Чеслав Милош: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#WPWPMK , #WPWP
#WPWPMK , #WPWP
Ред 18:
==Животопис==
Милош е роден на [[30 јуни]] [[1911]] во [[Шетејња]], тогаш во рамките на [[Руското царство]], денес во [[Литванија]], починал на [[14 август]] [[2004]] година, во [[Краков]], [[Полска]]. Од 1945 до 1951 година, Милош работел како дипломат, но во 1951 година ги прекинал односите со татковината. Од [[1951]] до [[1989]] година живеел во [[Миграција на луѓе|емиграција]] - до [[1960]] година во [[Франција]], а потоа во [[САД]]. До [[1980]] година, неговото дело во [[Полска]] било забрането од [[цензура]]та. Од [[1961]] до [[1978]] работел како професор по [[словенски јазици]] и литература на Универзитетот на [[Калифорнија]] во [[Беркли]] и на [[Универзитет Харвард|Универзитетот Харвард]]. Во [[1993]] година се вратил во [[Полска]].
[[File:Czeslaw Milosz.jpg|thumb|175px|Милош ]]
 
Добитник е на [[Нобелова награда за литература]] во [[1980]] година. Носител е на звањето „Справедлив меѓу народите на светот“ и носител на Орденот на Белиот орел. Исто така, тој е добитник на Меѓународната награда за литература ''Неустат'' во [[1978]] година. Милош бил член на [[Полска академија на науките|Полската академија на науките]] и на Здружението на полските писатели. Милош почива во Криптата на заслужните во [[Скалка]], [[Краков]].
[[File:Jacek Dehnel collection - Czesław Miłosz i studenci Uniwersytetu Stefana Batorego w Wilnie P-1158 01.jpg|thumb|400x400px|Чеслав Милош, трет ред од горе и четврт од лево, со колеги студенти, [[Стефан Батори универзитет]], [[Вилно]], 1930 година]]