ (Римјаните 3:2). Светото Писмо не може да биде изменето (Јован 10:35; Матеј 5:17-18; Лука 16:17; Откровение 22:18-19)
 
2 Петар 1:20-21: „Знајте го прво тоа дека ниедно про­рош­тво од Писмото не е сопствено кажување на пророкот. Зашто никогаш според човечката волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале поттикнати од Светиот Дух.“ - повик за да се препознае дека целото Свето Писмо, не е од човечко потекло. Зборот што е преведен како „кажување (толкување)“, е старогрчкиот збор „епилусис - ἐπίλυσις“, што го носи значењето за „одврзување“, така што, сака да се каже дека Светото Писмо не е резултат на некое човечко суштество, кое ја „одврзува“ вистината. Поентата на Петар не се однесува толку на толкувањето на Светото Писмо, туку на потеклото и изворот на Светото Писмо. Лажните пророци ги одврзувале своите сопствени идеи, но ниту еден дел од Божјото откритие не беше откриенo од човечки извор или од самостојното разбирање на пророкот. Како што Светото Писмо не е од човечко потекло, тоа не е ниту резултат од човечката волја. Ниту еден дел од Светото Писмо не било произведено бидејќи луѓето така сакале. Библијата не е производ на човечки напор. Всушност, пророците, понекогаш го пишувале она што не можеле целосно да го разберат (1 Петар 1:10-11), но сепак биле верни да го напишат она што им го открил Бог. Тие постојано биле носени од Светиот Дух (Лука 1:70; Дела 27:15,17). Така што Светиот Дух е божествениот Автор, Основач и Продуцент на Светото Писмо. Само во Стариот Завет, човечките писатели преку 3800 пати се осврнуваат кон своите списи како зборови на Бога (на пр: Еремија 1:4; сп. 3:2; Римјаните 3:2; 1 Коринтјаните 2:10). Иако човечките писатели на Светото Писмо биле активни, а не пасивни во процесот на пишување на Писмото, Бог Духот ги надгледувал, така што, користејќи ги нивните сопствени индивидуални карактери, мисловни процеси и вокабулари, тие ги составувале и запишувале без грешки, точните зборови што Бог ги посакувал запишани. Затоа, оргиналните копии од Светото Писмо се инспирирани т.е. боговдахновени и без грешка (Јован 10:34-35; 17:17; Тит 1:2). Значи, Петар го дефинираше процесот на инспирација, што создал безгрешен оригинален текст (сп. Изреки 30:5; 1 Коринтјаните 14:36; 1 Солунјаните 2:13).
 
Јован 14:26: „А Утешителот, пак, Духот Свети, Кого што Отецот ќе Го испрати во Мое име, Тој ќе ве научи на сѐ и ќе ви на­помни за сѐ што сум ви зборувал.“ - Светиот Дух ги напојуваше срцата и умовите на апостолите, помагајќи им да го произведат Новозаветното Писмо. Учениците многу работи не успеаја да разберат за Исус и Неговото поучување, но заради ова натприродно дело, тие дојдоа до безгрешно и точно разбирање за Господ и Неговото дело, и го запишаа во Евангелијата и остатокот од Новозаветното Писмо.
 
=== Плодовите на Светиот Дух ===
Галатјаните 5:22-23: „А плодот на Духот е: љубов, радост, мир, долготрпеливост, љубезност (благост), добрина, верност, кроткост, самоконтрола.“ - Ова се побожни карактеристики на оние кои вистински му припаѓаат на Бог преку вера во Христа и кои го поседуваат Духот Божји.
 
'''Љубов''' - тука е употребен зборот „агапе - ἀγάπη“, што претставува љубов која одлучува да љуби. Ваквата љубов не се однесува на емоционална наклонетост, физичка привлечност или семејна врска, туку на почит, посветеност и наклонетост која води кон доброволно и пожртвувано служење (Јован 15:13; Римјаните 5:8; 1 Јован 3:16-17).
 
