Томас Ман: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#WPWPMK , #WPWP
#WPWPMK , #WPWP
Ред 26:
== Творештво ==
Пред да се прослави со [[роман]]от „Буденброкови“, Ман пишувал само кратки раскази во [[Импресионизам|импресионистички]] стил. Според неговите зборови: „Сметав дека токму [[Психологија|психолошкиот]] ''shrot story'' беше конечно мојот жанр и не верував дека кога и да било ќе можам и ќе смеам да се зафатам со некаква поголема композиција.“ По преселбата во Минхен, на возраст од 19 години, Ман го напишал својот прв расказ којшто бил објавен во 1894 година во [[Натурализам|натуралистичкото]] списание ''Gesellschaft''. По тој повод, [[Рихард Демел]], еден од тогашните најппознати германски [[Поезија|поети]], му напишал на Ман писмо полно со воодушевување, повикувајќи го на соработка. Потоа, Ман продолжил да објавува во [[Сатира|сатиричното]] списание ''Simplicisimus'', како и во други списанија, а во 1898 година ја објавил првата збирка [[Новела|новели]], со наслов „[[Малиот господин Фридеман]]“. Притоа, главните јунаци во неговите први новели обично се отуѓени, осамени луѓе, со искривена природа. Во нив јасно се гледа дарбата на Ман: прецизен стил, смисла за [[иронија]] и [[хумор]] и способност за впечатливо обликување и на споредните ликови. Во овој период, Ман ја продолжува традицијата на Шторм и Фонтане, но исто така се забележува и влијанието на [[Гете]], како и на француските романсиери и на скандинавските и руските раскажувачи. Најпосле, според сопственото признание на Ман,во неговите рани дела се забележува влијанието на стилот на [[Ниче]] во кого тој гледал не [[философ]], туку уметник, велејќи дека „кој Ниче го сфаќа буквално, кој му верува, тој е изгубен“.<ref>Miloš Đorđević, „Novele Tomasa Mana“, во: Tomas Man, ''Tonio Kreger - Smrt u Veneciji''. Beograd: Rad, 1963, стр. 134-135.</ref>
[[File:Mann, Thomas – Buddenbrooks, 1909 – BEIC 3277013.jpg|thumb|„Буденброкови“ (1909)]]
 
Во 1901 година, Ман го објавил романот „Буденброкови“ којшто станал светска сензација и го прославил младиот автор. Опишувајќи го пропаѓањето на граѓанското [[семејство]], Ман употребил автентични податоци од животот во својот град, но и некои автобиографски моменти. Потоа следувала втората збирка новели „[[Тристан (книга на Томас Ман)|Тристан]]“ (1903) во која се наоѓа и новелата „Тонио Крегер“ која, според неговите зборови, од сè што напишал, му била „најблиска до неговото срце“. Во тој период се појавило и единственото драмско дело на Ман, „Фиренца“, кое повеќе може да се опише како како новела во облик на дијалог отколку како [[драма]].<ref>Miloš Đorđević, „Novele Tomasa Mana“, во: Tomas Man, ''Tonio Kreger - Smrt u Veneciji''. Beograd: Rad, 1963, стр. 135.</ref> Во 1905 година, по повод стогодишнината од смртта на [[Шилер]], Ман ја напишал новелата „[[Тежок час]]“ - мало ремек-дело кое претставува многу субјективна студија за Шилер. Во 1909 година се појавил оптимистичко-шеговитиот роман „[[Кралско височество]]“ во кое на симболичен начин е прикажана кризата на индивидуализмот, а во 1912 година била објавена новелата „[[Смрт во Венеција]]“ која го означува крајот на првиот период од творештвото на Ман. Во меѓувреме, во 1911 година бил објавен фрагмент од „[[Исповедот на измамникот Феликс Крул]]“, т.е. почетокот на романот на којшто Ман се навратил половина век подоцна, иако и тогаш останал недовршен.<ref>Miloš Đorđević, „Novele Tomasa Mana“, во: Tomas Man, ''Tonio Kreger - Smrt u Veneciji''. Beograd: Rad, 1963, стр. 136-138.</ref>