Чеслав Милош: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#WPWPMK , #WPWP
#WPWPMK , #WPWP
Ред 20:
 
Добитник е на [[Нобелова награда за литература]] во [[1980]] година. Носител е на звањето „Справедлив меѓу народите на светот“ и носител на Орденот на Белиот орел. Исто така, тој е добитник на Меѓународната награда за литература ''Неустат'' во [[1978]] година. Милош бил член на [[Полска академија на науките|Полската академија на науките]] и на Здружението на полските писатели. Милош почива во Криптата на заслужните во [[Скалка]], [[Краков]].
[[File:Jacek Dehnel collection - Czesław Miłosz i studenci Uniwersytetu Stefana Batorego w Wilnie P-1158 01.jpg|thumb|400x400px|Чеслав Милош, трет ред од горе и четврт од лево, со колеги студенти, [[Стефан Батори универзитет]], [[Вилно]], 1930 година]]
 
==Творештво==
Милош е најпознатиот претставник на [[Вилна|виленската]] [[авангарда]] и од самиот почеток бил миленик на полската критика и на публиката. Особено е читан и фален неговиот втор том, „[[Три зими]]“ (1936), кој се смета за еден од најсветлите моменти на [[Полска поезија|полската предвоена поезија]]. Притоа, во неговата поезија катастрофичните елементи не се внесени во вид на неодредена фантазмагорична [[бајка]], туку се реално прикажани како составен елемент на тогашниот полски живот. И токму таа публицистичност е едно од најважните обележја на поезијата на Милош. Никој во полската поезија не го отсликал толку силно страдањето за време на окупацијата на [[Полска]]. Неговата книга „[[Спасение (Чеслав Милош)|Спасение]]“ (1945) истовремено претставува поетска осуда на [[војна]]та и споменик на болката, разговор со погинатите другари и порака до идните поколенија. Во тие рамки, циклусот посветен на разурнатата [[Варшава]] е највисокото поетско остварување на Милош. По емигрирањето од Полска, Милош објавил повеќе поетски збирки и неколку [[роман]]и, но многу повеќе бил ангажиран како [[Публицистика|публицист]], памфлетист и полемичар.<ref>''Savremena poljska poezija''. Beograd: Nolit, 1964, стр. 141-142.</ref>