'''Радост''' - станува збор за радост која се темели на непроменливите божествени ветувања и вечните духовни реалности. Тоа е чуството на благосостојба што го доживува вистинскиот верник, бидејќи знае дека преку жртвата на Исус Христос, е оправдан пред Бог (1 Петар 1:8-9). Ваквата радост не е резултат на поволни околности, па дури и се јавува кога тие околности се најболни и најтешки (Јован 16:20–22). Радоста е дар од Бога, и како таква, верниците не треба да ја произведуваат, туку да уживаат во благословот што веќе го поседуваат (Римјаните 14:17; Филипјаните 4:4).
 
'''Мир''' - станува збор за внатрешниот мир што произлегува од довербата во спасителната врска со Исус Христос. Исто како и радоста, мирот не е поврзан со околностите (Јован 14:27; Римјаните 8:28; Филипјаните 4:6–7,9).
 
'''Долготрпеливост''' - претставува способност да се издржат повредите нанесени од други луѓе, како и подготвеност да се прифатат иритирачки и болни ситуации (Ефесјаните 4:2; Колосјаните 3:12; 1 Тимотеј 1:15–16).
 
'''Љубезност''' - претставува нежна грижа за другите, што се изразува во нашата желба нежно да се однесуваме кон други луѓе, исто како што Господ се однесува кон верниците (Матеј 11:28–29; 19:13-14; 2 Тимотеј 2:24).
 
'''Добрина''' - станува збор за морална и духовна извонредност, која се манифестира со активна љубезност (Римјаните 5:7). На верниците им е заповедано да служат како пример за добрина (Галатјаните 6:10; 2 Солунјаните 1:11).
 
'''Верност''' - претставува лојалност и доверливост (Летописи 3:22; Филипјаните 2:7–9; 1 Солунјаните 5:24; Откровение 2:10).
 
'''Кроткост''' - претставува смирен и нежен став, кој трпеливо ги издржува сите навреди и нема желба за одмазда. Во Новиот Завет, овој збор се користи и при опишувањето на три ставови: потчинување кон волјата Божја (Колосјаните 3:12), покорливо прифаќање на Словото, имплементирајќи го тоа што го пишува во него (Јаков 1:21) и имање обѕир кон другите луѓе (Ефесјаните 4:2).
 
'''Самоконтрола''' - претставува воздржливост од страсти и нагони (1 Коринтјаните 9:25; 2 Петар 1:5–6).
 
=== Дарбите на Светиот Дух ===
1 Коринтјаните 12:8-10: „Зашто, на еден му се дава преку Ду­хот да зборува со мудрост, на друг – да зборува знаење, преку истиот Дух; на еден – вера, преку истиот Дух; на друг – дарби за лекување, преку истиот Дух; на друг – чудотворства, на друг – да пророкува, на друг – да ги разликува ду­ховите, на друг – разни јазици, на друг – да толкува јазици.“
 
'''Зборување со мудрост''' - „зборува“ означува дар за говорење (1 Петар 4:11). Во Новиот Завет, „мудроста“ најчесто се користи за: способност да се разбере Божјиот Збор и Неговата волја, и вешто да се примени тоа разбирање во животот (сп. Матеј 11:19; 13:54; Марко 6:2; Лука 7:35; Дела 6:10; Јаков 1:5; 3:13,17; 2 Петар 3:15).
 
'''Зборување знаење''' - овој дар можеби бил откровителен во 1 век по Христа, но денес претставува способност да се разбере и да се зборува Божјата вистина, со увид во тајните на Неговиот Збор, што не можат да се осознаат без Божјото откровение (Римјаните 16:25; Ефесјаните 3:3; Колосјаните 1:26; 2:2; 4:3; сп. 1 Коринтјаните 13:2). Знаењето се однесува на разбирањето на значењето на вистината, додека пак мудроста, го нагласува практичното убедување и спроведување.
 
'''Вера''' - оваа е различна од спасителната истрајна вера, која ја поседуваат сите вистински верници. Овој дар се однесува на способност за упорна молитва и издржливост при застапување, заедно со силна доверба во Бога среде тешки околности (сп. Матеј 17:20).
 
'''Дарби за лекување''' - привремен знаковен дар, користен од страна на Христос (Матеј 8:16-17), апостолите (Матеј 10:1), седумдесетте (Лука 10:1) и неколку соработници на апостолите, како на пример Филип (Дела 8:5-7). Оваа способност била идентификувана како подарок што им припаѓал на апостолите (сп. 2 Коринтјаните 12:12). Иако христијаните денес го немаат дарот на исцелување, сепак Бог сѐ уште ги слуша и одговара на верните молитви на Неговите деца (Јаков 5:13-16). Некои луѓе сметаат дека исцелувањето треба да биде вообичаено и очекувано во секоја ера, но работите не стојат така. Физичките исцелувања се многу ретки низ Стариот Завет. Само неколку се запишани. Пред Христа, исцелувањата никогаш не биле вообичаени. Само за време на Неговиот живот и животите на апостолите, имало вистинска експлозија на исцелувања. Ова се должеше поради специфичната потреба да се акредитира Месијата и да се докаже автентичноста на првите чуда од евангелието. Исус и Неговите апостоли, привремено ги искоренија болестите од Палестина, но тоа беше највеличествената ера на искупителната историја, па затоа и беше потребна таква автентикација. Да се нормализира исцелувањето, значи да се нормализира доаѓањето на Спасителот. Овој дар, припаѓаше на знаковните дарови само за таа ера. Даровите за исцелувања никогаш не биле користени само за да донесат физичко здравје на луѓето. Павле беше болен, но никогаш не се исцелува самиот себеси или не замоли друг човек да го исцелува. Неговиот пријател Епафродит беше близу смртта (Филипјаните 2:27), но Павле не го исцели. Бог интервенираше. Кога Тимотеј беше болен, Павле не го исцели, туку му рече да пие по малку вино (1 Тимотеј 5:23). Павле го остави Трофим болен во Милит (2 Тимотеј 4:20). Исцелувањата не беа секојдневна норма во службата на Павле, но се случуваа кога тој ќе влезеше во некој нов регион, на пример во Малта, каде што на евангелието и проповедникот на евангелието им беше потребна автентикација (Дела 28:8-9). Тоа исцелување беше првото што е спомнато, откога беше исцелен човекот во Листра (Дела 14:9), во врска со тамошното доаѓање на Павле и евангелието. Пред тоа, временски најблиското исцелување беше од страна на Петар (Дела 9:34), и воскресението на Тавита (Дела 9:41), со цел луѓето да поверуваат во евангелието што го проповедаше Петар (Дела 9:42).
 
'''Чудотворства''' - овој привремен знаковен дар, претставувал божествено дело спротивно на природата, за да нема објаснување за дејствието и да се заклучи дека тоа е извршено со Божја сила. Ова, исто така, требаше да ја докаже автентичноста на Христос и апостолските проповедници на евангелието. Јован 2:11 забележува дека Исус го направил Своето прво чудо во Кана, за да ја покаже Својата слава, а не за да ја зачини забавата (види ја целта на Јован за запишување на чудата на Исус во ова евангелие, Јован 20:30-31). Дела 2:22, потврдува дека Исус правеше чуда за да просведочи дека Бог работи преку Него, за луѓето да веруваат во Него како Господ и Спасител. Исус правеше чуда и исцелуваше само во текот на трите години од Својата служба, а не во претходните 30 години. Неговите чуда започнаа кога започна Неговата служба. Иако Исус правеше чуда поврзани со природата (направи вино од вода, создаде храна, чекореше по вода со Петар, се вознесе), за ниту еден апостол никогаш не е соопштено дека направил чудо во природната сфера. Какви чуда правеа апостолите? Одговорот е во самиот збор „чудотворства (δύναμις)“ што значи „сила“, и честопати е поврзан со истерување на демони (Лука 4:36; 6:18; 9:42). Токму таа моќ им ја дал Господ на учениците (Лука 9:1; 10:17-19; сп. Дела 6:8; 8:7; 13:6-12).
 
'''Пророкување''' - значи отворено зборување или јавно прокламирање. Некаде во средниот век, на ова значење била додадена конотацијата на предвидување. По комплетирањето на Светото Писмо, пророштвото веќе не било средство за ново откровение, туку било ограничено на прогласување на веќе откриеното во пишаниот Божји Збор. Дури и Библиските пророци биле проповедници, објавувачи на Божјата вистина, и преку откровение и преку повторување на веќе објавениот и пишан Божји Збор. Пророците од Стариот Завет, како Исаија, Еремија и Езекиел, цел живот го поминале прокламирајќи го Божјиот Збор. Само релативно мала количина од она што го проповедале, е заведено во Библијата како директно откривение од Бога. Тие постојано ги повторувале и потенцирале веќе запишаните вистини, исто како што и проповедниците денес го повторуваат, објаснуваат и потенцираат веќе објавениот и пишан Божји Збор во Светото Писмо. Најдобрата дефиниција за овој дар е дадена во 1 Коринтјаните 14:3. Важноста на овој дар е дадена во 1 Коринтјаните 14:1,39. Неговата надмоќ над другите дарови, особено над јазиците, е темата на 1 Коринтјаните, 14-та глава. Види 1 Солунјаните 5:20-22 и Откровение 19:10.
 
1 Коринтјаните 14:3: „Кој, пак, пророкува, тој им зборува на луѓето за надградување, охрабрува­ње и утешување.“ - драматичен контрас со лудницата на фалсификуваните јазици беше дарот на искреното пророкување или проповедање на вистината. Овој дар произведува надградување во вистината, охрабрување на верниците да бидат послушни и утеха при неволји - она што Бог го посакуваше за Својата црква. Духовните дарови се секогаш во корист на другите, никогаш за себе.
 
1 Коринтјаните 14:1,39: „Стремете се кон љубовта; рев­нувај­те за духовните дарови, а осо­бено да пророкувате...И така, браќа, настојувајте да пророкувате, но не забранувајте да се збо­рува и на други јазици.“ - овој духовен дар беше пожелен во животот на црквата, за да служи на начин на кој не можат јазиците, имено, со поучување на целата црква (1 Коринтјаните 13:5). Легитимните јазици беа ограничени по намена и во траење, но сè додека овој дар беше сè уште активен во раната црква, тој не требаше да се попречува. Но, пророштвото беше најпосакуваниот подарок што требаше да се искористи, заради неговата способност да ја поучува, поттикнува и утешува црквата со вистината (1 Коринтјаните 14:3).
 
1 Солунјаните 5:20-22: „Пророштвата не ги омаловажувај­те! Сѐ испитувајте, за доброто држете се! Клонете се од секакво зло!“ - пророштвата може да се однесуваат на изговорено откровение од Бога (сп. Дела 11:27-28; 1 Тимотеј 1:18; 4:14), но најчесто се однесуваат на пишаниот Збор во Светото Писмо (сп. Матеј 13:14 ; 2 Петар 1:19-21; Откровение 1:3; 22:7,10,18-19). Овие „пророштва“ се авторитативни пораки од Бога, кажани преку добро познат говорник за Бога, кои, заради нивното божествено потекло, не треба да се третираат лесно. Кога се проповеда или се чита Божјиот Збор, тоа треба да се прими со голема сериозност. Овој повик за внимателно испитување и разликување, е одговор на заповедта „да не ги омаловажуваме пророштвата“. Никогаш не треба да се омаловажи прогласувањето на Божјото Слово, туку внимателно да се испита проповеданиот збор (сп. Дела 17:10-11). Она што ќе се открие како „добро“ треба да се прифати со сето срце, а она што е „злобно“ и небиблиско, треба да се избегнува.
 
'''Разликување духови''' - Сатаната е голем измамник (Јован 8:44) и неговите демони ја фалсификуваат Божјата порака и дело. Христијаните со дар на проникливост имаат од Бога дадена способност да препознаваат лажни духови и да идентификуваат измамничка и погрешна доктрина (сп. Дела 17:11; 1 Јован 4:1). Павле ја илустрираше употребата на овој дар во Дела 16:16–18, а Петар го искористи тој дар во Дела 5:3. Кога овој дар не се користел во Коринтјанската црква, се случувало сериозно нарушување на вистината (види 1 Коринтјаните 12:3; 14:29). Иако дејствувањето на дарот е променето од апостолското време, заради комплетирањето на Светото Писмо, сепак е од суштинско значење да има луѓе во црквата кои се проникливи. Тие се чуварите, кои ја штитат црквата од демонски лаги, лажни доктрини, изопачени култови и телесни елементи. Потребно е трудољубиво проучување на Словото, за да може да се искористи дарот на проникливост (разликување духови), како и другите дарови на мудрост, знаење, проповедање и поучување. Види 1 Солунјаните 5:20-22.
 
'''Зборување на разни јазици''' - овој привремен знаковен дар, користејќи ги вообичаените зборови за зборување на странски јазик и за преведување на истиот, беше со цел да ја докаже автентичноста на вистината и на оние кои ја проповедаа (за иста цел беа исцелувањата и чудотворствата). Овој вистински дар беше јасно идентификуван во Дела 2:5-12 како дар на јазици, кои го потврдија евангелието како божествено. Но, заради нивните фалсификати во културата, тие беа непропорционално возвишени и сериозно злоупотребени во Коринт. Тука Павле ги идентификуваше, но во 1 Коринтјаните 14 детално ги објаснува.
 
Дела 2:1-12: „Кога дојде денот Педесетница, сите апостоли беа заедно и на исто мес­то. Тогаш ненадејно се создаде шум од небото, како силен ветар кога дува, и ја исполни целата куќа, каде што седеа. И им се јавија јазици како од пламен, кои се разделуваа и се спуштија по еден над секого од нив посебно. И сите се исполнија со Дух Свети, и почнаа да зборуваат на други јазици, онака како што им даваше Духот Свети да изговараат. Тогаш во Ерусалим имаше Јудејци, побожни луѓе, од секој народ под не­бо­то. Кога се создаде тој екот, народот кој се насобра многу се збуни, бидејќи секој ги слушаше како зборуваат на неговиот сопствен јазик. И сите вџашени и восхитени, гово­реа: ,Овие што зборуваат, зар не се сите Галилејци? Па како тогаш слушаме како секој од нив зборува на нашиот мајчин јазик? Парти, Мидијци, Еламити и жи­те­лите од Месопотамија, Јудеја и Ка­па­до­кија, од Понт и Азија, Фригија, Памфилија, од Египет и од краиштата на Либија покрај Киринеја, па и привремено дојдените Римјани. Како ние Јудејците, така исто и придојдените, Критјани и Арапи, еве слушаме како тие зборуваат за го­лемите дела Божји на нашите јазици?‘ Сите се чудеа и во недоумение си зборуваа еден со друг: ,Што ли ќе биде ова?‘“ - '''Денот Педесетница''' - „Педесетница“ значи „педесетти“ и се однесува на Празникот на Седмиците (Излез 34:22-23) или на Празникот на Жетвата (Левитска 23:16), што се славеше 50 дена по Пасхата во мај / јуни (Левитска 23:15-22). Тоа беше еден од трите годишни празници, за кои нацијата требаше да дојде во Ерусалим (Излез 23:14-19). На Педесетница беа принесувани првите плодови (Левитска 23:20). Светиот Дух дојде на овој ден како прв плод од наследството на верникот (сп. 2 Коринтјаните 5:5; Ефесјаните 1:11,14). Оние што беа собрани во црквата тогаш, претставуаа први плодови од целосната жетва на сите верници што ќе следи. '''Исто место''' - горната просторија спомената во Дела 1:13. '''Шум од небото, како силен ветар кога дува''' - споредбата на Лука, ја опиша Божјата постапка на испраќање на Светиот Дух. Ветрот често се користи во Светото Писмо како слика за Духот (сп. Езекиел 37:9-10; Јован 3:8). '''Јазици како од пламен''' - учениците не можеа да ја сфатат значајноста на доаѓањето на Духот, без Господ суверено да илустрира што се случува преку видлив феномен. Како што „шумот од небото, како силен ветар“ беше симболичен, така и огнените пламени јазици не постоеа буквално, туку тоа беа натприродни индикатори (сликовито опишани како оган) кои укажуваа дека Бог го испратил Светиот Дух врз секој верник. Во Светото Писмо, огнот честопати означува божествено присуство (сп. Излез 3:2-6). Божјиот огнен изглед тука, е паралелен со Неговиот изглед во вид на гулаб за време на Исусовото крштавање (Матеј 3:11; Лука 3:16). '''Сите''' - апостолите и 120-те верници (сп. Јоил 2:28-32). '''Се исполнија со Дух Свети''' - за разлика од крштавањето со Духот, што претставува еднократно дело со кое Бог ги става верниците во Неговото тело (види 1 Коринтјаните 12:13), исполнувањето со Духот претставува повторувачка (повеќекратна, постојана) реалност на однесувањето контролирано од Духот, за кое Бог им заповеда на верниците постојано да го одржуваат (Ефесјаните 5:18). Петар, а и многу други од Дела 2, беа повторно исполнети со Духот (на пр: Дела 4:8,31; 6:5; 7:55), па затоа така смело го зборуваа Словото Божјо. Полнотата на Духот влијае врз сите области на животот, а не само на смелото зборување (сп. Ефесјаните 5:19-33). '''Други јазици''' - познати јазици (Дела 2:6; 1 Коринтјаните 14:1-25), а не екстатични (занесени) изговарања. Овие јазици дадени од Духот, претставуваа знак на пресуда за неверниот Израел (1 Коринтјаните 14:21–22). Јазиците, исто така, покажаа дека оттогаш Божјиот народ ќе доаѓа од сите нации, и со тоа го означија преминот од Израел кон Црквата. Зборувањето јазици се случува само уште двапати во Дела Апостолски (10:46 и 19:6). '''Јудејци, побожни луѓе''' - евреи (машки), кои отишле на аџилак во Ерусалим. Тие требало да го прослават Пентакост во Ерусалим, како дел од почитувањето на еврејскиот религиозен календар (Излез 23:14-19). '''Тој екот''' - станува збор за шумот како силен ветар (Дела 2:2), а не звукот на различните јазици. '''Зборуваат на неговиот сопствен јазик''' - додека верниците зборуваа, секој аџија од толпата го препозна јазикот или дијалектот од својата земја. '''Галилејци''' - жители на најруралната област во северен Израел, околу Галилејското море. Галилејските евреи зборувале со посебен регионален акцент и биле сметани за несофистицирани и необразовани, од страна на јужните јудејски евреи. Кога јудејските евреи виделе како галилејските евреи зборуваат на толку многу различни јазици, тие се зачудиле. Следниов список на специфични земји и етнички групи, повторно докажува дека овие изговори биле познати човечки јазици. '''Парти''' - овој народ живеел на територијата на денешен Иран. '''Мидијци''' - во времето на Даниел, тие владееле со Персијците, но се населиле во Партија. '''Еламити''' - тие биле од југозападниот дел на Партското Царство. '''Месопотанија''' - ова значи „меѓу реките“ (Тигар и Еуфрат). Многу Евреи сè уште живееле таму. Тие биле потомци на оние евреи, кои беа во заробеништво и кои никогаш не се вратија во земјата на Израел (сп. 2 Летописи 36:22-23). '''Јудеја''' - целиот регион што некогаш го контролираа Давид и Соломон, вклучително и Сирија. '''Ка­па­до­кија, Понт, Азија, Фригија и Памфилија''' - сите овие беа области во Мала Азија, денешна Турција. '''Египет''' - многу Евреи живееле таму, особено во градот Александрија. '''Либија покрај Киринеја''' - овие области се наоѓале западно од Египет, покрај брегот на Северна Африка. '''Рим''' - главниот град на империјата имаше значително еврејско население, кое датираше од вториот век пред Христа. '''Придојдените (прозелити)''' - незнабошци кои се обратиле во јудаизам. '''Критјани''' - жители на островот Крит, крај јужниот брег на Грција. '''Арапи''' - евреи кои живееле јужно од Дамаск, меѓу Набатејските арапи (сп. Галатјаните 1:17). '''Слушаме како тие зборуваат за го­лемите дела Божји''' - христијаните цитираа од Стариот Завет, што Бог стори за Својот народ (сп. Излез 15:11; Псалм 40:5; 77:11; 96:3; 107:21). Такви пофалби кон Бог честопати се слушале во Ерусалим за време на фестивалите.{{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Христијанство и ислам]]
[[Категорија:Христијански симболи]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Свет_Дух